Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

ПОДАРОК Philips Lumea Prestige за вас + консултации со дерматовенеролог

Дискусија во 'Тело' започната од Femina, 17 ноември 2016.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Д-р Давчева Битољану

    Д-р Давчева Битољану Нов член Верификуван профил

    Се зачлени на:
    28 октомври 2016
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Светлината која е видлива за време на третманот е рефлексија на блескањата врз кожата и не е штетна за очите. За време на употребата не е потребно да носите очила.

    Уредот на треба да се користи врз тетовирани зони од телото, без оглед дали тетоважата е со години стара или неодамна направена.

    Доколку во упатството е наведено дека лекарството може да предизвикува фотосензитивност и/или треба да избегнувате сончева светлина додека ја примате терапијата, не препорачувам да го употребувате Philips Lumea.

    Оваа технологија базирана на светлина се користи долги години наназад и досегашните искуства велат дека е безбедна и ефективна. Ако уредот се користи според посочените инструкции на здрава кожа, нема несакани последици.

    Моделот Philips Lumea Prestige доаѓа со додаток за тело, додаток за лице и додаток за бикини зоната, односно можете да го користите на сите проблематични области (раце, нозе, стомак, препони, надусници, брада, бакенбарди, пазуви).

    Пред употреба, влакната мора да бидат отстранети. Секогаш користете го уредот на мазна и чиста кожа. Изберете метод за отстранување на влакната по ваша желба. Препорачувам бричење. Ако се депилирате со восок или апаратче, почекајте 2-3 дена по депилацијата (дозволете кожата да се смири, т.е. да не е зацрвенета и иритирана од депилацијата). Напоменувам дека не треба да користите креми за депилација.

    Третманите со Philips Lumea во најголем дел од случаите не ја вцрвенуваат кожата, но може да се јави благо црвенило кое набрзо исчезнува.

    Првите 4 третмани се прават на растојание од по 2 недели. Потоа се влегува во Фаза на одржување и честотата на третманите варира од жена до жена. Препораките се да се продолжи со третмани на секои 4-8 недели.

    Третманот со Philips Lumea е безболен. Печење може да се појави од НЕПРАВИЛНА употреба на уредот – На пример: ако не сте се избричиле темелно и сте оставиле влакненца ИЛИ ако сте употребиле интензитет на светлина што е пресилен за вашата кожа ИЛИ сте третирале области за кои не е наменет уредот (анус, брадавици, вагинални усни, аероли), каде обично кожата е потемна.

    При правилна употреба нема да чувствувате болка.

    Во текот на бременоста и доењето не треба да се користи Philips Lumea.

    Да, уредот може да се користи на бикини зоната. Моделот Prestige има додаток за препони кој е специјално дизајниран за третирање на поцврстите влакна во оваа регија.

    Фотодепилаторот не се препорачува ако имате кожно заболување; васкуларно нарушување (варикозни вени или васкуларна ектазија); кожата ви е чувствителна на светлина; имате инфекција, егзема, повреда, изгореница, херпес или лезии; имате нарушување на крвта; имате дијабетес/срцева болест/лупус; примате лекарства кои можат да предизвикаат фотоалергиски реакции; сте на терапија со антикоагулациски лекови; ако сте имале третмани со алфа и бета хидрокси киселини; имате изгореници од сонце или вештачки сте си ја потемнеле кожата.

    Ниту еден метод за отстранување на влакната не гарантира дека засекогаш ќе имате мазна кожа без одржување. Откако ќе завршите со почетните 4 третмани, неопходно е да го одржувате постигнатиот резултат со тоа што ќе си правите третман на 1-2 месеци (по потреба).

    Не, не се препорачува користење на уредот кај лица со егзема.

    Да, моделот Philips Lumea Prestige има додаток за лице со интегриран светлосен филтер за дополнителна заштита. Слободно може да го користите над усните, на брадата, на бакенбардите. Не го употребувајте блиску до очите и за оформување на веѓите.
     
    На DulceChiquita, LivingGlam, buba4e89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Boki07

    Boki07 Нов член

    Се зачлени на:
    5 декември 2016
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Би сакала да го имам бидејќи досега пробав се за да ја намалам влакнавоста, но не успеав.
    А, и прочитав дека сум идеален кандидат : светол тен - црни влакна. :)
     
    На teddytea му/ѝ се допаѓа ова.
  3. oLeNcE91

    oLeNcE91 Нов член

    Се зачлени на:
    5 декември 2016
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Мене ме интересира,нели преку влакната кожата диши.. Како после третманот функционира кожата?
    И секако би сакала да го имам зошто тоа е сон на секоја жена.. ден без влакна
     
  4. Д-р Давчева Битољану

    Д-р Давчева Битољану Нов член Верификуван профил

    Се зачлени на:
    28 октомври 2016
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Да, безбеден е за луѓе кои имаат дермографизам. Само важно е да се користи строго според протоколот за работа.

