Тоа башка, ја викам за туризам зошто темава е таа. Критериумот веќе сегде скоро е спуштен не само на ПМФ, ама тоа е во државава ништо не е на своето место. Претпоставувам спуштен е заради тоа што најголемиот процент од учениците се запишуваат на општествените науки. Значи кажуваат. Не мора да студираш за да знаеш. Блиски луѓе 2ца студираат таму, а во средно едниот доволен другиот добар поминуваа во Гуц книга немаат отворено, а сега со 7ци и 8ци се фалат и тоа ги зимаат одма предметите. Тоа нормално е? Мене не ми е, ако вас ви е океј супер за вас, мене не ми е нема ни да ми биде, ама секој со својот став, нели.
Па баш заради тоа спуштање на критериумите високото образование ни е разводенето и без квалитет. И нормално дека ќе има помалку студенти, зар секој треба да може да дипломира на физика или биохемија и ред други. И не само што не треба да се спуштат, туку критериумите треба да се дигнат и на другите факултети, јас сум за и таму да има помалку студенти, па студирањето не е само прошетка до факултет за време на предавања и сред сесија. И самите професори постојано зборат дека во нивно време не било вака и дека ако ние сега имаме 300 страни за колоквиум, тие за истата материја имале над 1000, што не' прави нас тоа, морони? А уствари и не сфаќам како тие професори воопшто дозволуваат некој со поминато 20% од тоа што тие го поминале, по дипломирањето да го наречат колега П.С. коментаров може отиде премногу оф топик, ама морав да се надоврзам на спуштањево критериуми, што очигледно ваши и за смеров.
А кажи ми зашто некој би одел на математика на пример и тоа со качен критериум, а на крајот во нашава држава да работи или како професор и евентуално да држи приватни часови, кога со економски ќе си се вработи фино-лепо во банка и ќе зема поголема плата. Никаков мотив се нема за еве конкретно да се запишеш на математика како што е сега, а не па кога би знаела дека е многу тешко, па да си ја чувам дипломата врамена на ѕид. А на факултетот му требаат парите кои ги добива од студентите, а ако се малку на број, нормално дека ќе се спушти критериум за колку толку повеќе да се запишуваат. И јасно е дека факултетов е тупнат туку-така, зашто нема каде а нема ни пари за нов да се отвара и да му парираат на приватниот.
Тогаш воопшто не се запишувај на математика ако си свесна дека тоа нема да ти се исплати, запиши си се на друго место. Сакаш да кажеш дека пониските критериуми би ги покриле недостатоците на перспективата по дипломирањето и тоа би те натерало да се запишеш и покрај тоа што знаеш каква е ситуацијата?
Сакам да кажам дека ако сакаат студенти, мораат да спуштат критериум.И тоа се гледа дека е веќе така.И да, јас сум една од тие што се откажа од математика баш заради немањето перспектива, а многу потребен труд, иако математика ми одеше супер и многу ја сакам. Пологично ми беше трудот да го вложам на друго место, каде колку-толку ќе имам повеќе опции за во иднина.Истото се случи со повеќе од половина од мојот клас(математички клас) од истата причина.
Јас потполно те сфаќам затоа што и јас направив слична одлука во изборот на факултет од истите причини. За да не бегаме веќе од темата ќе пишам само уште дека мојата поента беше дека со симнувањето на критериумите не добиваме ништо позитивно. Прво, по дипломирањето имаме недоволно квалитетен кадар, второ на талентираните и студентите кои сакаат да учат им се ограничува можноста да напредуваат и трето истите тие на крај делат диплома со луѓе кои апсолутно не ја заслужуваат, но стигнале до неа затоа што наместо тие да ги достигнат барањата на факултетот, факултетот ги прилагодил барањата на нивната желба за неучење и полесно да се извлечат.
