1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

ПОДАРОК Philips Lumea Prestige за вас + консултации со дерматовенеролог

Дискусија во 'Тело' започната од Femina, 17 ноември 2016.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. rose60

    rose60 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2015
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    2.753
    Пол:
    Женски
    Колку е цена ? На раце депилирам , ретки ми се и бледи не црни, дали би помогнало за трајно исчезнување?
     
  2. Angel.Heart

    Angel.Heart Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2012
    Пораки:
    593
    Допаѓања:
    2.053
    Го имам тој од 31 000ден и не сум баш задоволна, можеби и не бев доволно упорна, а имам бел тен и црни влакна, совршено за ласерот. По читањата и искуства на другите пишува после 8 третмана влакната се намалуваат за 75 посто, мене ни 35 посто не исчезнаа, се разочарав и престанав да го користам. Еве ќе му дадам втора шанса ќе почнам на секои две недели да го користам до летото, можеби и не треба да се ослонувам на рекламата дека по 8 третмани се намалуваат, сепак секој има различно влакно, можеби кај мене по 88 третмана ќе има резултати хаха.
    Инаку @Rose96 и јас имам флеки кај препоните од поткожни влакна и никако да ми поминат веќе дооолго време. Како успеа да ги излечиш? Да не бидеме оф можеш да ми пишеш во лп, би ти била благодарна.
     
  3. tranquila

    tranquila Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2014
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    83
    Мене ме интересира дали стварно е ефкасен и дали има некакво штетно влијание доколку се користи на лицето?

    Ја би сакала да го пробам овој метод за отстранување на влакната. Јас по природа сум по влакнеста поради одредено хормонско пореметување.Најмногу би ми помогнал при отстранувањето на влакната на лицето ( брадата) кои ми растат мн брзо и мн се цврсти.Обично се депилирав со восок на лицето , немам многу осетлива кожа но за да скратам на време пробав да се депилирам со депилатор.Од тогаш се влоши состојбата и влакната ми растат многу брзо ,со многу по голема цврстина и се многу остри на допир,што не е случај со други делови од телото(раце,нозе,пазуви) .Пред 3 месеци пробав да се депилирам со шеќерна депилација за намалување на растот и густината на влакната и можам да кажам дека има мало подобрување.

    П.С: Доколку некој го има мојов проблем со влакната на лицето и доколку знае некој начин како да се справам со влакната, да ја намалам нивната густина и острина нека ми пише.
     
    Последна измена: 18 ноември 2016
    На SnowWhite8 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    Би сакала да го пробам апаратов за отстранување на влакната пошо и јас и мајка ми мака мачиме со влакна. Само тој што ги има премногу знае што е таква мака. Не памтам кога сум била со мазни нозе. Ќе се издепелирам класично со восок, за 2-3 дена јас пак имам влакна, на одмор на раат да неможип да отидиш. Со машинка исто, за 2-3 дена оооп влакна и треба нон стоп кај и да одам со машинката јас, а од друга страна со нејзино користење и излегуваат и поткожни, па и нив треба да ги лечиш. Така да, во последниот месец сум префрлена на брич. После сите пробани варјанти за отсранување на влакната со топол восок, со ладен, со шекерна паста, со депилатор јас стварно кренав раци. Неможам три дена да бидам мазна после пак влакна па ајде да чекам уште дваесет дена за пак да одам на депилација или па да се шетам со поткожни. И така, сега со бричот се дружам некој период пошо веќе друга опција не гледам. Т.е гледам, ама немам финансии да го купам фотодепилаторот, а се крстам уште на тоа. Се надевам спас ќе ми биде, а и веројатно лесен за ракување пошо немам ич бенки по телото за да ме плашат тие. Се прашувам само зрациве штетни се за кожата?
     
  5. Д-р Давчева Битољану

    Д-р Давчева Битољану Нов член Верификуван профил

    Се зачлени на:
    28 октомври 2016
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Нема проблем да се употребува Philips Lumea од повеќе личности, дури и во поглед на хигиената. При третманите, кожата треба да е здрава, чиста, сува и мазна.

    Заедно со уредот доаѓа и меко крпче за чистење. Секоја корисничка на уредот, по завршувањето на третманот, треба со неколку капки вода да го навлажни крпчето и да ги исчисти прозорчето за излез на светлина, надворешните површини на додатоците и металната рамка во внатрешноста на додатоците.