    Philips Lumea не треба да се користи за време на бременост и во периодот додека доите.

    Уредот не може да предизвика проширени капилари. Така што сте безбедни во тој поглед и со оглед на проблемот што го имате, тој е побезбедна опција од депилацијата. Единствено може да не биде толку ефективен зашто имате светли влакна.
     
    На Lidija_lide му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Kaja78

    Kaja78 Нов член

    Се зачлени на:
    5 декември 2016
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Здраво Фемина.
    Јас имам полицистични јајници и затоа имам изразена влакнетост на лицето, особено надусниците и брадата, градите и препонскиот дел.
    Секоја жена која го има овој проблем, знае колку е исцрпувачка борбата со влакнетоста, особено онаа која постојано е на виделина на сите - лицето.
    Последна сличка во која се почувствував прилично поразено во борбата со мојата влакнетост, е случката со мојот син (8 години), кој ме набљудуваше додека си ги остранував влакната од лицето со чупалка. Кога завршив тој ми искоментира дека сега без влакна сум многу убава мајка, затоа што влакна имаат само мажите. Комплето ме запрепасти неговата забелешка и воедно ме обесхрабри :worried:. Воопшто не бев свесна дека тој, на таа воздраст, и обрнува внимание на мојата влакнетост и воедно не сака неговата мајка да ја има.
    Фемина, би Ви била многу благодарна доколку јас бидам добитник на уредот Philips Lumea за безболна и долготрајна фотодепилација. Покрај тоа што ќе можам успешно да се борам со мојата влакнетост, ќе можам и мојот син да го направам среќен со убава мама :makeup:, без влакна, како сите други убави мами.
    Без разлика на исходот, Ви благодарам што ја нудите оваа можност да усреќите една убава жена :clap:.
     
  6. Vrag

    Vrag Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Би сакала да го имам овој апарат (но неможам да си го дозволам бидејќи е скап), затоа што имам проблеми при отстранувањето на влакната особено на нозете. Со жилет ми се ствараат инфекции во последен период, а со депилатор поткожни влакненца и гнојни мозолчиња. Се надевам дека барем овој апарат ќе може да ми помогне да стигнам до некој степен на нормална кожа :/
     
  7. Femiforumka

    Femiforumka Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2016
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Imam neverojatno izrazena vlaknetost na liceto . Sum probala razni depilacii , elektroepilacii no problemot samo se vlosva . Citav mnogu za Philips Lumea i ona sto me interesira e toa sto tretmanite se izvedvaat na dve sedmici , no vo meguvreme na koj nacin gi tretirame izrasnatite vlakna?
     
  8. Twinklestar

    Twinklestar Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2016
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    00000000000000.jpg Оваа е само дел :( :( :( ,, само ова ми остана да пробам и да се спасам, оној што го нема овој проблем е среќен, се кријам со шалови и само раката ми е на лицето, дај Боже да го подарете на некој што стварно има проблем со ова :( :(
     
    На s1a1n1d1r1a1 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. a89

    a89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2013
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    6
    Имам пробано повеке видови на ласери,и само делумно помогнаа да се намалат влакната но не и да ги снема,така да не знам колку би ми помогнал овој,но би сакала да го добијам.Не за нозете или за било кој дел кој може да се сокрие туку единствено поради лицето.Прашање за докторката,не ми е јасно како може да се користи апаратов после депилирање со восок или машинка(после ден два)кога на сите ласерски третмани советуваат никако депилација со восок или машинка,а доколку сме се депилирале на тој начин да почекаме две недели.Која е разликата помеѓу овој апарат и тие(Super Hair Removal 1500,Yag laserot,itn)во смисла на начинот на одстранување на влакната пред епилација.
     
    Последна измена: 6 декември 2016
  10. Anitt

    Anitt Нов член

    Се зачлени на:
    6 декември 2016
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Mene me interesira dali e shtetno zracenjeto na ovaj preparat. Site velat deka nema nishto opasno no sepak sracenje nekakvo e. Sekako ako e efikasno koj ne bi sakal da go ima. I toa gratis :P :D
     
  11. Emimija

    Emimija Нов член

    Се зачлени на:
    6 декември 2016
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Јас имам проблем со поткожните влакна. Веќе неколкупати имам направено операција и десетина ласерски остранувања. Последниот пат дерматологот ми препорача трајна ласерска депилација, како решение за мојот проблем, поради фактот што ласерот, освен остранувања на влакната, помагал и тоа да не се формираат поткожни (како што лаички разбрав).
    Дали Philips Lumea може да биде решението за мојот огромен проблем??
    Доколку може да ми помогне, би била пресреќна да го добијам, не само од естетски аспект, туку најповеќе од здравствен аспект.
     
