Не носам бидејки имам мало лице и личам на мува кога ќе ставам очила за сонце Можеби и не е така можеби ми е само комплекс ама си го врвав в крпче то и готово
летно време не излегувам без нив, а лето и есен ги носам како accessories. инаку имам повеќе облици и бои, само што кога барам некои поголеми многу тешко наоѓа,поубаво ми стојат помалите наочари.
Порано купував секакви, ама ниту едни не се покажаа квалитетни, освен едни што за ефтини пари си ги купив од тој огромниот трговски во Будимпешта. Затоа решив да си направам по порачка. Сама си одбрав рамки, одбрав зелено стакло со 75% затемнетост и диоптер од 0,5 (за далеку). Ги изнаносев последниве 4-5 месеци и уште ги носам. Преубави ми се. И еден совет - не штедете на очила за сонце, со тоа нема играчка. Очи ќе расипете. Никогаш не купувајте од пазарче, не еднаш ми се случило глава да почне да ме боли од такви ефтиноќи. Инаку рамките на моите се нешто вакво
А какви очила купила таа особа ? Пошто има многу неквалитетни очила кои имаат мал диоптер и секако кај многу предизвикуваат вртоглавица, повраќање, чувство како да има дупка пред тебе и сл. Затоа треба да внимаваме какви очила купуваме. Значи гледајте да се полароидни (кои се далеку поефтини од брендираните а го заштитуваат окото и се многу пријатни за носење) или брендирани, ама немојте слепо да верувате дека ако се поскапи се поквалитетни. Инаку кога има сонце (иако е зима) потребно е да се носат очила за сонце и не е глупаво ниту срамота, туку потреба. Секако не треба да се носат кога е облачно па и да е лето
Задолжително си носам секогаш кога имам потреба од нив! Ем убаво стојат, ем ме штитат од сонцето !Без разлика на годишното време, ако надвор има сонце јас обавезно си ги ставам наочарите за сонце, и исто така кога има снег морам да ги носам иако нема сонце бидејќи ме заслепува белината, овааај снегот! Од сонцето ни трага а јас со наочари се шетам , ама што да прам кога морам, оти без очилата ќе ми солзат очите ептен! Обожавам поголемки наочари и од еден модел имам и црни и кафејави бидејќи мислам дека тој е соодветен за моето лице! Не се некои брендирани но засега не сум имала проблем од нивно користење!
Па,во пролет,лето постојано со нив,а зима НЕ.Имам неколку пара а летово си купив 3 пара вакви(двата пара обични,во боја,а другиот пар со цветен принт),ги обожавам.NERDY GLASSES
Малку сум надвор од сезона.....но, налетав на видеово кое ми изгледа како корисно Како да си пронајдете очила според обликот на лицето http://www.youtube.com/watch?v=K9LV7Hv2 ... re=related
Имам неколку пара на очила . Од скапи до најевтини . Сите си ги сакам подеднакво. Најевтините што се не претрпеле и уште си се здрави и живи ))
Не е важно дали се квалитетни или не квалитетни. На лето ако видам некој да ми се допаѓаат одма ги купувам. Дома сум полна со очила.
Ама треба да биде важно дали се квалитетни. Пазариве ни се полни со кинески очила за кои баш во весник имаше статија дека не одговараат на нашата форма на очи. Повеќето очила за сонце имаат диоптер и боли глава кога ги носиш. Не купувајте очила од тезги, одете си во оптика и таму одберете квалитетни. Очи ќе расипете.
Купувам од оние по 500 ден од по тезгине! Па сеа вие одлучете скапи/ефтини?Квалитетни/неквалитетни. Мене супер ми се
Не викам дека теба да се фрлаат стотици евра за наочари,ама наместо 10 различни модели со лошо стакло би си купила барем едни квалитетни...затоа што повеќе се оштетуваат очите отколку што изгледа,па после брчки и сл. Се наоѓаат пристојни наочари со нормални цени. Малку сум пребирлива во однос на моделот,стално си викам што глава букова ќе бев...и многу ми е гњаважа кога купувам.Ама па во секое годишно време ги носам,ми пречи кога е многу светло па неопходно ми е да ги имам во секое време.
Просто речено обожавам очила за сонце. Ги имам многу дома. Летово си купив нови 4 пара реј-бан и им се изнаносев. Не се оригинал рејбан ама поминуваат некако и без тоа. Па што дека не се.. До пред некоја година воопшто не ни носев наочари, ама од минатата година кога им се запнав Сега сакам да си купам вакви ако начекам некаде Или пак вакви
Јас купив во летото наочари бели ама не со затемнето стакло туку <-- како ова стакло Ги купив за 350 ден . Евтини се и не се како другите туку пак ти мава сонце во очите . ама колку да ти се заштитени .. Имам сега Рејбен 2 оригинални ги купив минатото лето инакви се . Спојлер
Квалитетни, сепак за очи се работи.. а за скапи или ефтини не коментирам, кај нас за жал така му доаѓа - да се опрчиш пари за да купиш квалитетно