1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

ПСИХИЧКИ/ЕНЕРГЕТСКИ/ЕМОЦИОНАЛНИ ВАМПИРИ

Дискусија во 'Канта' започната од Ледена Кралица^^, 29 декември 2017.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Ледена Кралица^^

    Ледена Кралица^^ Активен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2017
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Женски
    Неможев да најдам ваква тема, ако има бришете.. :mm:
    За оние кои не се запознаени:

    Енергерски Вампир е човек кој нивото на своето биополе го одржува на сметка на другите.
    Астрологијата ги дели луѓето на Соларни и Лунарни, независно од тоа во кој зодијачки знак се родени. Во психологијата истиве се нарекуваат „екстрoвертни“ и „интровертни“ типови.


    Енергијата на Соларните луѓе-вампири е врела и сува. тоа се жестоки и агресивни луѓе, садисти и егоисти. Сами ги напаѓаат жртвите, предизвикуваат скандали и конфликти, настапуваат дрско и со навреди. Предизвикуваат отворено и тогаш кога имаат задни намери. Нив ги движи завистта, злобата и омразата. Соларниот вампир е во состојба инстантно да ја исцица енергијата од донаторот и истиот да го остави до крајна исцрпеност.

    Соларниот вампир може да се препознае по линиите на дланките кои се темно црвени или лилави, наместо рамномерно црвени(кај обичните соларни луѓе). Тоа значи дека неговите енергетски канали се загадени.
    Лунарните вампири имаат жолти или темно смеѓи линии на дланките, додека кај обичните лунарни луѓе тие се безбојни(со боја на кожа).
    Поради ваквите луѓе се употребуваат изразите :„ Ми ја пие крвта“, „Ми го труе животот“, „Ме исцеди“ и сл.

    ....Од тука и асоцијацијата со вампиризмот
    .

    ЗАВИСТ

    Истражувањата покажале дека најдлабокиот корен на енергетскиот вампиризам е завистта. Ваквите луѓе им завидуваат на другите со позитивни чувства, па сакаат да ги украдат за себе, а ако не можат, барем да ги уништат добрите емоции кај другите.

    ЖРТВИ

    Енергетскиот вампир не го добива она што всушност го посакува: исполнетост и задоволство. Не се сите луѓе подеднакво подложни за да станат жртва на еден ваков вампир.Најзагрозени се оние што на некој начин зависат од нив: децата, брачните партнери или подредените на работа. Некои карактеристики на личноста посебно влијаат на тоа дали ќе стане жртва на некој енергетски вампир: Чувството на вина и недостаток од самодоверба или пак навика постојано да им се удоволува на другите луѓе.

    Кој се може да биде крадец на енергија?

    СЕЗНАЈКОВЦИ:
    Ова е посебен вид „модерни вампири“. Тие секогаш знаат се’ и најдобро од другите и постојано се фалат со своето знаење и способности. Додека ги слушате нив имате чувство дека вие всушност ништо не знаете. Тоа се обично немажени/неженети луѓе, делуваат помалку срамежливо а со своето знаење се обидуваат да се докажат.

    СИТНИЧАРИ:
    Овие луѓе секогаш и секому ќе му пронајдат мана. Овие вампири и во јајцето ќе најдат влакно.

    ЗЛОБНИЦИ:

    Ова е најопасниот вид. Нивниот напад вака изгледа: најпрво се слаткоречиви, а потоа зад вашиот грб ќе зборуваат се’ најлошо за вас. Полни се со отров.

    ДАВЕЖИ:

    „Бла, бла, бла“-луѓе што не касаат туку премногу зборуваат. Тие ја зграбуваат својата жртва и не ја пуштаат се додека не ја исцицаат и последната капка енергија.

    ВЕЧНИ ЖРТВИ:

    Ќе ве хипнотизира со својата беспомошност. Вашите обиди да им помогнете ќе бидат безуспешни зошто тие толку многу навикнале на болката што немаат намера да се одречат од неа. Сепак уживаат во тоа другите да ги сожалуваат.

    ЗАВОДЛИВИ ПАРАЗИТИ:

    Намамуваат со внимание, ласкање и комплименти. Ја црпат силата од туѓиот ентузијазам, идеа и креативност. Со безброј прашања навлегуваат во вашиот живот и се обидуваат да ви го украдат.


    Сакав да отворам дискусија. Ајде да ги кажеме сите своите идеи како да се заштитиме од ваквите луѓе, затоа што ги има прилично многу во денешно време. Обично енергетските вампири не се свесни за своето однесување.

    Јас мислам дека е најдобро е да ги игнорирате или пак да поставите граници.Што велите вие?:^)
     
    На martovsko cveke му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.