На интернетов има безборој сајтови, програми, е-книги, аудио книги за учење на јазици. Што мислите, можно ли е да научиш јазик на овој начин? Јас баш сега симнав еден пакет од торент за учење француски. Имам некои познавања, па ќе видиме како ќе иде.
online yчење на јазик http://www.conversationexchange.com/index.php?lg=en Оваа е веќе за зборување busuu.com не знам што ја направија странава,пред една година беше најдобра и наједноставна за учење,сега некако ја зезнаа,ама пак е во функција.
online yчење на јазик Јас веќе почнав. Има многу страни за учење руски. Ако ти е добар англискиот еве ти учење руски на англиски јазик http://www.study-languages-online.com/ http://www.russianlessons.net/lessons/lesson14_main.php http://www.russianforeveryone.com/ Ова е на хрватски http://ucenje-ruskog-jezika.blogspot.com/ http://tatjanadimitrijevic.blogspot.com/2013/03/linkovi-za-ucenje-ruskog-jezika-russian.html Има многу линкови, ама дозволено ми е 5 да прикачам, па ги прикачив тие јас кои сум ги разгледувала. Ајде учи, па ќе се допишуваме на руски на chat ама после 3 сабајле, за да не ни се смеат како почетници (ама па и кој ќе не разбере што збориме ) Инаку јас порано почнав и германски да учам онлајн, ама после добив желба да одам во Норвешка па почнав и Норвешки. Сеуште сонувам за Норвешка или Русија (Санкт Петербург)
Пробајте на http://www.memrise.com/ Ги има скоро сите јазици, различни нивоа и се учи на повеќе начини. Најдобро е што по неколку часови/денови, ти излегува дека треба да го повториш тоа што си го учела па така ќе ти остане во сеќавање подолго Инаку достапна е и апликација па може и на телефон да си учите
Ја почнав да си учам италјански на странава што ја постирала феминкава погоре. Ептен ми е интересно и планирам да продолжам
И јас учам француски и многу ми помага на дуолинго (така нешто) на таа страна и ств е добра за почетници..мислам јас не сум почетник ама многу сум заостаната поради тоа што наставникот наш незнае во кој свет се наоѓа а камо ли да предава јазик -.
Јас имам позитивно искуство со дуолинго за учење јазик, и го препорачувам на сите што знаат англиски, но сакаат да научат друг јазик.
Зошто не ми го отвара линкот?? Дали на другите ви отвара или од кај мене е проблемот? btw.некој да не знае страна за онлајн учење на Германски?
И мене не ми го отвараше од тука. Отвори ново прозорче и напиши на гугл мемрисе и ќе нема проблем. Иначе и на оваа страна има германски.
Кој има искуство со учење странски јазик од дома преку интернет? Кои страни би ми ги препорачале? Знам дека има бесплатни и оние кои се плаќа месечно? Ме интересира како оди плаќањето и дали ти праќаат сертификат? Ве молам кој знае и има искуство нека ми објасни!
Не знаев дека има претходно тема, па нова сум и не знам као да ја избришам претходната порака. Ве молам кој знае!!! Дали онлајн курсевите ги плаќате и ако ги плаќате, како се плаќаат? Дали на крајот ќе ти испратат сертификат?
Јас планирам да почнам со учење Англиски и Германски. Ги гледав овие страни https://www.duolingo.com/ https://www.memrise.com/ Некој поискусен да ми пише ЛП оти не се снаоѓам баш многу
Здраво на сите! Се викам Ваља. Јас сум од Летонија, но по народност сум русинка : ) Барам нови пријатели македонци.сакам да научам македонски јазик, затоа одлучив да напишам овде )Кој има време и желба да комуницираме, нека ме контактира лично или преку скајп psycode1. Можам да помогнам во учењето на рускиот јазик : )