    Неопходно е само да ги следите основните препораки од упатството за чистење и одржување на уредот, кои важат за секој корисник. :)

    Да, Philips Lumea може да се користи од личности кои имаат бенки на кожата, само што бенките мора да се заштитат од импулсите светлина и да се заобиколуваат при третирањето на кожата.

    За таа цел, се препорачува да се користи бело моливче (за шминкање) со кое би се обоила бенката. Важно е моливчето да е бело, бидејќи темните бои ја апсорбираат светлината, додека светлите ја одбиваат.

    Поминете ја со уредот кожата околу бенката, но НЕ „блескајте“ врз самата бенка.

    Сите бенки се различни, па најдобро е да се консултирате со дерматолог, за да може да ги прегледа бенките пред да даде финален заклучок.

    Третираната кожа не потемнува доколку уредот се користи правилно, т.е. кожата не е премачкана со козметички препарати, не се користи превисок интензитет на светлина, не се користи врз изгореници од сонце или врз неодамна потемнета или вештачки потемнета кожа.

    Ако, како што разбрав, кожата на одредени делови од телото веќе ви е потемната, препорачливо е таму уредот да го користите на понизок интензитет.

    Всушност, Philips Lumea не е ласер, влакната опаѓаат како резултат на технологијата „Интензивно светлосно пулсирање“. Тоа е иста технологија која веќе 20 години наназад се користи во професионалните салони за убавина, при што не се регистрирани случаи на кожни заболувања. Сега Philips ја прилагодија истата технологија за да можеме да ја употребуваме во приватноста и удобноста на нашите домови. :)

    Над еден милион жени само во Европа имаат Philips Lumea. Досегашните тестирања од дерматолози и сите научни докази коишто се достапни до ден-денес, укажуваат дека уредот е безбеден за употреба.

    Оптималното отстранување на влакната не може да се постигне со една сеанса, бидејќи подложни на третманот со светлина се само влакната во фаза на раст. За ефективно третирање на сите влакна, морате да го повторите третманот повеќе пати на растојание од две недели.

    Веќе по само три третмани, може да се забележи намалување на растот на влакната до околу 75%.

    Мое мислење е дека е подобро да не се користи овој тип на отстранување на влакна кај човек кој има витилиго.

    Витилигото е автоимуна реакција каде имуниот систем на човекот ги напаѓа сопствените пигментни клетки, а светлината на уредот го напаѓа пигментот во влакната, но може и во околните пигментни клетки и со тоа да придонесе во дополнително осветлување на истите.
     
    На Ja-ja-ja, tranquila, Lidija_lide и 9 други им се допаѓа ова.
  6. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Брзо, лесно, безболно и ефективнооооооооооо:?: Можно ли е ова или е само една од многуте лажни реклами!?
    Би сакала да го добијам како подарок и да се уверам дека навистина не било лага:*
     
    На fallenangel, rose60 и larrachi им се допаѓа ова.
  7. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    3.857
    Допаѓања:
    18.985
    Пол:
    Женски
    Баш го гледав во Нептун, ми се допадна, ама со сите трошоци околу бебето и дома, нема шанси во догледно време да вложам во овој апарат. Како и да е, како и се друго и ова си бара посветеност за да има резултати, нели. Ако ми падне на подарок, може и нема да битам толкаво влакнесто чудовиште :D :D :D
     
    На ♡BuBaLe♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  8. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.330
    Допаѓања:
    47.735
    Пол:
    Женски
    Баш убаво изненадување од Фемина.

    Последниот пат кога бев на класична депилација,ми препорачаа ласерска која прави влакната да исчезнат до 90% после неколку третмани.

    Моето прашање до Вас е,која е предноста на интензивно светлосно пулсирање пред ласерската технологија?

    Во секој случај,добро е да се има ваков уред,посебно во брзото секојдневие,кога одењето на козметичар за основни третмани кои секоја жена ги прави,е вистински временски луксуз.
     
    Последна измена: 21 ноември 2016
    На joy1, ♡BuBaLe♡ и Dust им се допаѓа ова.
  9. Desi1991k

    Desi1991k Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2016
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    430
    Пол:
    Женски

    И јас сум заинтересирана но го имам истиот проблем со бемките... и затоа не се решив сеуште да го купам -.-
     
  10. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.879
    Допаѓања:
    13.392
    Мене ме интересира дали би функционирало на посветли влакна.
    На одредени делови на нозете, на пример на задната страна на надколеницата се посветли и помеки, дали би бил исто ефективен апаратот како и на потемните, како оние на подколеницата?

