Со почетокот на коронавирусот, а потоа со почнувањето на војната во Украина, се случија тектонски економски промени кои го наговестуваат падот на Западот, хегемонија која моментално владее со светот. Економската, воената и политичката моќ се префрла на исток и се појавуваат нови џинови како Индија која моментално е најмногу населена земја... а светот стана мултиполарен, каде што е поделен помеѓу влијанието на САД, Русија, и Кина. САД, кој дефакто управува со поголемиот дел од Европа, Централна Америка, Австралија и Јапонија. Русија и Кина, како партнери, го шират своето влијание во Азија, Африка и Јужна Америка. Западот го тресе и огромна инфлација и рецесија, каде куповната моќ на луѓето е преполовена. Нешто што последен пат се случило за време на Втората светска војна во Европа. А, се повеќе потсеќа на Големата депресија. Најсилното оружје на Пакс Американа, петро-доларот, кој се штампаше без покритие, полека ја губи моќта како универзална валута. Земјите се повеќе склучуваат договор за размена на ресурси и стоки во кинески Јуани, а на повидок е создавање на заедничка валута помеѓу земјите во БРИКС, која ќе се темели на природни ресурси, и резерви на злато. Што ќе се случува во иднина и какви промени ќе се случуваат во светот? Како тоа влијае на нас, како земја која е членка на НАТО и дефакто сака да влезе во ЕУ?
Овој пад највеќе го гледаме во Европа, ксде европските џинови, Германија, Франција и Британија се во слободен пад. Прогнозите за империјата која одамна е отидена во историјата, се толку црни што се проценува дека ќе бидат посиромашни од земји како Словенија и Полска. At current levels, the UK will be poorer than Poland in a decade, and will have a lower median real income than Slovenia by 2024. Many provincial areas already have lower GDPs than Eastern Europe." Britain's GDP/capita expansion since 2006 is on par with the Long and Great Depressions. Why? Because we are in another, global depression. This one is silent because the economists cannot admit that they let it happen again. They do use euphemisms though.
Историјата се повторува Биполарниот свет никогаш не беше срушен, напротив, сега се зајакнува поделбата на Исток и Запад. Доларот падна, а мислам дека ќе го снема целосно како валута. Доста крадеа нафта и правеа намерно војни 'мериканциве на Блискиот Исток. БРИКС и те како ќе зајакне како организација, ЕУ е на последни конци, бар според мене. Не ми се коментира понатаму...
Времињата се менуваат. Светскиот полицаец тоне, а од тоа најмногу штета има Европа, САД е само полицаец во служба на Англо Саксонството т.е Англија, така да ништо нее сигурно и за многу брзо ќе замини во пензија, додека некои други сили забрзано енормно растат. Црвениот Змев е доказ за тоа, затоа е и таа паника во запад, бидејќи светот станува мултиполарен. Ние не требаше да се врзуваме само за една страна, за еден играч, туку треба да се игра паметно и мудро, требаше многу повеќе да се зајакнат односите со истокот, особено Кина. Кина е енормно водечка економска сила од која произлегува се, доволни беа само примероците преку донации кој ги направија за Македонија, да тоа е мал процент и не значи ништо, ама погрешните политики не водат кон друга страна. Можеби во иднина ќе се сменат некои работи. Мудроста доаѓа од исток, а Кина наскоро ќе го диктира целосно темпото на светот.
нели имаше муабети демек до 2030 Кина да е светска сила, ја мислам и порано ќе е. Убаво си истактизираа Русиве со војната, нишо не е наивно. Секад е со поголема заднина.. шо и да е, само да не го изедеме подебелиот крај ко и секад
Ми стана хоби да те читам и да се смеам деновиве. Иначе, во право си, ама ова срање го видовме, не тера на арно, ај друго срање да пробаме. Ко што лажат комунистите, во Кина немало спешл сноуфлејкс како култура, што за едно општество е ваљда здраво. Од друга страна, јбг не сме жолти, нема леб за нас. Ќе видиме што ќе биде
Кина е социјален експеримент. Америка коа ќе порасне сака Кина да стане. Со новиов блок шо го праат, ќе испушиме само ние шо на Америве воени бази на подарок им отвараме, додека они ќе си играат 3та свецка воња, шо би рекла бившата ми учителка у основно по историја.
Америка порасна, и остаре и во пензија ќе оди уште малце. Стар чоек ко стар чоек, ќе забегува во небулози. Ама реално, во право си, не можеш да бираш меѓу две срања, јер срање е срање. Шанса за нешто поинакво, ете, не се даде. Којзнае и дали воопшто постои.
