Здраво, имам еден проблем за мене голем не знам вие како ќе го сватите, стамежлив сум, но сакам една девојка која е поголема од мене 2 години (јас 17 -таа 19), па сакам да прашам за совет што да правам како да и се претставам, се плашам да не ме одбие. Ве молам за помош, благодарам однапред.
И јас сум била таква како помала,но со текот на времето се намалува срамежливоста,не се секирај! Во врска со твоето прашање,првин не оди веднаш со став дека би те одбила,тука уште поголема блокада си ставаш.Од кај знаеш,можеби веднаш ке и се допаднеш Почни прво со пријателски разговор.Ако не се знаете,почните со запознавање,пример што учи,дали има хоби и сл. пронајди некој заеднички интерес и ке видиш дека муабетот сам ке си тече
Еј, Витомир, ти си ја фати Срцепарајуча наша па сега ич не ти чуе . Дај му де совет на детето . Николче, однеси ја у кино на 3Д, мора па падне на ова. И мене вака ми направија и на првите скали се утепав .
Опушти се ,пред се. Љубовта бара спонтаност ,а не програмирани разговори и движења. Пријди и како да ти е потребно нешто од неа (пр. книга ,совет ,што да е) ,посе се ќе си дојде на свое место. Поздрав и многу среќа!
Сакав да дадам ист совет. Значи не и приоѓај дирекно и да ја прашаш дали сака да се фати или мува со тебе Мене тоа ми е одвратно.И до сега секој што ми пришол на таков начин-бил одбиен. Зближи се со неа другарски,на кафе,некои општи муабети.Остави да помине малку време,за да видиш дали чувствува нешто за тебе. А тоа што е поголема од тебе,нема апсолутно никаква врска. Ајде со среќа.
Нема смисла за девојката на мене свеедно ми е јас примам шала,но стварно не сте фер спрема срцекршачка.поздрав