Да ви кажам искрено, не се замарам многу многу со очилата за сонце. Ги носам само кога морам, кога има многу сонце.
Јас наочари купувам ретко но секогаш гледам да бидат од оптика проверена бидејќи оние неквалитетните стакла го уништуваат видот. Пред 3 години купив Versace 1969 од некоја оптика каде прв пат влегов. Ги платив 5400 и ми беше чудно бидејќи од тој бренд наочарите се над 200 евра. Годинава пред 2 месеци отидов да купам други од друга оптика и земав GUESS за 5000 а во моментот ги носев старите и ги дадов да ми ги стегаат бидејќи ми беа разлабавени. Вработената ме праша колку пари сум ги купила и од каде и јас и кажав. Ми рече дека ме измамиле. Тие наочари не биле Fake но биле од сосема друг дизајнер во Италија не од Gianni Versace. Цената реална била од 2800 до 4000 денари. Затоа распрашајте се прво што купувате. Јас ептен се залетав..
Каде да се купат добри очила за сонце, кои навистина штитат од УВ зраци, оти читав дека оние од пазар и обични продавници повеќе штетат, отколку што помагаат. Но, и во оптика ништо не е сигурно. Некои спомнуваат дека од Орифлем колку толку се квалитетни. Мислење? Предлози?Имам диоптрија, сакам да купам едни, ама вредни, да не биде да си правам дополнителни компликации на видот.
Од оптика, секако. Има голем избор на брендови и модели. Доказ дека се со заштита од УВ-А и Ув-Б зраци е можноста за тест при купување. Носам диоптерски очила и немам проблем со промена на диоптријата зашто изборот на очила за заштита од сонце е соодветен. Може и сама да направиш споредба меѓу обичен и брендиран пар. Разликата е без коментар.
Прашав колку чинат, ми рекоа марка над 5.000, а оние кои штитат, но не се марка, има од 1800 денари па нагоре. Но еве погоре пишува и дека се случуваат измами.
Овој период потешко за попуст, освен за Black friday. Поголемо намалување (и до 50%) има за новогодишните празници.
Од аптека нешто искуство имате ли? Дали се ок очилата?Знаат и да објаснат што, како, без да лажат секако.
Освен од оптика, од друго место не сум купувала очила за сонце и не можам да коментирам за квалитет. Доколку си во можност, купи си брендиран пар. Верувам дека нема да се покаеш. Редовно ги носам (12 месеци), а ги менувам на 3-4 год. Може да следиш намалувања во посочениот период (декември/јануари).
При избор побарај тест за квалитет. Без стандарди за поларизирани стакла потврдени со сертификат, не купувај.
Тоа е некое документче? Како изгледа? Можам да го барам само во оптика или и во аптека? Работата ми е да не фрла пари, а пак да носам очила како оние од пазар.
Сертификатот е парче хартија како и секој друг вид сертификат и следува со парот брендирани очила. Доволно објаснив и да не одиме офф топик со прашања и одговори во темава. Прочитај на нет и информирај се или побарај помош при изборот од некој што знае да препознае квалитет. Поздрав
Каде кај нас има најголема понуда од брендирани очила за сонце за мажи? Дали кај нас некој ги увезува Maui Jim? Или доколку не од кај нас, кои се најдобри веб сајтови со богата понуда кои испорачуваат кај нас? Благодарам.