Кина е веќе и сила, располага, управува и предначи во секој сектор и сегмент, економија, производство, тешка индустрија, автоиндустрија, земјоделство, технологија и ИТ, вселенски програми, медицина, образование, меѓународни иницијативи и проекти за соработка, поддршка и развој итн. Од последново најмногу бенефит имаат земјите од третиот свет особено африканските републики каде масивно се градат патишта, железници, економски развој и поткрепа, тука се и државите од југоисточна Азија и државите од Латинска Америка. Зошто се уште нее на првото место? Бидејќи не демонстрираат сила и насилство врз светот особено врз малите и сиромашни земји. Единствено за што се залагаат е мирот и преку овие иницијативи ги помагаат државите и народите од развој, за разлика од САД кои демонстрираат сила и насилство ако не ги задоволуваш нивните вазалски барања. Колку ли земји има САД бомбардирано за нивни интерест нарушувајќи го јавниот светски мир и поредок ама важно Русија е агресорот и Путин зошто го бранеле нивниот народ во Украина кој е под тероризам цело време од страна на Украина, од Украина не туку од западот, западот делува преку Украина и ствара тензии, русофобија, дестабилизација. Ете таа е разликата меѓу истокот и западот. Што би рекла кинеската филозофија, Јинг и Јанг. Има разлика. И Кина е 2-3та воена сила, па нема бомбардирано никого во светот искажувајќи "сила" на суров начин.
Пропаст не посакувам на никого и не верувам во мрачни сценарија. Јас сум за избалансираност на силите во светот. Подобро така, отколку една страна да воспостави хегемонија и да забега со сите под своја капа немоќни да се спротивстават.
САД нема да пропадне поради економска ослабеност. Се кревала порано, пак може. Треба да почне политички да ослабува за да почне и да пропаѓа(да губи моќ). А, тоа нема да се случи сè дур кукавици ја слушаат.
САД реално се на стаклени нозе. Ако не им е силата со оружјето и нуклеарните програми далеку ќе бидат од светска сила. https://kanal5.com.mk/chetvrta-amerikanska-banka-vo-nevolja-gi-razgleduva-strateshkite-opcii/a580407
3 во Америка и 2 во Швајцарија ли беа, што пропаднаа? Еве сега и четврта во Америка пред колапс. Кој очекуваше од Западот дека санкциите ќе имаат оваков контра ефект врз нивната економија. И дека доларот толку ќе страда. Лани се збореше ова време како Русија е пред колапс кога ја исклучија од Свифт, а го поминаа сето тоа толку глатко, што дури имаа и економски пораст.
Мене ме интересира, секако ако знаеш, како тоа би се одразило на Швајцарија? Имајќи роднини мои и на мм таму, некако не го чувствуваат тоа пропаѓање, животот па да речам и економијата им течат нормално. Што ми е чудно реално доколку навистина 2 големи швајцарски банки пропаднале.
Кој би знаел кога би се одразило и како. Од тогаш се стишаа муабетите за падот на банките. Знам дека читав, дека Credit Suisse ќе биде превземена од други швајцарски и американски банки. Дека е преголема да пропадне и ќе има огромна лавина од реакции по економијата. Тоа е последно што може да се прочита на интернет, а што се случува во позадина, не можеме да знаеме. Ама јасно е дека доаѓаат тешки времиња каде што највеќе, и први ќе осетат промена земјите со слаби економии во Европа, како Македонија и источноевропските земји, па потоа и останатите. На крајот ќе остане САД. 2008 со она што доаѓа сега, ќе биде смешка. Доаѓаат тешки времиња за петро-доларот. За мир во светот и подобра иднина се надевам дека нема да следат нагли промени, економски колапси и турбуленции, кои нас, воопшто не ни одат во прилог. Швајцарија, може ќе го изгуби комодитетот што го има сега, но верувам дека како држава никогаш нема да колапсира, се додека е во интерес на сите големи сили. Е сега, што ја прекрши неутралноста, не знам како ќе се одрази... Прашање кое, ако го знаев, немаше да бидам тука.
Пропадна Кредит Свис (втората најголема), ја презема УБС (првата најголема), што практично значи монопол во банкарскиот сектор во Швајцарија. Пошто вредност на банка се базира на вредност на нејзините акции, нејзините акции од 2008 до колапсот паднале за многу многу многу. А пошто акции се наводно вредност во која инвестираш за старост, многу луѓе, особено постари, останаа со прстот во уста. Тоа отприлика накратко. Башка падот на репутацијата - се покажа дека швајцарскиот банкарски сектор не е толку стабилен колку што сите очекувавме. А тоа значи помалку живи пари ќе се слеваат таму од местата од кајшто идат многу пари, ќе бараат богатите некои други постабилни решенија.Импактот ќе биде далекусежен.
Море само нашиве банки да не пропаѓаат, за странските не ме засега. Нашиот измачен народ ако пропадне банка, тие што таму штеделе срце ќе ги стрефи.