Секој факултет е вреден и треба да се почитува, а не да се окарактеризирува како овој е вреден, а некој друг не вреди. Али за сите такви ставови крива е состојбата на државата која очигледно веќе дваесет години никако да тргне напред и да обезбеди добар стандард и можности за граѓаните, а осебо за младите. Мој совет е ако си сигурна дека ова е тоаа што го сакаш запиши се и не се замарај дали било тешко или лесно зошто ако тоа што го студираш го сакаш, тогаш со љубов и ќе учиш и природно дека тебе ќе ти полесно од некој кој тоа го учи со сила. А како туризмолог можеш да работиш не само во туристичка агенција, туку и во хотетел од кај да знаеш можеби еден ден токму ти ќе бидеш менаџер, потоа можеш да работиш на аеродром, а со посебни курсеви можеш да бидеш струјардеса или пилот. И колку поише јазика знаеш толку подобро, тогаш по дипломирање ако не бива тука можеш кај сакаш во светот да најдеш работа. Туризмот е една прекрасна свера која нуди многу можности секаде во светот, али за жал кај нас сеуште е во план на развој а како држава имаме и тек како да понудиме. Не е се во во трите езера и луди би биле кога би сакале да се праиме конкуренција на соседите кога сите околу нас имаат море и секако дека странските труристи ќе го одберат морето, а многу мал дел би дошле кај нас на езеро. Имаме толку прекрасни манастири и цркви низ цела држава, само кога би биле паметни верскиот туризам би цветал. Па земето го Охрид на пример зошто светот да не го запозне тако званиот втор Ерусалим како што го знеме ние, тогаш прекрасното езеро би било плус во сета таа убавина. Имаме одлични можности за селски туризам па зошто да не го развиеме? Србите воопшто не се глупи што го разиваат токму овој туризам. Нашата држава изобилува со планини и зеленила па зошто да не го искористиме тоа? Колку пати сум слушнала од странци како имаме преубава земја со толку убавина и недопрена природа нешто што они го немаат кај нив или го имаат во многу мала количина. Па не за џабе токму тие туристи не викаат втора Швајцарија. Зошто да не го искористиме тоа? Имаме струмички и вевчански карневал, па Галичка свадба, тешкото-им ја кажуваш приказната околу тоа како настанало тоа оро, ја имаме Хераклеа, Стоби, цоцев камен, мегалитцката опсерваторија Кокино........оп културен туризам сууупер. Луѓето сакаат кога ќе дојдат на сите тие места да ја чујат приказната за истите, па тогаш зошто тоа и да не го направиме? Зошто да не направиле секаде на овие места да се плаќа ако сакаш да отидеш таму и да ја чуеш приказната. Секаде во светот се плаќа на пример во Троја во Турција се еден куп камења и коњот и ништо друго ама луѓето ти ја продаваат историјата, приказната за тие куп камења и за тоа ти наплаќаат. Па зошто и ние тоа да не го праиме? Но главниот проблем од кој треба да почнеме е да работиме на изгрдба на инфраструктура па после се друго. Зошто светот да не не познава по милениумскиот крст, па што е една Ајфелова кула во Париз ако не еднен куп железо. Поради сето ова никој не може да ме убеди дека ние не можеме или немаме туризам од што да праиме. Затоа и иднината ја гледам токму во младината во младиот напреден мозок од дипломирани туризмолози кои во иднина ќе можат да ја променат состојбата на туризмот во која се наоѓа овој наш преубав бисер балкански-Македонија.
Аја, секоја чест за постот, го напиша се она што мене ме мрзеше Ќе се надоврзам и ќе го цитирам мојот професор по туристичка географија, кој страшно многу ја обожава нашата земја, а е премногу нашетан, што се вика цел свет го има поминато. Полудуваше кога ќе слушнеше некој бисер од учениците(а ги имаше многу), и еднаш рече, Кога македонскиот народ не е свесен за богатството на Македонија, како можеме тоа да го очекуваме од странците?! Така што, проблемот освен тоа што лежи во државата која фрла пари за се освен за туризмот, лежи и во народот. Ретко кој размислува вака како тебе, повеќето се слепи и не гледаат колку пари и почит лежат во македонскиот туризам. Искрено се надевам дека еден ден, здравје Боже, ќе бидам една од тие дипломирани туризмолози кои ги спомна, и дека ќе мрднеме од ова место во кое тапкаме со години.
Кога македонскиот народ не е свесен за богатството на Македонија, како можеме тоа да го очекуваме од странците?! Браво за ова, со оваа реченица се е кажано. Прво цени се и сакај се себеси за и другите да те ценат и сакаат. Ама за жал македонскиот народ не сите али повеќето не да спијат туку во кома се. И здравје боже искрено ти посакувам да ти се оствари желбата како што ми се оствари на мене (со Господ напред идната година ќе дипломирам) и еден ден да ми станеш колешка.
