На моево лице,секаков вид стојат-освен вакви. И да,мразам бели очила за сонце..незнам зошто ама не ми се допаѓаат.Најубаво црни !
Ве советувам да си носите ефтини очила. Сериозно. Ако купите скапи, че има губење ама и кршење... Јас си имам онакви шарени, пластични... Сите ги носеа летото, ама супер се....
Си најдов ленонки, со темно стакленце, црно мислам и ќе си пукнам од среќа! Иако сакав знаете од оние што до половина се посветли, и после така потемно розево, ама сега многу сакам. 320 беа и следен пат кога ќе одам во град ќе ги купам сигурно, ако ги има.. Ако не, незнам, морам да најдам други. Инаку, има ленонки на битпазар или на некое друго место, може и за истиве пари, може и поефтини? И на моево подолгнавесто а мало/тесно лице, супер ми стојат, па уште ако си направам поопуштено плетенче или рибина коска, па шишките да си ги фатам со штипче, некоја винтаж комбинација, некое корално карминче, абе мераци.
Многу тешко да си најдам некој асален модел на наочари за сонце. До мене ќе да е, зашто многу замерки им наоѓам. И ич не ми се допаѓаат оние ХХL наочари, не ми се допаѓаат како стојат на ниту една девојка, заш' апла „атомски мравчици“ ми се на изглед. Лично за мене, сакам нешто нежно, женствено и средно по големина за да не ми го сокрие цело лице - не им е тоа намената нели.
Јас си ги пронајдов за мене скроените цвикери, откако пробав со цвик познат и наоколу проширен како `атомска мравка` или поубаво кажано цвик за сноуборд и видов дека е фејл, си се вратив на овие стандард за моите лице налик Рејбанки: И впрочем кога ги носам, се осеќам јако заводливо и се шетам наоколу како младава госпоџица.