  12. ♣ Alba Viduam ♣

    ♣ Alba Viduam ♣ Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    2.160
    Пол:
    Женски
    Еве да се пријавам и јас, иако воглавно никогаш немам среќа на наградниве игри ама ај да си ја пробам среќата. :D

    Конкретно за болдираниот дел.. зошто не смее да се користи во тие делови?

    Инаку би сакала да го добијам затоа што неможам да си го дозволам финансиски а и поради тоа што и мајка ми и сестра ми страдаат од синдром на полицистични јајници, па затоа имаат проблем со зголемена влакнетост на цело тело. Посебно сестра ми.

    Би биле презадоволни ако го добиеме. :inlove:
     
  13. Estranged

    Estranged Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    1.772
    Допаѓања:
    24.766
    Здраво,
    Можеби е претходно одговорено, се извинувам ако се повторувам, Прашањето ми е, која е најрана возраст од која може да се почне со користење на овој апарат, односно дали е препорачлив за отстранување на влакна кај девојче во ран пубертет? Братучетка ми (11 годишна) има проблем со изразита влакнетост на телото, а посебно во пределот на лицето. Се работи за гени, ама во тие години гледам дека и ствара комплекси, па сметам дека би било подобро доколку наместо класична депилација, уште од сам почеток почне со овој начин на отстранување на влакната.
     
  14. ThisGirl

    ThisGirl Нов член

    Се зачлени на:
    6 декември 2016
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Поздрав,

    Јас би сакала да прашам дали може да се третира дел од кожата, каде што, како последица на поткожните влакна, се појавило црвенило, поточно мали лузни, за кои е потребно подолго време за да исчезнат?

    Инаку, би била пресреќна доколку јас би била добитничката на овој извонреден подарок... :D
     
  15. bijonse

    bijonse Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2016
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    ...хармонијата на хормоните и жлездите кои ги лачат, нашиот метаболизам и наследниот фактор како и начинот на живеење и исхрана се услови на една нормална појава на телото - влакненца, хормонски дисбаланс и пореметувањето на многуте фактори го појачуваат тоа влакнеце и го згуснуваат по нашето тело што ни преставува само и само ЕСТЕТСКИ ПРОБЛЕМ кои треба да се реши со делување на тоа хормонско пореметување, а грижа за хигиена не треба да се подразбира ,,бебешка кожа,, затоа што тоа не е ни нормално да ја имаме нели? не знам колку е оправдано нешто да се спречи по вештачки пат што телото го ,,ослободува,, од себе....лично не верувам на нерастење на влакненца доколку се применува било што освен што е причина на истото, дури и да се направи трансплатација на дел на мазна безвлакнеста кожа на место каде имаме влакнеста кожа по извесен период и таа ќе почне да се ,,влакносува,, тоа е природен процес и крај ... како што не може ќелавоста да се поврати фоликулот на влакното да расте повторно!
    ...така да јас лично не би го сакала овој апарат затоа што не верувам во таква ефикасност, а да не спомнувам што нескани дејства може да ете баш кај мене да се создаде од пукнати подкожни капилари или лузни од разни точки од коренот на влакното... но, доколку би го добила би морала да го употребам од пуста радозналост и не дај боже да има некој ефект на мене , богами ќе убедам едно 345 влакнести жени да си го купат, за една секој ден во годината :rofl:
     
  16. jasmina00

    jasmina00 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    961
    Допаѓања:
    1.377
    Пол:
    Женски
    Дали би имало проблем (иако мислам нема врска) ако го користиме 3 жени ???
     
  17. a89

    a89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2013
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    6
    Twinklestar потполно те разбирам,ако по некоја случајност го добијам ласеров ветувам дека ке ти го позајмам за да ги направиш потребните третмани за да се ослободиш од оваа мака.
     
  18. dejana2

    dejana2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2013
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    38
    Дали апаратот може да се користи и за подбрадокот?
     
  19. Sweety55

    Sweety55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2011
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    414
    Пол:
    Женски
    Ме интересира дали апаратов може да се користи врз акни/ флеки од акни? Имате спомнато дека не смее да се користи при егземи и други кожни нарушувања но за акни не прочитав.
    Второ прашање, каде (во која земја) се произведува апаратов и колкава гаранција има?
     
  20. fs-fs-fs

    fs-fs-fs Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    809
    Допаѓања:
    800
    Пол:
    Женски
    Дали смее да се користи од страна на бремени жени и доилки ?
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.