1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

ПОДАРОК Philips Lumea Prestige за вас + консултации со дерматовенеролог

Дискусија во 'Тело' започната од Femina, 17 ноември 2016.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Femina

    Femina Администратор Член на тимот

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    1.461
    Здраво дами. :) Летото е зад нас, но темите за мазна кожа и ослободување од несаканите влакна остануваат актуелни.

    Пред неколку месеци Philips го претстави на македонскиот пазар уредот Philips Lumea за безболна и долготрајна фотодепилација, со што ни ја даде најатрактивната метода за справување со влакната во домашни услови. Брзо, лесно, безболно и ефективно! Philips Lumea ветува намалување на растењето на влакната за 75% по само 3-4 третмани.

    Подарок Philips Lumea Prestige за една од вас!

    Изненадувањата на Philips продолжуваат со нов подарок за среќна форумџика. :party:

    Како да учествувате во трката за подарокот?

    За да станете потенцијална добитничка на престижниот подарок, неопходно е да се вклучите во дискусијата во оваа тема во периодот до 06.12.2016. Поставете прашање за уредот или образложете зошто би сакале да го поседувате.

    Во трката за подарокот автоматски ќе биде вклучена секоја дама која учествувала во оваа тема.

    Добитничката ќе биде објавена на 07.12.2016.



    [​IMG]
    [​IMG]




    Револуционерната IPL технологија на која се базира Philips Lumea побуди огромен интерес и поттикна многу прашања.

    Консултации со д-р Вероника Давчева Битољану

    За да добиете конкретни одговори на прашањата поврзани со Philips Lumea, оваа тема ќе биде посветена и на консултации со д-р Вероника Давчева Битољану, специјалист дерматовенеролог.
    Докторката три недели ќе биде активна на форумот со цел да ги разјасни вашите дилеми и да ги одговори сите ваши прашања за фотодепилацијата во домашни услови.


    Вклучете се во дискусијата и не пропуштајте ја шансата да станете потенцијална добитничка на модерниот уред за којшто сонува секоја жена. Со среќа! ;)

    Обновено (07.12.2016):

    Среќната добитничка на посакуваниот фотодепилатор Philips Lumea Prestige е @zhap4e.

    Ви благодариме на сите кои се вклучивте во дискусијата. :)
     
    Последна измена: 7 декември 2016
    На atala, Marta ⛄, Tajnaotrovna и 40 други им се допаѓа ова.
  2. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    4.660
    Допаѓања:
    46.970
    Mozat li da go koristat povekje lica istiot? Mislam radi higiena...
     
    На mimosa08 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    10.201
    Допаѓања:
    151.272
    Пол:
    Женски
    Јас веќе го поседувам.
    Добар е, иако искрено мене не ме "измазни" :lol: до крај.
    Темен тен имам, црни влакна со јак корен..веројатно поради тоа.
    Може да го употребуваат две лица, хигиенски е, се пребришува со крпче, а и ништо посебно не прави освен светлина што испушта.. многу повалкани работи фаќаме во автобус секојдневно :)

    Кога би го добила, би го подарила на лице за кое знам дека не може да си го дозволи а и е потребно. Мака мачи со хормоните и влакната..
    И тоа..:)
     
    На jasti, mariz, mirK и 14 други им се допаѓа ова.
  4. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.266
    Допаѓања:
    16.546
    Пол:
    Женски
    И мене ми беше тоа на мисла, имам темен тен и дебели црни влакна, па нон-стоп мака мачам со депилации, и додека на други жени депилацијата (и тоа правиме муабет восочна/шеќерна/со епилајзер, а не брич!), им трае по 3-4 недели, мене ми трае по 2-3 дена и пак иста приказна, ела куби се одново. :^)
    Ризик јак ми е кога би дала толку пари за уредов, а да не знам дали би ми се исплатело, дали на мојов тен и влакнавост би помогнал, па доколку би сакала да ми дадеш мислење и да ми образложиш зошто не ти помогнал скроз? Мислам, не ти паднаа влакната, многу брзо ти се појавуваа повторно, или?
    Да не си женско кое има проблем со влакнавост, налет... :|
     
