Јас носам исклучиво квалитетни очила за сонце зошто имам проблем со видот и фактички морам да носам квалитетни. Моите се Реј Бан и за мене ми се супер!
Не купувам многу скапи очила за сонце затоа што обично ги губам или ги кршам. Иако знам дека треба да се носат квалитетни очила. Последниве што ги купив се нешто поскапи и демек поквалитетни, па ќе видиме колку ќе издржат.
Едно време носев и јас од обичните... но после некое време дознав еднн мнн мнн убав муабет од еден мој вујко(бог да го прости) Рече:„ да си ги чуваш очите и забите пошто ништо после нема да е слатко и убаво ако изгубиш вид или ако ставиш вештачки заб!!„ Така да јас почнав со тие поскапите ( не некое мнн мнн познато име ми се 1вите кој ми се цели 4 год стари и ништо им се нема десено а ги купив само за 30 евра) ..... а овие ми се поклон од дечко ми и ги сакам најмногу на целиот свет!!!
Не сум фанатик на очила за сонце, така да купувам еден пар во летна сезона и доволни ми се. Марка не купувам затоа што потоа морам да им се притресувам и да ги пазам како очите.Едноставни, да одговараат на обликот на лицето, ефтини(200/300ден) очила и шибај со нив цела сезона!
Не купувам скапи очила за сонце обично гледам да ми се свигат и како ми одговараат на формата на лицето. Премногу сакам очила и секое лето купувам нови.Сега оваа сезона си купив 3 пара едните бели другите розеви на портокалово нешто убава ептен е бојата и црни кои што си ги сакам нај многу. И обично купувам големи,премногу ми се убави и модерни и одговараат на се.
Вакви очила за сонце си носам, бидејќи имам пошироко лице, а ваквите очила прилегаат на овалното лице
Не мора да се од оние најскапите, ама сепак гледам да имаат барем некаква заштита, значи и не се и од најобичните. Моментално вакви имам
Секогаш купувам некои за 400 денари но многу тешко наоѓам очила бидејќи имам некаков проблем со носот коската ми е надолу или нагоре не разбирам и не ми стојат сите. =) Има очила кои ми висат и сл. инаку некогаш би сакала да купам оригинал бидејќи од ефтиниве ме болат очите и тоа многу =)
Јас си имам Ray-Ban Aviators ги купив 400 мислам ова лето. Имаат црвена рамка и потемни стакла слични се ко овие на сликата но поубави
Јас не носам некоја посебна марка наочари, срце ке ме стегне да фрлам 300 евра на очила, па да ми се скршат после.. Али омилени ми се RaуBan тие со златни оквири и зелено стакло. уф дефинитивно такви во план ми се да си земам
Абе јас сакам очила за сонце, ама јас дека си носам очила за гледање, не носам такви. Шала на страна, многу сакам, ама неможам да носам. Само не сакам овакви: Ма ја во нив би изгледала како атомска мравка.
Мноооогу ретко носам очила за сонце, скоро никогаш. Имам проблем со видот и имам преголем диоптер, така да без очилата за гледање се ми е матно.
Не можам без очила за сонце. Од кога ми ги ширеа зениците на очен лекар пред 10-11 години, не можам на сонце да излезам. За среќа, си најдов едни прекрасни Ray Ban, па сега си немам мака Иако се веќе стари, ги носам скоро 4 години, некако не ми се купуваат други, овие се ептен дел од мене...
Немојте да ги избегнувате очилата за сонце. Многу се значајни за видот. Сега е лесно и ефтино да се направат очила за сонце со диоптер а многу корисно. Или барем тие што ви се со диоптер гледајте да ви бидат HMC или suprema (со UV заштита).