Имам повеќе бидејќи ги делиме со сестра ми.. Имав реј бан од 250 денари си ги купив (нормално не оргинал) но не ги носев и ги дадов на еден братучед. Сега баш сум во план да си купам некои вакви, многу убави изгледаат.
Сакам очила за сонце носам кога е премногу сончево, а инаку вака обожавам да ми се кренати горе на глава
На очила за сонце не штедам, пазарски порано купував, ама забележав дека од нив глава ме боли. Обично таквите имаат диоптер, па многу внимавам на тоа. Ако сликата ми се измрдува кога ќе ги ставам на очи - не доаѓа предвид да ги купам, колку и да се убави. Имав едни убави очила купени од Будимпешта уште од пред 4 години, многу ми беа пријатни за носење. Арно ама, со текот на времето се изгребаа и ми требаа нови. Па пред некое време си се подновив со два нови пара. Си ги купив овие од H&M (чекав 25 минути на каса за да ги платам, имаше некаков попуст на гардеробата, па внатре беше хаос). И уште еден пар, слични на овие... ... што повеќе ми се допаѓаат, а мислам и дека поубаво ми стојат. Мајка ми ме запна да си купам едни мачкасти, многу ме бендиса со нив Ми вика - Ана, многу убаво ти стојат, на Аudrey Hepburn ми личиш со нив Фала мамо, ама сепак не