1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пад (The Fall)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Rock.Lady, 23 јануари 2014.

  1. Rock.Lady

    Rock.Lady Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    214
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Сместена во Белфаст, Северна Ирска, 'Пад' е серија која ја следи истрагата за неколку нерасјаснети убиства. Откако ирската полиција нема да успее да го реши случајот, ја контактираат детективката Стела Гибсон(Џилијан Андерсон) за помош од нејзина страна. Заедно со неа, започнува потрагата по серискиот убиец чија мета се млади бринети со успешна кариера. Интересно е тоа што лицето на убиецот е прикажано уште во првите неколку минути во првата епизода. Пол Спектор(Џејми Дорнан) е навидум обичен човек, со семејство и убава работа, но никој не ја знае неговата мрачна тајна...Дали можеби Стела Гибсон ќе успее да го разоткрие?

    Морам да кажам дека ова е една од најдобрите серии кои што сум ги гледала во последно време, иако не сум голем фан на трилерот како жанр. Случајно налетав на серијава бидејќи сакав малку подобро да се запознаам со филмографијата на Џејми Дорнан(кој, патем, после оваа серија ми стана еден од омилените актери) и навистина не згрешив што ја изгледав. Серијата е кратка, сега за сега има само 5 епизоди т.е. само една сезона, но наредниот месец ќе почне снимањето на втората сезона која ќе има 6 нови епизоди. Доколку сте фанови на трилер серии/филмови - топла препорака од мене. :rock:
     
    На Tiki-lolipop му/ѝ се допаѓа ова.
  2. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.766
    Пол:
    Женски
    Сега прочитав дека сериите од втората сезона ќе започнат да се емитуваат на BBC од 13-ти ноември.
     
  3. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.307
    Пол:
    Женски
    Добра серија. Излезе подобра отколку што изгледаше. На моменти бавна, ама кога се случуваше нешто - тоа беше тоа. Глумците ми беа ОК. Тука прв пат го запознав овој Дорнан и мислам дека добро му легна улогата. Има прилично психопатски нарав некако, барем на екран. Таква му е појавата. Од него како актер ми пречеше само што не ги изразуваше емоциите со поразлични експресии на лицето. Цело време сериозен и тоа е тоа. За Џилијан немам зборови, женава како старее, така поубава и посекси станува. Ми се допаѓаше нејзинава глума и сексуалната тензија помеѓу неа и Џејми во серијава. Очекував на моменти дека и нејзе ќе и' се пушти (не во смисла да ја направи своја жртва, if you know what I mean...), ама се' на се' e добра серија за гледање. (y)
     
    На parksey му/ѝ се допаѓа ова.