    На dreamerg, kjukli и Dust им се допаѓа ова.
  5. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    10.201
    Допаѓања:
    151.272
    Пол:
    Женски
    Вака сеа..
    Влакната ми ги изретчи и тоа доста, би рекла 60-70%, ама уште имам..не се до толку јак корен како на почеток, али си растат.
    Не верувам дека 100% може да ги елиминираш ама тоа е само мое мислење.
    Друго нешто, потребно е доста време, 6-8 месеци па и година, во рекламиве дека за 3-4месеци ќе се измазниш не верувај..тоа може некој како мајка ми, светол тен, трчи трчи па влакно, она еднаш да се издепилира, после 4 месеци ќе и пораснат и тоа 20 влакна :) ама на таквите баш и не им треба чудово..
    Мене со депилација не ми растеа на 3 дена, ама после 8-9 дена се осеќаа.. ама не беа за депилација. Депилација на две недели или 18 дена евентуално..
    А за брич ич да не зборам, ни еден ден не бев мазна :rofl:

    Секое влакно е различно..тоа што кај мене не успеало, не значи дека и кај тебе нема да успее.
    Убава работа е, намалува влакна, ама ете кај мене 100% не се..
     
    На dreamerg, Natalie Shine, fallenangel и 5 други им се допаѓа ова.
  6. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.266
    Допаѓања:
    16.546
    Пол:
    Женски
    Ее, а кај мене пак обратна работа. Кај мене татко ми, маж, па влакна аш на него. Кај ги нема, па и тие некои тук-таму ретки што му се, му се многу светли и тенки, абе мерак кожа, додека мајка ми си е како мене со влакната. Ту бре велам, како не се метнав бар во тоа на него... ама тоа ти е. :doh:
    Фала ти на одговор. :hug:
     
    На Dust му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    10.201
    Допаѓања:
    151.272
    Пол:
    Женски
    јас сум цела на тарко ми..
    изглед, карактер па и влакната хахахха
    само во гласот сум на мајка ми, не не распознаваат на телефон(facepalm)
    доколку сакаш да го земеш, земи го поевтиниот, истата работа ќе ти ја заврши ама само со кабелот ќе се шеткаш.. плус нема некои додатоци таму, ама и без нив се преживува
     
    На MagsDestiny му/ѝ се допаѓа ова.
  8. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.048
    Допаѓања:
    28.607
    Пол:
    Женски
    Богами како што мака мачам со влакнава се мислев и јас да го купам, ама се' уште не можам да си го дозволам. Исто како @Dust џабе се бричам кога секој ден треба за ми бидат бар нозеве мазни. :|
    Депилацијата ми трае една недела и толку, после еден куп поткожни ми се појавуваат, и морам да се избричам за да ги снема, и пак иста приказна. :rofl:
    Се жалев баш пред некој ден во некоја тема, сега и кај брадата и кај вратот имам проблеми. Црни, јаки, секој ден се чупам. (facepalm)
     
  9. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    10.201
    Допаѓања:
    151.272
    Пол:
    Женски
    Темава на страна, си проверила хормони? :)
    Инаку не се бричам јас, џабе утепано време ми е ..
     
    На kjukli му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    17.107
    Допаѓања:
    77.570
    Пол:
    Женски
    Мене ме интересира како луѓето кои имаат многу бемки би го користеле уредов. И пред сè, дали е препорачливо?
    Единствено тоа ме одвраќа во помислата за користење фотодепилатор. Имам доста бемки по телото, па ваквото зрачење малку ме плаши.
     
    На Natalie Shine, LivingGlam, Sky-butterfly и 2 други им се допаѓа ова.
  11. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.019
    Допаѓања:
    103.031
    Пол:
    Женски
    Жени кои веќе сте го користеле, гледам го фалите многу.
    Би сакала да го имам и јас, дефинитивно.
    Пред се поради тоа што од досегашното користење на брич па и ладни и топли депилации, проблемот со поткожни влакна секогаш ми постоел, коментирав за тоа и во соодветната тема, имам неколку лузни кои ми останаа при проба да ги отстранам со пинцета, значи естетски проблем ми е тоа голем, лузните никако не избледуваат :( Добро би ми дошле и консултации со докторката.
     
    На fallenangel, leni_794, pandelka и 2 други им се допаѓа ова.
  12. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.545
    Допаѓања:
    4.087
    Пол:
    Женски
    Од користење на различни препарати дали потемнува кожата што е третирана ? На делови ужасно изгледа , па да си знам дали фотодепилатор помага во отстранување на влакната а кожата не страда . Не можам да се погледнам на одредени места од далеку изгледа како воопшто да не сум се депилирана искрено ми доаѓа непријатно.
     
