1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

ПМФ - Туризам

Дискусија во 'Образование' започната од TeaB, 4 јули 2011.

  1. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Ме интересира дали имате слушнато дека се одвори нова насока на ПМФ -Туризам и што мислите за тоа. Дали имате некој близок кој учи тука или може самите вие учите... Какви коментари имате??? Се ме интересира :D И за крај ако би завршиле за Туризам што би работеле???
     
  2. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    718
    Природно-математички факултет-насока Туризам

    Знаеме, знаеме од лани е :D Имам двајца другари, лесно е прилично. Е сега не е без ич учење, ама не е тешко. После тоа најверојатно би работела во туристичка агенција :?:
     
  3. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Најлесен смер на цел факултет а и општо вака е меѓу најлесните смерови од сите факултети во државава, ПМФ е поим факултет бе, и утре некој со овој смер ќе има иста диплома со некој физичар, математичар, или биохемичар што се утепал од учење, труд, работа. Катастрофа. Сите што поминуваа доволни и добри во средни каде многу лесно се вадат оцени се запишаа тука. Би требало да има и некои што учат и се интересираат не знам, ама како што слушам повеќето спасиле гз со многу малку учење вадат јаки оцени - трагикомично, прелесно е баш да си изгагаш диплома и да си високообразована особа. Трагичното ми е што дипломата ја издава ПМФ, многу под нивото на факултетот и жалосно, да не се навреди некој од смеров.
     
    На Dpokahontas му/ѝ се допаѓа ова.
  4. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    да да во право си... но јас не се замарам јас сум одлична имам по некоја четворка и тоа е се... желбата ми е најголема за овој смер а да идам на приватен нема шанси
     
  5. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Нема нигде на друго место Туризам државно? Само на ПМФ? Јас мислев дека не сум упатена, ама чудно е што нема :^)
     
  6. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    ^ Има во Охрид, на Универзитетот „Св. Климент Охридски“.
     
  7. DressedToKill

    DressedToKill Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    43
    ^ Има и во Штип во Гоце Делчев мислам туризам и бизнис логика е смерот така нешто

    А на Институтов за географија има поинтересни смерови, има демографија, физичка географија, а за туризмов незнам шо има туризам во Македонија :| ама ти си знеш :)
     
  8. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    763
    ^ Во Македонија има туризам на претек, само ете, толку сме запознаени.
    Дали е лесен или не е, не знам, и не ме интересира. Јас знам дека тука ќе се запишам, и тоа ми е одамна испланирано, па сега откако го има и во Скопје, уште полесно. Учам средно туристичко, гледав кои предмети ги има на интернет, и добри 50% веќе ги имам изучувано(нормално, материјалот не може ни да се споредува, ама основата ја имам).
     
  9. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    ^Да, има туризам и природни ресурси, но тоа не е ништо во споредба со други земји и е многу слаб. Ако ги сметаш ти за туризам планините со природни убавини и чист воздух, езерата од кои само 3 се природни, единствениот остров Голем Град т.е. Змискиот остров каде што стапнаа странците ќе умреа од невреме :!: , пештери некои, некои рудници, бањите кои не се ништо уредени во споредба со соседните земји пример, тогаш со среќа еј.
    Многу сме далеку ние од развиен туризам а за работа, освен во странство тука и да се најде, ретко ќе се најде и многу јако звање добиваш туристички водич или ескорт (што на прсти се бројат) ќе бидеш потрчко или уште некое друго име и само ќе шеташ странци (кои не ни доаѓаат баш многу многу) и ќе збориш еден ист говор кој ќе почнеш да го сањаш. А за туристичка агенција, е тоа можеш да се снајдеш.
    Не е перспективен туризмот тука едноставно, тоа е. Ти ја разбирам желбата за студирање, супер све тоа, ама што не е - не е.
     
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    Нати што планираш после да работиш? Една моја другарка студираше туризам во Велес, ама откако дипломираше не може да најде работа. За шалтерски работник во туристичка агенција барале иата курс и некако сега заглави.
     
  11. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Ај ако можеш малку повеќе да ми објасниш... кај планираш да идеш на факултет?
     
  12. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    870
    прв пат слушам ама ови е нешта некако не ми одат заедно :$ :$ :$
     
  13. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    За да работиш во туристичка агенција бараат да полагаш за туристички водич без разлика што имаш завршено па и туризам да имаш завршено пак се бара да полагаш за туристички водич. Полагањата се во Охрид на Факултетот за туризам и угостителство и што е најтрагично деца што имаат завршено туризам мора да дополагаат и е исто и ја работат истата работа како и со оние од било кој факултет ако ја добијат таа лиценца.
     