    Апаратчево е можеби исплатлива инвестиција, со оглед на тоа колку пари би дала на депилација низ годините, ама со оглед на тоа дека сум студент, нема теоретска шанса да си го дозволам.
     
  11. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.669
    Благодарение на апаратов јас немам повеќе влакна под пазуви зошто тоа е единствената регија што ја третирав/третирам редовно. Да бев малку поодговорна ќе имаше подобри резултати и на други места освен 20-30% проретчени влакна заради првите неколку редовни третмани.
    Здравје на пролет ќе се усилам пак за да се соголам до лето :lol:

    Туку во дискусијава не се уклучив за да станам потенцијален добитник, две не ми требаат. Сакам само да посочам дека е одличен подарок и однапред и честитам на девојката што ќе го добие.
     
    На dzeliii, duffi, Gosh и 4 други им се допаѓа ова.
  12. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Јас имам хормонско пореметување и имам многу влакна по лицето, брадата и на надусниците. Се депилирам скоро секојдневно, по депилацијата ставам пудра, имам многу бел тен а црни влакна па оние кои се поткожни што не се излезени на површината се познаваат. Сум била и на ласерска епилација, ( и на хормонска терапија) имаше резултат ама за половина година или повеќе пак ми се вратија и сега се пак многу јаки појаки и од порано што беа. Ужас!! Мислам дека овој апарат работи на сличен начин како епилација само треба упорност за да ги снема влакната, јас по не знам колку пати ги изретчив влакнава, знам дека долго време одев на епилација. Како и да е барем некој период си раат. Би сакала да го пробам производот зошто навистина имам голем проблем . :(
     
    Последна измена: 21 ноември 2016
  13. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.776
    Допаѓања:
    5.396
    Дали може основниот модел, тој што е без додатоците, да се користи за целото тело? Исто така имам на неколку места на рацете прилично густи бемки, односно бемки оддалечени по неколку милиметри, тоа значи дека овој дел треба да го изоставам од третманот, бидејќи потешко изводливо е да го третирам овој дел од рацете без да зафатам некој бемка?
     
  14. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.990
    Пол:
    Женски
    Јас сум цела таква, бела со влакништа црни огромни, посебно на задна ложа на нозе, препони, дури и на стомак и на грб, а и сестра ми е како мене.
    Се имам пробано, и шекерна депилација, и восочна и депилатор растат влакната после една недела, а со депилаторот иако е најисплатливо милион поткожни, спас нема:(Единствено ова го немам пробано, а не ни имам можност за да го пробам.
    Мене ме интересира дали може на интима да се користи?
     
  15. lovely97

    lovely97 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2016
    Пораки:
    710
    Допаѓања:
    9.087
    Пол:
    Женски
    Би сакала и јас да го добијам.
    Имам полицистични јајници, и влакнатоста ми е изразена апсолутно насекаде. На лице, раце, пазуви, стомак, грб апсолутно насекаде. Користам брич од причина што неможам да трпам голема болка. Имам депилатор, но неможам со него бидејќи премногу боли. Имам купувано и восок, но од што ми се густи влакната неможам да постигнам секаде да се фатам, а за на козметичар во нашиов град, сеуште не сум слушнала за козметички салон кај што депилираат. Па би била многу задоволна и среќна и барем еднаш да влезам во када да се бањам, а да не морам да се бричам. :)
     
  16. Д-р Давчева Битољану

    Д-р Давчева Битољану Нов член Верификуван профил

    Се зачлени на:
    28 октомври 2016
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Доколку атопичниот дерматит не е изразен во моментот, односно нема видливи знаци за негово присуство (црвенило во брунчиња, крусти), а и вие си користите редовна козметика препишана од дерматовенеролог и кожата е во ред, користењето на овој уред нема да предизвика проблем.

    Напротив, со него ќе се намалат влакната, а и оние влакненца кои ќе израснат ќе бидат нежни, така да нема да треба да правите депилации кои ви ја сушат кожата. Ако Philips Lumea го користите исклучително според протоколот за работа кој е во пакувањето, нема да има никаков проблем. Истовремено си продолжувате со редовна употреба да препишаната козметика.

    Влакната опаѓаат помеѓу третманите, а се попречува и нивното повторно растење.

