Дали по продавниците или некаде ја има се уште павловичевата од Галафарм? Ми рекоа дека ја нема, ниту во аптекиве, но да не ја имат се уште некаде на друго место, да не ја заборавиле Зарем веќе не е во продажба?
Одлична ми е за колена и лактови, успева да ми ја омекне грубата кожа на тие места. Другарка ја користи за лице и предобро и одговара, јас пробав еднаш и следниот ден бев целата со мозолчиња.
Мислам дека се користи само за на тело,не за лице Убава е,ја користев на некои места за да ми омекнат,наместо лосион или масло.Убава е и за петите,се мачкав понекогаш дека ми беа малку груби и ми се лупеше кожата.
Девојки, имам проблеми со акни на лицето и имам пробано секакви креми, но ниедна не ми помогнала како што треба и прочитав дека можно е павловичева маст да ми го реши проблемот колку-толку. Но, лицето ми е мрсно и не знам дали треба да ја користам. За суво лице е океј, ама за мрсно не сум сигурна. Хелп!
Павловичева во никој случај не е лек против акни... Не е ниту за лице, во суштина веќе ретко се употребува и за бебешки газиња затоа што, едно што составот е ужасен, и друго е тоа што од неа нема никаков бенефит во однос на негата на кожата. Го мрсиш само површинскиот дел на кожата, останатите слоеви остануваат дехидрирани, сè тоа во круг некое време и ете ти масна кожа која не може да се стави под контрола... Подобро немој, има толку голем избор на козметика за лице, можеш да одбереш нешто друго што повеќе би ти помогнало.
Павловичевата помага при воспаленија и мали рани,но нема некој ефект против акните.Подобро истражи што би ти одговарало од производите кои се наменети за справување со акните.
Важно е Павловиќевата маст да биде оргинална! Во Зегин мислам е околу 35ден. Намената е против надразнета кожа, на пр. летно време меѓу нозете внатрешните бутини ако ви се надразнети (црвенило, печење) после туширање намачкајте и ќе помине. Исто е добра против рани поради долго лежење во кревет (болни после операција на пр.) Но намената не е за акни.
Оригиналната Павличева не е за секојдневна употреба, зашто составот и’ е поинаков од другите Павловичеви, многу е густа, леплива, слична текстура ко да содржи восок, исклучиво се користи за заздравување на оштетени ткива, по потреба. Но, мислам дека не се препорачува за отворени рани. Другите Павловичеви (во жолто и розево кутивче), се користат за секојдневна нега на кожата.