Ова ми е прва тема, ајде да видиме што мислите по повод овој спектакал? Впечатоци и размислувања!? Јас кажав: празникот е ок, си го славам и чествувам ама ми личи на оние прослави во времето на бивша СФРЈ оти ете имате штафета, Керолајн ќе ни ја пее химната нова и замислете сите ќутат демек песнава со посвета до Аце е, ни ја фалсификуваат историјата и идентитетот , Бог да чува си ги заборавија комитите нивни од ВМРО Гоце Даме Карев....викаат комунистичка е химнава сегашна значи овие комунисти биле па по се изгледа Алексанар бил основач на ВМРО- ништо чудно и со такви факти да излезат оти нив ги бива само за историја и тоа апстракна, и од прославата направија митинг на ДПМНЕ како само тие да имаат право да го чествуваат празникот и како само Македонија да е нивна. Е па не е, таа е и моја и на сите и мене ми изгледа како да повлекуваат линија- сите што нема да бидат таму се предавниците оти...оти сами тие ја направија партиска прославата али ај тоа минува ...ама олку режимска па уште и декларацијата во музеј на ВМРО да седи со должна почит ама мислам дека местото не и е таму! Да нека биде изложена јавно ама зашто во музеј на ВМРО? Самиот тој чин потврдува се што кажав погоре дека ДПМНЕ сакаат ексклузивно право на Македонија....по мое тоа не чини. А за фустанот и химната.....треба ли да кажувам? Самата таа лудост кажува се без речи....... Ајде да видиме........ И честит празник до сите, да ни се множат годините и ова да ни биде за памет како не треба да го чествуваме овој ден во иднина и конечно последен раздор нека биде и во иднина сите заедно да го славиме овој ден без оглед на политичка определба, националност, вера оти Македонија ни е татковина на сите без оглед на се!
отворила Oфи ваква тема kafe-muabeti/republika-makedonija-20-godini-nezavisnost-t8278/20.html#p707215