Немам ни Реј ни Меј...хехе...ама имам добри 10 пара наочари и си ги менувам секој ден според облеката..... и тоа сите ми се или од H&M од Тally-Weijl и се до 300 денари....aма ги убивам од носење......
Во секој случај очилата ако не се квалитени и се употребуваат секој ден го уништуваат видот. Порано кога почнав не ми беше тоа многу битно па купував што ке сигнам само се разбира оквирот да ми се допраѓа. Најефтините ми биле 50 ден и ги носев луѓе цело лето додека не им дојде крајот Сега купувам со заштитен ув фактор но сепак не се премногу скапи. Не би дала повеќе од 20е за очила за сонце. Имам премногу можеби преку 30 пара и сметам дека немора да се реј бан или марка за да бидат квалитетни. Има квалитетни очила кој секој може да си ги дозволи, единствено не се маркирани. Мислам дека 70% се плаќа името а не квалитетот!
Јас си носам наочари скоро секогаш..сега имам едни од мама си ги најдов на некоја си марка Елса се...ама многу се убави и се надевам дека ќе си ги служам уште долго
Многу сакам вакви наочари,ги видов летово и сакав да си ги купам ама не ми се даваа некако 100 еу.Но,во план сум да си земам едни асални.
Купувам наочари кои ми се свиѓаат и ми стојат убаво, воопшто не ми е битно дали се 300 денари од бит пазар или 300 евра од RayBan. Битно е да се убави, сега квалитетот не е добар ама ако се убави ќе ги носам колку што можам
Море битно ми е и те како какви се и од кај се.Имам само 2 пара оргинал police се и си ги обожавам.Ако сакаш очите да си ги заштитиш од сонце неможеш со наочари од 200 ден.
Ауф.Абе какво манијачиште сум на очилава за сонце значи WOW! Хахаха секое излегување в чаршија морам да довлечкам дома очила за сонце Имам дома многу модели....и самата незнам колку имам...ама проблем абе многу брзо ги кршам.Иначе многу ми се омилени овие,и ги имам дома и бели и црни закон ми се
Јас не носам! Си имам набиено некој комплекс дека не ми стојат. Пошто имам мало лице и затоа ко мравка сум А неможам да најдам помали броеви.
Носете ли наочари во зима? Имам другарка која и зима носи па постојано се шалиме на нејзина сметка Мене некако ми е глупо јас и лето многу не носам.Глупо ми е вакви убави очи да ги кријам со наочари
Јас и во зима носам, нормално кога има сонце Мене лично многу ми смета светлината, така што ич не ми е гајле некој што ќе помисли.Додуше и не знам зошто би било срамота, постојат зимски колекции на очила за сонце
Практикувам да ги носам кога има сонце, али често ги заборавам. Имам Ray Ban Wayfarer , но место со црвена рамка, со animal print се моите. Сум за поскапи очила, пошо во прашање се очите.
За 1в пат во мојот живот запознав особа на која и се лоши коха носи наочари... вика дека била 1 во милион !!! и и верувам зошто за 2 секунди имање наочари на себе доби нагон на повракање.. инаку носам наочари и во зима ...имањето на светли очи мислам кај сите дека бара потреба од потемни простории и околина...мене светлото мнн ми пречи