  14. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Многу жалосно што е вака! Туристи тука си гагаат дипломи, а физичари, биохемичари, математичари, природни науки што се едни од најтешките и поим за се` останато, ќе делат иста диплома со овие другиве. Мака ми е!
     
  15. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    Не знам Плавуша што ти е толку мака, во дипломата ќе се знае кој е што, нема сигурно тој што завршил туризам да му стои дека е физичар, не знам што си толку потресена.
    Инаку и мене ми е малку чудно туризам и природни науки да бидат споени, ама тоа си е претпоставувам работа на државата, така што нема потреба да се навлегува :D
     
    На Dust, Momichka и LovelyGirl им се допаѓа ова.
  16. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    763
    ^ Па не е баш дека ќе имаат иста диплома, ако јас земам диплома за туризам, на неа нема да пишува биохемичар, нели?!
    Не би рекла дека за работа во ТА се потребни курсеви, односно се, ама не ги бараат во секоја агенција. Каде што одам на пракса една од вработените везе си немала од агенциско работење, па еве ја сега работи цела година и одлично и оди.
    Во секој случај, не би работела како обичен работник во ТА, зошто платите не се големи, без разлика дали имаш ИАТА или не. Да имаш твоја е веќе друго, ама за тоа требаат големи финансии и многу време ќе треба да помине за да свртиш некој денар во џеб.
    Туристички водич е одлична работа, и не е за потценување, дури ни во Македонија. Можеби мислите дека тука не доаѓаат многу странци, ама не е баш така. Зборувам од искуство, доаѓаат на неколку дена, сакаат да видат многу и оставаат многу пари. Дневница на добар, легален туристички водич е околу 50 евра за тура од 2-3 саати, во зависност од тоа за која агенција работиш(а можеш и за повеќе).
    Освен тоа, не знам дали некогаш сте патувале некаде со ТА, ама и кога се испраќа локално население некаде, со него оди туристички водич кој е добро платен.

    И уште нешто. Туризмот не е перспективен зошто никој не се труди да го направи таков. Македонија е многу повеќе од планини и три езера. Тоа што го има во Македонија го нема на многу други места. На Европа и светот им е се веќе видено, така што верувам дека нашава мала земјичка за нив би била нешто ново и интересно, место кое радо би го посетиле, ама нема кој да им каже.
     
    На ChocolateStrawberry, butterfly.93 и Hipica им се допаѓа ова.
  17. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    ПМФ ја издава дипломата и не сакам такви неправди ама ете ќе се навикнам, ни прва ни последна. Има подобри начини за отварање Туризам не мора да е само смер, ако има побарувачка нека отворат како подрачје на некој факултет или нешто друго, а не вака, стварно не ги бива организаторите |(
     
  18. Jewel

    Jewel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    144
    Ако веќе го сметаме за неправда, тогаш истото важи и за смерот етнологија и антропологија на ПМФ, не само за туризам. И на тој смер се делат оцени без врска и поминуваат сите, што значи туризмов и не е баш црна овца на факултетот.

    П.С. Иако според мене освен што ПМФ губи на углед и репутација со тоа што без многу учење се постигнува висок просек на овие смерови, ама баш никаква неправда не им е нанесена на студентите од останатите смерови затоа што на дипломата освен кој ја издава пишува и звање на дипломираниот. Нема место за паника :)
     
  19. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    Тоа што ПМФ и слични на него факултети губи углед, не е до професорите туку до тоа што младите кај нас не се научени да го загреат столчето и да се занимаваат со наука, туку сакаат нешто што е можно повеќе на готово.
    Како нема да спуштат критериум кога секоја следна година има помалку студенти, без работа и без примања ли треба да седат цели семестри?!
     
  20. Leeloo

    Leeloo Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2010
    Пораки:
    645
    Допаѓања:
    290
    Зошто да не ги бива? Виделе ако има заинтересирани и така голем број се запишуваат на приватнитe, и знаат дека ако го отворат ке има и кај нив студенти. Прво се мислев да коментирам, али што толку постови против смеров? Да, можеби изгледа "смешка" покрај другиве смерови на ПМФ, али од кај знаеш ти пак дека е толку лесен? Не коментирам многу од оваа страна, пошто јас имам средно туризам и мене ми е доста лесно, пошто суштината ја имам, али доста мои колеги имаа проблеми на почетокот да го разберат материјалот, некои и сеуште го немат. |( али мање битно. Што се однесува до работење во туристичка агенција, некои мислам бараат тие дополнителни курсеви, некои не.