Обавезно! Без нив не излегувам.Плус штитат од штетни сончеви зраци плус одлично изгледаат.Само да се што поголеми така и образите ти изгледаат помали и потаинствен изглед добиваш.
Јас морам да носам очила за сонце за да ги заштитам очите бидејќи имам витилиго за да не направам некој проблем да може од сонцето да се инфицира и да се прошири..инаку сакам да носам очила за сонце ..сепак тие се еден вид моден додадок барем за мене
Обожавам очила за сонце, а најмногу ми се допаѓаат овој модел Имам дома такви и многу ги сакам. Исто така ги сакам и оние големите, ама за жал имам многу мало лице па можете да ме замислите.
Без наочари нема шанси да излезам од дома. И не само на сонце туку и кога е малку облачно (бидејќи и преку облаци има ув зрачење). Купувам исклучиво со заштита и квалитетни и супер е кога не мораш да мижуркаш од што ти пречи светлината.
Обавезно се со мене наочарите, првенстевно поради заштита а потоа како моден додаток без кој неможам... Сега засега сум со РејБан и не планирам да ги менувам
никако бес нив,обавезно се секогаш со мене,последните во моја колекција се Гучи и богами нема да ги менам уште долго,
Мој постојан придружник, каде и да сум. Ама за жал често ги менувам. Многу сум баксуз за очила за сонце. Или ги кршам, или ги наседнувам, или ги губам или ми ги крадат. Имав едни Gucci и едни Ray Ban у животов, убави, преубави, и ојдоа Затоа повеќе не ми се експериментира со вакви скапотии. Актуелно имам два пара, не се ептен шкарт, едните си ги купив од кај браќата Французи од Camaieu кои ги носам скоро година дена, а вторите од H&M, за смешна сума. Стаклото солидно, убаво се гледа, ми го одмараат окцево, одговараат на лицево. Па и да ги наседнам нема да ми е криво. А изгледаат гламурозно, а не се ни близу до гламурознине очила од чијашто цена може умот да се сврти. Викам јас, убавината се крие во едноставноста
Многу ми се допаѓаат овие модели на очила но за жал досега немам забележано вакви кај нас... а исто ми се допаѓаат и овие
Не ми е битно дали ќе бидат скапи или ефтини,марка или од битпазар,дали ги носи Анџелина или некој што не вреди 5 пари мене лично ако ми се допаднат како магаре за слама ќе запнам и ќе ги купам
имам и ефтини и реј бен А и искрено не се замарам со тоа дали се некоја марка или не, Ако ми се погодени..не пребирвам
Имам и рејбанки, и едни во боја, виолетови. Многу носам наочари, важно е да ми се погодени, убаво да ми стојат, не е марката важна.
Па важно ми е да ми се очилата квалитетни но секако не би фрлила многу пари за нив... имам неколку пара и си ги менувам по потреба во зависност од тоа што носам... сега брзо гледав едни од прада и ми се допаднаа ептен... намерувам да си ги земам па ќе видиме...
Наочарите ми се ставени на мене уште не излезена од дома. Неможам во лето да замислам дневно излегување без наочари. Дури и кога седам на кафе не ги вадам. ОБОЖАВАМ наочари.