Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Павловичева маст (детска крема)

Дискусија во 'Лице' започната од velesanka, 28 април 2010.

  1. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Оргиналната т.е. првата што си ја поставила е најдобра.
    Може и за лице да се користи,т.е. не само што може него и е супер,независно дали ти е мрсна кожата или не.Дури и да си исфрлана,ќе ти се повлечат акните.

    Другите се добри ако се за друга употреба,ама на лице никако.Посебно не ако имаш мрсна кожа.;)
     
    На A-j-a му/ѝ се допаѓа ова.
  2. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.024
    Срцко фала ти многу посебно ме израдува со коментаров дека била супер за лице. :) Исто така фала и на zhap4e и Lovely.
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ButterflyWings

    ButterflyWings Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    9
    Без павловичева маст не можам,откако ќе се намачкам со млеко за тело,ставам павловичева на сувите места,односно на стапалата,на колената ,после депилација на веѓи и бркот обавезно се мачкам со павловичева.
     
  4. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    988
    Ја користам розовата витаминска крема и тоа за многу намени. Како крем за раце, за нега на кутикулите, како лабело, на лактите и другите места каде кожата е погруба, едно време се мачкав на цело тело и ставав навечер на лицето за спиење зошто приметив дека многу брзо ми поминуваа мозолчињата. Една другарка која има светол тен ја ставаше пред сончање зошто подобро се фаќало боја без да изгориш...но обавезно и крема за сончање со SPF. Се на се, прекрасна крема која може за се да се искористи :up:
     
  5. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.783
    Допаѓања:
    100.177
    Пол:
    Женски
    Розевата павловиќева е најдобра за моите раце и пети,чудесно ги омекнува,ниедна крема не ми ги прави такви.. :rock:
     
  6. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Ја користам ама не за лицето затоа што ми е многу мрсна, инаку за рацете и за стапалата ми е супер, многу ми ги омекнува.
     
  7. RedRose97

    RedRose97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2010
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    159
    Ја обожавам павловичевата маст. Порано повеќе ја користев. Знам дека може да помогне и со чевлите. Ако некои чевли ти прават плускавици, тогаш пред да ги облечиш се става од павловичевата на петите доволно за стапалата да ти се лизгаат малку и потоа чевлите ќе си ги облечиш и ништо нема да биде. Помага. Само треба да се пазе да не ставиш премногу, несакаш да ти испадне чевелот од ногата :D .
     
  8. agirl17

    agirl17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    имам користено павловичева на галафарм од розевата ( на стриите се мачкам, на лице никако!), сега си купив нова-на андросфарм, исто македонска, и повеќе ми се допаѓа од претходната,во себе содржи и бадемово масло, витамин Е и витамин АД. Е сеа мириса малце непријатно,ама то е :D
     
    На sleepingbeauty му/ѝ се допаѓа ова.
  9. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.024
    Сакам вака јавно да и се заблагодарам на Miss-Independent за овој совет кој го применив и кој после не незнам колку не успешни обиди конечно ми иде да го бацам огледалото кога ќе се погледнам :lol: Девојко господ се најубаво да ти даде во животот! Ти благодарам од се срце :*
     
    На Miss-Independent му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    719
    Aja дали ја купи оригиналната павловичева и дали има непријатен мирис? Ќе ми помогне ли за лишаи на лицето кои ми излегуваат повремено? Мислев да користам крема со алое вера ама мислам дека оваа би завршила повеќе работа...
     
  11. kumalisa

    kumalisa Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2011
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    74
    Ја еднаш ставив еднаш и светев ко лампион пошо ми е помрсна кожата. :lol:
     
  12. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.024
    да оригиналната павловичева ја купив мене не ми мириса баш нај нај ама ок е битно помага. Мене ми помага за бубулици, а за лишаи не знам да не те излажам пошто немам проблеми со лишаи на лице. Прочитај ги коментарите назат ќе видиш за што све ја фалат оваа крема може негде има спомнато за лишаи.
     
    На Jojoba му/ѝ се допаѓа ова.
  13. mishulence

    mishulence Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    16
    Ја имам таа розевата.Ок ми е ,обично навечер ставам и кога ќе станам лицето ми е свежо,меко на допир,папкало кремичка и нахрането е :)
    А за преку ден др. крема ,некако е тешка за преку ден.
     
  14. ElleS

    ElleS Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    210
    Неможам да ја користам оваа крема, убава ми е за лицето, го омекнува ама многу јако ми мириса. А јас јаки мириси тешко поднесувам.
     
  15. simonaspase

    simonaspase Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2011
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    10
    А по аптекиве има Оригинална Павловичева ? Или каде ... ? :)
     
  16. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.666
    Допаѓања:
    6.242
    јас ја користам за по тело само за во зима ,и особено ако сум на диета, не дозволува да ми се јавуваат нови стрии а и со масажа ми делува на целулитот....а ја користам така затоа што им ја препорачуваат на трудници , да не им се развлече кожата по породот
     
  17. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Имаш и низ аптеки и низ сите поголеми маркети
     
  18. simonaspase

    simonaspase Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2011
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    10
    Јас ја имам користено розевата павловичева ...Али ја сакам оригиналов .... Така да прашувам кај ја има.... А колку пари е ??? :$
     
  19. al4e

    al4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2011
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    11
    Значи подобра крема од оригинална павловичева нема. Ако имам некоја брунка или црвенило каде и да било на моето тело навечер пред да си легнам и утредента нема ништо, иначе да мрсна е затоја јас преку ноќ си ја ставам. А и ќерка ми исто кога и да има црвенило од павловичевава и го снемува. Јас ја купувам од Зегин најефтина е таму 160 ден
     
    На baby-star му/ѝ се допаѓа ова.
  20. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    И јас од Зегин ја зимам, ама ја има низ големите маркети.
    Помага и за лишаи. Сестра ми имаше на ногата, не и поминуваше со недели и ми тека мене и дадов да стави да проба, ко чудо некое и го снема за 2 дена
    Мене порано многу ми се лупеше носот, сува кожа и затоа почнав да ја користам и го немам веќе тој проблем. Стварно е универзална :)
    Премногу е мрсна за секоја кожа за преку ден, ама навечер се мачкам за било што. Исто и за испукани усни е перфекција