    Повеќе информации за уредот, вклучително и цената, можете да најдете тука: http://www.lumea.philips.com.mk/

    Во случај кога кожата ви е осетлива и реагира при депилација, подобра опција за отстранување на влакната е Philips Lumea. Тој го намалува бројот на влакната, а и тие влакна кои растат се помеки, па не ја оштетуваат кожата. И хигиенски ова е подобрата опција.

    Поради хормоналните промени во телото за време на бременоста и доењето, НЕ треба да се користи уредот во овие деликатни периоди.

    Како што и споменавте, најголем ефект има кај светла кожа со темни влакна. Доколку влакната ви се светлоруси, веројатно нема да има ефект каков што посакувате.

    Уредот е соодветен и за чувствителна кожа, бидејќи воопшто не ја надразнува.

    Откако еднаш ќе поминете низ првите четири третмани, повторното растење на влакната е индивидуално. Во зависност од тоа, треба повремено да ги повторувате третманите. За кожата да ви остане мазна, повторувајте го третманот на секои 4-8 недели.

    Се разбира, влакната паѓаат од корен, па во никој случај нема да се појават после вториот ден.

    Поткожните влакна се непредвидливи при вакви третмани, не би можела да дадам дефинитивен одговор.

    Многу жени имаат позитивни искуства со Philips Lumea, бидејќи влакната омекнуваат и НЕ прават рани и надразнувања како острите влакна. Некои забележуваат значително намалување на поткожните влакна.
     
    На LadyInTheDark, girl-miri, mode-kristina и 2 други им се допаѓа ова.
  17. ninorta

    ninorta Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2016
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    Јас го имам пробано 3 пати на 8 дена, по правилото треба од почеток на две недели, ама јас знаев дека малку време ќе го користам бидејќи не е мој лично. Затоа дека треба повеќе од 6-7 третмани да се види резултат ,да сигурно со време дека има ефект. За мене само тоа е решението само, имам влакна на лицето и од колку ми ствараат недоверба , со солзи се тешам :( , тешко е многу, прво дека наследно генско имам, второ не е само на лице туку цело тело кај што луѓето нормално имаат мене се црни и густи, мнооогу би сакала да го имам, ама и неможам да си го дозволам и уште невработена. Само посакувам на никого да го има мојот проблем. по 2 часа на ден сум со чупалица( од кремите, лентите ништо , уште полошо) и од тоа се сум со мозолчиња :( .. Јас по мое ако има некој како мој проблем , само ласерот е решението , кој може да го купи.Ви посакувам среќа :)
     
  18. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Бела сум како дух, влакната ми се како Нигериец црни.
    Што да кажам повеќе од ова кога повеќето жени го имаме истиот проблем, и бараме исти решенија :)
    Би сакала да го добијам секако, од се што прочитав соодветен е за мојата кожа, а посебно ми се допаѓа тоа што има начин да ги заштитиме бенките.
     
  19. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.107
    Ме интересира, што е со тетовирана кожа? Дали може да се користи уредот врз тетоважата и при тоа да не ја оштети? (ова не прашувам за себе, за другарка, зошто муабетов го правевме летоска, а има тетоважа на листот на ногата)
    И второ нешто што ме интересира, освен бременост и слични деликатни периоди, дали треба да се внимава во употребата на апаратот во период кога користиш лекови на кои е нагласено дека во одреден период дека кожата може да биде фотосензитивна?

    Мање-више дали ќе го добијам, а имам интерес зошто е попознато дека сакам да експериментирам со се што е можно од козметика и козметички третмани. Голема инвестиција е чисто да го земам за експеримент, а да не видам аир, секогаш сум секптик, морам да пробам за да се убедам. А и имам голема уста за фалење ако го бива. *намиг*
     
    На Bozica1980 и LivingGlam им се допаѓа ова.
  20. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    Од разноразни купени апаратчиња за козметика, единствено депилаторот ми е корисна алатка.
    За жал, само на мене.
    Ќерка ми кога се депилира(ше) вришти како да ја колат.

    Никогаш не сум добила нешто на ваков начин :|
    Ако удри гром во коприва ветувам частење :D

    И немам гајтан веѓи, мустаќи и плетенки на нозе.
    Немам ни прашања, не дека се знам ... ама доста работи прочитав :angel:
     
    На Bozica1980, fallenangel, LivingGlam и 2 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.