1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

ПОДАРОК Philips Lumea Prestige за вас + консултации со дерматовенеролог

Дискусија во 'Тело' започната од Femina, 17 ноември 2016.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.364
    Пол:
    Женски
    За да се заокружи годината,си лапкаш подароци.:lol: За арно, за убо :*:P @zhap4e :l:
     
    На Someonespecial, atala, Bozica1980 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Шо че ни фале, ма?! Еха. ПоубАво да ми се пајџат него да пајџам:P:D
     
    На girl-miri, atala, Emy867 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Kaja78

    Kaja78 Нов член

    Се зачлени на:
    5 декември 2016
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Здраво Фемина.

    Навистина не знам по кој критериум ја доделивте наградава???
    Беше наведено дека треба да поставиме прашање за епилаторот или да напишеме зошто тој ни е потребен и добиваме можност да станеме добитник.
    Добитничката не направила ниту едно, ниту друго.
    Онака без труд и почитување на правилата на играта ја добила наградата. Зошто?
    Само затоа што е форумски идол.
    Искрено немам ништо против што друг некој ја добива наградата, но многу девојки, жени пишале дека навистина им е потребен епилаторот, имаат проблем со својата влакнетост, и јас да бев Фемина, ќе го доделев на некоја од нив.
    Но Фемина не е јас, а јас не сум Фемина.
    И уште еднаш нашата македонска фарса ја доживуваме во оваа наша убава државичка.

    Zhap4e нека ти е со среќа наградата. Ти не си виновна за изборот. Другаркте те наградиле за минат труд.

    Простете Фемина, но жалам што станав ваш форум член. Мразам неискреност и нечесност, а Вие со ова потврдивте дека тие невредности ги промовирате.
     
    На Gosh, nessa4j, Elence93 и 4 други им се допаѓа ова.
  4. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Јух, нова стратегија на тролот... поттикни бунт. :bug: :D
    Јас.. колатерална штета.
    Где мене наџе, @Kaja78 .;(

    Пробај преку другите профили, задкулисно - преку ЛП прво, со истомисленичките. Потоа, удрете синхронизирано. Нека меѓу нив има и :wasntme: популарни членки. :nod: Излезете и со конкретен предлог.. најзаслужено би било ... кој?! Нек е жална прича, да и мене ме расплаче, да и ја ви се приклучам во бунтот.:D
    Така сине. :toivo:
     
    На Summerlover, sanushka, Doozy и 7 други им се допаѓа ова.
  5. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Дотичнава да имала храброст од оригинален профил да пишува за својата влакнатост, може таа ќе го добиела апаратов. Ем популарна, ем со тажна приказна...топ. Вака сака мазна да биде пред остали свет а сега тука со еден пост да добие. Не оди така.
    А ти жабо за да ни замачкаш очи, смисли еден текст за твоите влакна и како влијаеле негативно на социјален живот...пример.
     
    На Summerlover, sanushka, Doozy и 7 други им се допаѓа ова.
  6. Kaja78

    Kaja78 Нов член

    Се зачлени на:
    5 декември 2016
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Прости Zhap4e, но „тебе никој, нигде, не те наџе“!

    Најкултурно ти честитав за наградата и апсолутно за ништо не те обвинив. Никој тебе не те прозва.

    Прозвани се единствено и само оние кои одлучиле кому ќе му ја дадат наградата.

    Но, сметам дека е крајно некултурно да се исмеваш со проблемите кои ги имаат одредени жени, меѓу кои сум и јас. Мојата „прича“ е прилично вистинка и ќе си го зачуваше дигнитетот, доколку не одговореше, вака како што одговори.

    А сега, слободно продолжи да го конструираш својот заговор.

    Они кои се прозвани и онака нема да одговорат, ќе се скријат во глувчешка дупка.
     
    На Gosh, SnowWhite8, Elence93 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    Де бре Жабо, па барем за поткожни влакна да прашаше. :D

    Сега сериозно, за Фемина: многу, ама многу лоша стратегија.
    Ако подарокот беше за форумџиките, да оставевте на форумџиките. Немаше потреба од промоција на ФБ со цел повеќе профили и кликови на сајтот. Прво - темата се расипа со двојните профили и безброј исти прашања (поткожни та поткожни). Требаше да има некое правило и да ги регулирате троловите.

    Ако добиеше некој од тие профили - ние секако ќе протестиравме затоа што нели, "подарок за среќна форумџика" си стои во првото мислење, а под форумџика не се подразбира некој со едно мислење во една тема.
    Сфаќам зошто @Kaja78 се чувствува изиграна. Ги намамивте на сајтов на некој начин, со таа промоција. Имаше многу тролови на темава (уствари еден-два со многу профили), но не мора да значи дека и таа била (и луѓе, стварно нема потреба да се потсмеваме на тажната приказна затоа што ова и тоа како може да биде проблем за една жена). Има смисла нејзината критика кон вас.

    Значи друг пат, ако планирате да добиете сообраќај и кликови, едноставно промовирајте на почетната страна, како што беше направено претходниот пат. Може да барате коментари таму и нема љутиш. Охооо, наплив од кликови и никој не се лути. Вака, не. Ако беше некоја од "нив - новите", ние староседелците ќе креневме бунт (барем јас, сигурно ќе се побунев зашто ќе мислев дека Фемина сама себе си го додели). Вака, новите членки, кои не може да се наречат членки, се чувствуваат изиграни. По толку труд. :D
     
    На LollySky, HermosaMariposa, Summerlover и 19 други им се допаѓа ова.
  8. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Не ја следев темава речиси воопшто, освен што читнав по некој ремет за новиве профили зачленети само за награднава игра :wasntme: :lol:
    Затоа што би ми било драго за секоја мила феминка која си ја читам и почитувам ако добие некаков подарок, дојдов да ѝ честитам на @zhap4e - со здравје да си го користиш! :hug: :angel: ^_^
     
    На Summerlover, Bozica1980, Kukla994 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Haritiela

    Haritiela Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2013
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    222
    Пол:
    Женски
    Често пати ми се иритира кожата од бричеви, електрични депилатори па дури и од восок и шекерна депилација.
    Овој препарат би ми бил најпотребен
    само ме интересира дали зраците штетно може да делуваат со оглед дека е фотодепилатор?
     
  10. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    4.682
    Допаѓања:
    46.940
    Лелеее @zhap4e жабееее ептен ми е мило што ти го доби депилаторот, навистина.:party::inlove::f:
    Со здравје да си го користиш мила :hug:
     
    На Bozica1980 и zhap4e им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.