Павлочивета за лице е подобра доколку имате сува кажа. Во спротивност дава диско топка ефект. Ја користам на Алкалоид. Верен фан сум на Бекутан и имам најмногу доверба во неа од оправдани причини.
И јас го делев тоа мислење Сефора до пред неколку дена. Случајно прочитав дека помагало за лечење на акни и митисери(имам комбинирана до мрсна кожа која со правилна нега ја претворив во нормална). Ја пробав еднаш, двапати и останав воодушевена Лицето си го доби оној здрав изглед, не беше мрсно како што очекував(добро сега треба да почекаш малку да впие). Исто така е прекрасна подлога за пудра и лечи црвенило. За 2-3 дена целото црвенило од лицето ми го снема. Презадоволна сум. Зборувам за оргиналната павловичева маст.
Битно е да правите разлика меѓу павловичева маст и детските креми Повеќето зборуваат за обична детска крема од низа марки кои немаат веза со павловичевата. Има огромна разлика, неспоредлива. Пробајте и ќе видите
Јас користам Павловиќева крема ама она оригинал што е на Д-р Павловиќ. Ја користам навечер кога ќе си легнам ги мачкам петите и лактите. Ја омекнува кожата и ја прави убава. И, кога ми се многу испукани рацете во зима ставам дебел слој од кремата на рацете пред легнување и утре сум како нова.
Ја користам на Галафарм во голема кутија 200 и нешто денари и стварно е убава, може да речам најубава крема и најефикасна, ама цел ден ми е лицево со крема, цел ден и ме фаќа нервоза некогаш и ја бришам
Павловичевата ја користам за пети пред спиење и многу ги омекнува. На лице не сум ставала, а и не би, со оглед на тоа дека имам нормална кон мрсна кожа
Јас ја користам оригиналната за лице, а за тело онаа розевата поима немам чиво производство е. За тело таа ми е поубава затоа што мириса убаво, за разлика од другава. Ставав на лице од оригиналната негде околу месец дена и стварно е убава, не е толку многу мрсна како што имаме вообичаено претстава за павловичевата. Е сега во последно време ставам бекутанче со цинк новото, ми се чини дека за нијанса поубава ми ја прави кожата.
И моја другарка ја користи Павловиќевата паст наместо крем за лице, девојката има најнежна кожа на светот! Става само малку ,бидејќи таа е доста мрсна , а ако и остане мрснотија ја впива со шамивче, Јас не ја користам оти ме нервира да имам нешто такво на фацата ,ама по искуството на оваа девојка ,би ви ја препорачала . Да напоменам само дека во животот нити една акна и нема излезено ,ни црнки ни ништо.
Јас ја користев павловичева на места каде што имав рани и со многу често користење одреден период ми помина!!! Дури се изнанадив
Убава е ама не можам да ја користам, кај и да одам на бебињата им ставаат од неа кога ке се искакаат и ме потсеќа не бебешка кака кога ке ја видам. Инаку поубава е од Бекутанот не е толку мрсна.
Си ја користев од порано оваа павловичева маст и бев задоволна од неа, а сега пред некое време си купив една друга (плава Павлодерм) која ја користам за лице и која ми е поубава од другата за таа намена. Оваа плавкава е со додаток на невен и пантенол, ми мириса убаво (на бебенце) и преуабава е ја омекнува кожата, си ја користам за се па и за лице.
Павловичевата маст најчесто си ја користам за стапала после добар пилниг си ги масирам со оваа маст и многу ми се мекички после тоа.. Исто си ставам и на задникот и многу ми е мазно... Знам некогаш и на раце да ставам но многу ретко го правам тоа...Сепак мислам дека добра крема е за оние што имаат ептен сува кожа...
Што може да направи оваа крема не сте ни самите свесни колку помага. Кога помага кај тешки коќни неискоренливи болести после некое време скоро и да ги снема...секоја и чест. Топло ја препорачувам
Павловиќевата маст се користи за цува кожа, значи ја хидратира кожата ја прави мазна и нежна и јас ја препорачувам за испукани петици и раце ќе ви помогне многу ( совет од иден фармацевт хааха )
Ја користам ,и од секогаш сум ја користела,и секогаш мора да ја имам дома па помага за се бе,на што и да ја ставам ми помага,и си ја сакам,али тоа што не ми мириса убаво баш.. Иначе има некоја нова,или јас сум ја видела покасно Со перу балсам е.И е подобра од обичната
Редовно си ја користам! Ставам на устата кога ќе ми испука, преку зимо и на целото тело. Дланките ми ги прави помеки и понежни. Многу ја сакам ♥
Ја користам оваа со неа го мачкам стомакот, градите и бедрите. Супер е кремава знам дека има оригинал, но оваа има убав мирис и е доста густа се гледа дека е квалитетна башка е и наш производ, оригиналната уште го има оној чуден мирис.