  13. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    11.658
    Допаѓања:
    135.633
    Од една страна изгледа супер решение, но од друга ме плаши ласерот/зрачењето.
    Колку може да е штетно ова зрачење?

    Како и да е , доста фален и рекламирен е периодот.
    А и фемина се размрда убаво. Ни фали уште гласањето за форумџика на годината. :)
     
    На fallenangel, ph.orhideja и anaja1 им се допаѓа ова.
  14. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.059
    Допаѓања:
    55.912
    И јас бев заинтересирана за апаратов уште од почеток, ама прочитав дека бемките треба да се избегнуваат.
    Јас имам многу бемки, всушност тие такви рамни со површината на кожата, мали кафеави точки, па тогаш овој производ не е за мене, или сепак е?
    Би сакала да го слушнам мислењето на докторката
     
    На fallenangel и LivingGlam им се допаѓа ова.
  15. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.091
    Многу ми е потребно вакво нешто само за да се спасам од внатрешните влакна. Без разлика на кој начин ги отстранувам влакната, дали со бришење, депилација, со депилатор резултатот е ист после депилацијата ми се прават многу внатрешни влакна и по нозете имам флеки што едвај успеав да ги излечам барем малку.
    И барем на некој период да се спасам од бричот или од восокот би била пресреќна :whew:
     
    На jll, Natalie Shine, fallenangel и 2 други им се допаѓа ова.
  16. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    21.223
    Допаѓања:
    139.179
    Пол:
    Женски
    Би сакала да го добијам овој апарат поради тоа што не можам да си дозволам да си го купам. По интернетот читав доста рецензии, имаш луѓе кои биле задоволни, со оглед на тоа дека давам секој месец за депилација би сакала да имам дома своја превентива. На тој начин ќе се заштитам од нехигиена.
    Прашањето ми е колку недели е потребно за остранувањето да биде успешно?
     
  17. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    10.644
    Допаѓања:
    59.575
    Пол:
    Женски
    Дигам рака тука.
    Имам испробано се и сешто и не сум некако особено задоволна...па еве, може ова чудово ми е решение. :D
     
    На fallenangel му/ѝ се допаѓа ова.
  18. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    5.784
    Допаѓања:
    55.416
    Пол:
    Женски
    Прашање до докторката, всушност истото кое го поставував во претходната тема и не добив прецизен одговор:

    Дали е тестиран и препорачлив за лица со витилиго? Знам дека не може да се користи на кожата зафатена од витилиго, бидејќи тука влакната се бели. Ама, поради чувствителноста на ваквата кожа и опасноста од ширење на витилигото: дали може да се користи на здравите делови или постои опасност од оштетување?

    Ако е безбеден апаратот, да, би сакала да го тестирам ако го добијам на подарок. :D
     
    На fallenangel, honest girl и duffi им се допаѓа ова.
  19. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.266
    Допаѓања:
    16.546
    Пол:
    Женски
    Off-topic ама, 1) на вратот и брадата колку повеќе ги чупаш толку повеќе се рашируваат, така да совет мој е да пробаш можеби да ги избелуваш за да не се познаваат, и 2) може да имаш проблем со хормони од тироидна, надбубрежни жлезди или јајници (тие даваат хирзутизам како симптом), па препорачливо е, доколку веќе не си го сторила тоа - да ги испиташ хормоните; не дека и ако најдеш проблем ќе има соодветно и трајно решение, ама бар ќе знаеш на што си. :)
     
  20. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    13.838
    Допаѓања:
    306.769
    Да се има вакво нешто е одлично.
    И јас би сакала да го имам.
    Најголем проблем ми се препоните при депилација, некако најосетливо место се.

    Гуглав и пронајдов што е фотодепилација.
    Бидејќи методот е врз база на интензивно пуслурачки светлосни зраци, ме интересира дали влакната опаѓаат ...што се случува со нив ??!

    Дали зрациве имаат штетно влијание на кожата ?...на пример дали може да предизвикаат хиперпигментација на деловите кои се третираат па да бидат различна боја од останатата кожа ?
     
    На simech, fallenangel, Lidija_lide и 4 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.