1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пазарите во Македонија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Phyramide, 1 февруари 2011.

  1. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Пазари. Ги обожавам.
    Се вели дека доколку сакаш да запознаеш некоја земја вистински и суштински - посети некој локален пазар. Не можам а да не се согласам. Тука се меша старо со младо, културно со некултурно, ќе сретнете дами, фуфици, шмизли, бабички, теткички, обични женчиња, чичковци, зетковци, бизнисмени...со еден збор, калабалак од народ кој се меша на едно место.
    Ќе најдете се што ви е потребно, и што не ви е потребно. На едно место.
    Одлична смеса на луѓе, на ароми, мириси, бои. Во секоја земја се специфични, но нашите пазари се некако посебни.
    Менталитетот ни е посебен, и сето тоа што ќе го најдам на пазарот (освен храната заради која првенствено одам) може да се најде и доживее само таму, само во тој даден момент.
    Да можам романи би пишувала. Нема едно одење на пазар а да не се насмеам до солзи.

    Се сеќавам еднаш одамна, бевме да пазариме со другарките за на одмор. Јули, жешко утринско сонце, ние буквално со трчање влетуваме на Зелено пазарче во потрага по тоа што ни треба за што побргу да си отидеме за да не не фатат уште поголеми горештини. Кога одеднаш патот ни го пресекува еден млад дечко со ѕиври наредени во двете раце и се дере - „Ајмо ѕиври овде се ближи 8ми март!“
    :D
    Вакви реченици, уште еден куп! Би можела со денови да пишувам.

    Пазарите ли по локалните пазарчиња во важите градови? Доживување или здодевна потреба? Кои тезги се вашите омилени?

    Мислам дека за нашите пазари има што да се пишува и прераскажува. Се надевам ќе се сложите и очекувам весела и забавна дискусија за вашите доживувања од пазарите. Па и по некој совет ако ни треба - може еве овде да си го дадеме. На пример, каде ќе биде најефтината марула за некое време :)

    Ајмо дискусија овде изволте! :)
    (ја сместив во Општи дискусии темава, но ако мислите дека и е местото кај храната, модераторките нека ја преместат)
     
    На Annath, lolyta777, Sparks и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Хехехе интерсна тема Пирамитке, јас кога одам на пазар секогаш барам тезги со бижутерија. За храна оди мајка ми, мене не ме бива за тоа. Со другарка ми еден ден после школо одиме на пазар, исто така беше многу многу жешко. Еден човек не гледа како си се кезиме и вика: Ајде ајде термо чорапиии (на 40 степени во лето) и другарка ми вели: аааа жешко е сега за чорапи и овој и враќа: ама момичке овие чорапи се со клима! и ние прснавме од смеа :D :D :D :D . И човекот не запамтил :!: па нареден петок кога тргнавме пак на истото место го сретнавме и откако не виде, се насмевна и почна да вика: ајде ајдеее чорапи со климааа!! Е тогаш добро се искезивме еј, си викаме ауууу овој не запомнил хахахаха.
    Инаку сум била и во други градови на пазар. Шетаме по тезги каде што има бижутерија, долна облека и се зезаме цело време, си правиме мајтап не дека ќе купиме нешто :D
     
  3. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    :D :D :D :D Ќе се превртев од столче, мајке ми!

    Инаку да, и јас не може да не појдам на пазар (иако многу, многу ретко одам, само кога треба да се купи нешто за некој одмор, излет и сл.), а да не си појдам дома со згрчени црева од смеење.

    Јас носам наочари, па кога ми се запна еден да ми понудел оргинал марка од Ѓерманија, од оние пластичнине, со чкљ стакла. Му викам, море човече јас носам стакла со различен диоптер, не можам да купам ти какви што ми нудиш, ама замисете тие од Ѓерманија, немале гајле, тие такви биле специјални.

    После има една тетка што продава чорапчиња и ми нуди 5 пара за 100че, и ми вика да ти одговараат со сукњата, а тоа оние црнине чорапи со црвена и плава лента најгоре, што ни кога сум дома не ги носам. Јас си врвам таа ми кажува на што се би ми одговарале, на сукља се носеле, на пантоломи одговарале, црно на се одговарало. :D

    Вакви случки не знам колку ми се имаат случено...

    А и сигурна сум дека нигде нема пазар весел и разигран како нашиот. Нашиот е дефинитивно уникатен. Не сум видела на друго место онаква гунгула од луѓе дефинитивно. И затоа си го сакам нашиот најмногу во пакет со се она што Пирамид наброи луѓе, арома, разиграност. Но, би сакала да поминам на пазар во Мароко, имам слушано дека таму има еден од најдобрите пазари, каде што има се на мегдан, можеш се да најдеш. Исто би сакала и во Рио да појдам на пазар, не дека негде нешто сум прочитала, ама ете, сум си врзала в крпче дека сакам таму да појдам.