не се заебувајте тука да се запишете... ако веќе сте решиле да студирате туризам доколку имате можности многу подобри ви се приватниот по туризам, или евентуално државниот туризам во охрид. на пмф нити на пракса ги праќаат. потоа знам имаат српски професори кои им предаваат на српски и на српски им е цел материјал што треба да го учат. потоа мора да идат на филолошки да зимаат потписи и оценки по англиски бидејќи таа професорката што им предава е матична на филолошки... имаат предмети што никаква врска немаат со туризам, како на пример статистика и економика за кои се потребни солидно познавање на математика, а не верувам дека некој што сака да студира туризам баш е заинтересиран за математика. и професорите не се ангажираат баш премногу, цело време со асистентите ги шуткаат... а да не спомнувам за локацијата... секое сабајле по милион скали на тоа брдо да се качувам не фала. размислете си убаво што како, ова е сепак само мое најдобронамерно мислење и совет
Па и во Охрид не е нешто подобро! И овде немаат никаква пракса ( освен оние кои што студираат на хотелско и ресторанско утедување и праксата и е во бифето во факултетот ) и овде учат безвезе предмети како што се сметководство, економика. Јазиците се многу малку застапени и што е најтрагично скоро сите го бираат руски бидејки еден фосил од професорка ги пушта сите ама баш сите без проблем. Учат многу предмети од економски, а многу помалку се застапени предмети поврзани со туризмот. Немаат никакви факултативни екскурзии ( освен една до Канео ) што барем ако не надвор од Македонија барем овде има прекрасни места што можат да се посетат. И на крај ќе си дипломираат и пак мора да доплаќаат за да полагаат за туристички водич и што е најтрагично полагаат кај професори кои веќе и предавале и од книги кои веќе ги имаат положени Ма која глупост високото образование во нашата чудесна Македонија е една голема глупост!
Ме мрзи да го цитирам сега постот, и претходно има премногу што ти имаш цитирано. Јас коментирам околу мислењата дека туризмот е еден од "најлесните" факултети. Плавуша како и другите членови (не само кон тебе) еден или двајца секогаш ке има, ке има и десет и дваесет без разлика дали се работело за туризам или друг факултет. Секогаш ке има некои шо ке земаат оценки од НЕКОИ предмети шо се мегу високите без трошка труд, али тоа не значи дека сите се такви, и врз база на тоа да се дава мислење за цел факултет. Сега туризмот не е пример економски, каде шо едно погрешно сфакање на реченица ја утнува цела поента, имаш по слободен стил тука, али веке кога ја зедов таа споредба, туризмот има и доста економски предмети како средно така и факултет. Тоа што сакам да го кажам е дека и на другите факултет има лесни предмети, и лесно се земуваат оценки па ако сака студентите претходно нека биле во средното со доволен два, али не е целиот факултет таков, пред нели зависи и до професорот. Како шо претходно спомнав и јас студурам туризам, и сум со просек на 9, али за нив сум имала доста ненаспиени ноки како и секој друг студент шо учи на друг факултет и сака добри оцени. Факултет за туризам - ПМФ Тука не коментирам многу, затоа што мислам дека се изјаснив во претходниот пост, виделе дека има побарувачка, отвориле факултет и прилив на пари. Тоа е мое мислење. За девојката која што ја отворила темава, и за другите кои сакаат да се запишат, зошто да не? Али треба да си имаат во предвид дека главната негативност е малиот избор на работни места. И околу таму не правам никакви дискусии зошто тоа е факт, па не би сакала после овој пост право да бидам нападнувана "ете и ти сама си признаваш нема полза од факултетов"
Леле темава баш како за мене..јас се двоумев да се запишам на туризам или на социјална работа или политика и по се ми изгледа ќе си одам на туризам....Во врска со дипломите секако на мојата ке пишува дипломиран туризмолог а не таму не знам биолог,хемичар, ајнштајнов ученик Која сака да оди на туризам оваа година нека ми пише лп па заедно ке си ги споделиме мислењата зошто гледам некои феминки не ни го сакаат факултетот...едвај чекам да видам дека не сум сама и ке си имам феминка за колешка....
Имам завршено туризам но не во Македонија,за таму незнам јас од мое искуство ќе кажам дека си најдов добра работа како стујардеса,но со дополнителен курс ...си земав многу добра плата,си го прошетав светот и сега ќе седам и ќе чувам деца(не работам поради тоа што сум трудна инаку ни луда не би ја напуштила работата,секако сопругот зема добра плата и имаме да преживеме,и не велам дека не ми е искористен ни средното,ни факсот,ни курсот ништо не ми беше залудно.
Јас сум во план да се запишам на туризам и угостителство во охрид и сега барам некоја феминака што учи или завршила таму да ми образложи како одат работите ?