Сакаме да земеме Павловнија за во двор, но не знаеме кое е најповолно време за кастрење на истата. Многу високо расте и тоа за многу кратко време (околу 5 метри за 1 година), така да итно ми е потребна информација, бидејќи никаде по интернетов не можев да најдам, а човекот од кајшто ја набавуваме не знае. Има ли некој инфо?
Да, српски-бугарски, се прочитав пред да пишам, баш и од овој сајт ама никаде не можев да најдам информација точно за кастрењето. И плус се јавив кај тој човекот што има МКД бројче од мобилен на сајтот оставено, а и тој не знаеше да каже кој е периодот за кастрење. Фала сепак за линкот! Да, тоа е тоа дрво