Имам Ray Ban - едни коцкасти, едни “цајкански’’. Не давам многу пари за наочари, не сакам скапи, зашто голема е веројатноста да ги седнам, да ги згмечам па да ми биде жал ) Иако овие што ги имам не се оригинали, вториве “цајанскиве’’ доживеале многу паѓања и влечење по земја на аеродром (20-тина метри ) и ми се живи и здрави
Јас не сум некоја која умира по очила за сонце!Ги носам но многу ретко ми пречат ептен! Ги сакам овие http://www.dzmitrysamal.com/5dpi.html многу се скапи но некој ако ги виде некаде нека ми пише порака на форумот!
извинете што не сум во согласност со темава, ама сакам да прашам да не знае каде можам да купам во која оптика очила за сонце реј бан ама за поевтино? секаде цените им се различни ...
Мене тешко ми се погодуваат очила зошто имам мало лице. Ама кога ќе си најдам соодветни,толку многу се приврзувам за нив што може да ги носам со години. Инаку обожавам очила,годинава ќе пробам повеќе,сакам да ги имам во сите бои.
Ретко носам, многу ми пречат .. али за на пролет мора да си земам некои убави.. сепак шубе ми е , полна ни е државава со кинеско ѓубре ..
И јас не давам многу пари на очила за сонце. Како што спомнавте погоре, може да ги наседнам или лесно да ми се скршат, па зошто да ги жалам кога можам да си купам исти, само поефтини!? Овие ми се омилени. Исти вакави имам само со сини рачкиЧ И вакви: Секако, не се оригинал!
дали некој може да ми каже каде во градов (скопје) има на попуст брендирани и убави наочари за сонце?
imam ocila za sonce od police so si gi kupiv od optika,mn sum zadovolna,ne mi se zamaraat ocite i premn si gi sakam,gi nosam sekogas..zavisna sum od naocari
Незнам дали прашањево е баш за во темава, али ајде ќе прашам. Значи имам тесно, мало лице (ако ме свативте добро е) И скоро сите наочари што сум ги пробала ми биле големи, а па тие за деца ми се мали, дали знаете какви наочари одговараат на лице како моето што го опишав погоре?
Лето 2011 од црна гора си купив очила за сонце за 2 евра мислев дека за два дена и ке се скршат ама погрешив уште ги чувам и оваа година ќе глумам фраерка низ плажа и у град
Сите наочари што ми се свиѓаат ги носам, безразлика дали се гучи или од шутка ако ми стојат убаво зошто да не?
Не мора секогаш ако е марка и ако е скапо да значи дека е квалитетно и дека на секој убо му стои. Од Хрватска си купив едни ефтинки наочари, а баш тие ми се најомилени. Мислам дека е поубо да имаш поќе пара наочари, отколку да имаш само едни, а да се марка.
Можам да ти кажам само дека треба да пробуваш. Секако бирај ги тие наочари што се потесни. Инаку рамките се во три групи, за деца, тинејџери и возрасни, па барај од тие за тинејџери (најдобро одговараат на тесно лице) Јас на пример имам тесно лице и тенок нос (кој ми е уште поголем проблем при изборот на рамка). Со оглед на тоа дека имаме оптика, не се случило да има рамка која не сум ја пробала.. Сепак имам неколку пара наочари кои ми стојат добро, ама додека да ги одберам поминуваат денови и денови во пробување ( А тогаш ги нервирам сите )
Па првичната намена на очилата за сонце се заштита на очите од сонце. Според тоа мора да се квалитетни, инаку се губи смисла. А тешко дека оние од пазарче се квалитет. А тоа што сега се повеќе како моден детал одколку за заштита, е друга работа. Тогаш точно дека не е битно дали се квалитет или не или дали се скапи или не. Битно е да ти стоат и да имаш повеќе пара, а не едни да штитат.
Отприлика би дошло очилата за сонце да се сместат во 4 групи. 1. Во првата група би ги ставила тие што можат да се купат до 200ден. (истиве можат да се најдат и за 50 ден. или па некој да ги плати многу повеќе (зависи од каде ќе ги купи)). Овие очила немаат никаква заштита, напротив можат да направат само компликации. Најчесто имаат мал диоптер па предизвикуваат вртоглавици, гадење па дури и повраќање. Исто така прават да мислиш дека пред тебе има дупка па многу луѓе се имаат сопнато, паднато. И затоа после предизвикуваат одбивност кон наочари. 2. Тука би ги ставила очилата со УВ 400 заштита кои се солидни, ги немаат гореспоменатите мани а немаат некоја значителна разлика во цената. Овие најчесто се продаваат од 350 до 500 ден. (зависно од брендот) а по некои бижутерии и попознати продавници можат да имаат цена и над 1000ден. Иначе можат да се најдат во оптики, на пазар, во трафики, бижутерии, па дури и чорапари и сл. Значи ако барате очила со пониска цена тогаш одберете ги овие (никако погоре споменатите). За да знаете дали се со заштита прашајте го продавачот или погледнете на етикетата која стои на рамката. 3. Во третава група би ги ставила очилата со поларизирани стакла. Гледањето со нив е многу пријатно, поради прекршувањето на зраците. Нивната цена не треба да е повеќе од 2000 ден. ( а можете да ги најдете и за 900, 1600, па дури и за 400, 600...( зависно од брендот)) Секако и овие можете да ги платите многу поскапо доколку влезете во некоја "полуксузна продавница". Доколку сакате доказ дека се полароидни побарајте тестер од продавачот. Тестерот е сликичка на која кога ќе ги ставите очилата гледате плус уште нешто што го нема на сликата кога гледате со голо око. 4. Во оваа група би ги ставила брендираните очила, т.е. попознатите брендови. Овие можете да ги најдете само во оптиките ( или ако ги порачате од интернет ). Не верувајте дека ќе ги најдете во бижутерии за 1000, 1200 ден. Инаку моја препорака е да си купите полароидни. Доколку имате повеќе пари купете и брендирани (но потрудете се да најдете поефтини ( на интернет на пример ) бидејќи кај нас се премногу високи цените на Реј Бан, Полис и сл. Доколку сакате повеќе пара и различни модели, секоја сезона нови тогаш купувајте од тие со УВ 400 заштита, немојте од тие што немаат декларација