    А да и сега ми текна, најмногу смеење имаше кога бевме со бившиот на пазар да купиме овошје и зеленчук за 1ви Мај, а едно циганче не убедуваше да сме си купиле едно од неговите транзисторчиња, кои изгледаа како да се од 5th hand shop, мислам да ги дувнеше дека ќе се распаднеа. Ама тој беше упорен да сме имале музика, да не ни било досадно :D А да и знаете кои станици ги фаќало транзисторчето? Сите! Оргинални бие тие со најнов модел пластика...
     
    На Annath и Phyramide им се допаѓа ова.
  4. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.100
    Допаѓања:
    56.330
    Пол:
    Женски
    Ме изнасмеавте :D
    Не сум обожавател на пазарите, ама ако посетам некој таков интересен можеби и ќе станам :!: .
    Имам една тетка која во една прилика гордо изјави: "Мене хоби ми е одењето на пазар." Ете, гледам не била единствена, а јас тогаш се смеев. :rofl:
    А имам една комшика која неверојатно успешно се ценка (и тоа е умешност да се разбереме, не го може секој :!: ), и мајка ми оди со неа на пазар, се знае дека ќе заштеди. :lol:
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Многу сакам пазар. :)
    Целата пазарска атмосфера ја обожавам, не сакам премногу гужва, но и да не биде празно, сакам да си шетам од тезга на тезга, како да го имам целото време на светот само за себе. ;)

    Како мала кога одев на гости кај баба ми во Тетово, туку што го направија новиот пазар и ја терав секој ден да ме води.
    Има големи половинки од јаболки закачени на влезовите на пазарот, кој на времето беше неверојатно напреден и модерен.
    Ги сакам тезгите со овошје и зеленчук, оние со џиџи-миџи, делот со цвеќиња...
    Си пазарам многу често, ме одмара и ме релаксира целата таа атмосфера, добро, освен кога е премногу гужва, но ги одбегнувам тие денови и часови. ;)
    Некому му се гади од мирисот на пазар, јас го сакам, не ме нервира делот со "реклама", коментари од типот - лелеееее убава си ко Касандра, или не биди лоша ко Џеврие (wtf :^) )...

    Имам очигледно една маана - не знам, ниту сакам да се ценкам, веројатно тој момент ми фали да се прогласам за најдобриот пазарски купувач.

    Сум ги посетила пазарите во поголем број градови низ Македонија, ми се допаѓа како што кажав во Тетово - преголем избор, евтини цени и многу фини луѓе, а не ми се допаѓа во Охрид, Штип и Кратово. :(
    Во Скопје си го сакам Битпазар и Зеленото пазарче, не ги давам за ништо на светов.
    Priceless. :)

    Што би рекла колешка на мајка ми - јас си пазарам на Зелено Битпазарче.
    А вие?
    :D
    [​IMG]
     
    На Annath, Sparks и Phyramide им се допаѓа ова.
  6. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    :D И јас си пазарам на Зелено Битпазарче. Не се случува често, но кога одам, одам обично на Зелено, пешки ми е најблиску. А бидејќи сум растена од другата страна на Вардар како дете со мајка ми одевме на Битпазар. Со 20ка! Е тоа ти е комбинација да полудиш, доживувањата продолжуваат таму, во автобусот - ама за тоа веќе пишував во темата за ЈСП.

    Ни јас не знам да се ценкам баш, ама го употребувам најсилното женско оружје, мојот шарм :wasntme: трепкам, правам вакви очиња ако гледам дека си имам работа со чиче или млад дечко, и почнувам „А за овие обеткиве ќе добијам некое намаление? 5 пара ќе ти земам. А?“ :wasntme:
    И обично ми успева. Проклето женско! :D

    Минатото лето бев отидена рано наутро на пазар, за да ги избегнам познатите горештини. Бирав домати, а на соседната тезга некој човек само што му кажа на продавачот дека не му чинат јаболките. Дечково мртов сериозен, мислиш му рекле дека му е мал, кога почна да му се дере: „Молам? Моооолам? Моите јаболки не чинеле?! Мооооооите јаболки не чинеле! Немој да ми вреѓаш јабука еј да не ти го навредам јас долниот еј! Е сега и да ми платиш не ти давам јаболки. Не бе не ти давам и тачка!“ Интересното беше што муштеријава веќе одамна си беше заминал, а продавачов си направи квалитетно гласен муабет самиот со себеси. Абе шоу!

    Исто еднаш на врнежливо време, на кутииче еден чичко си ставил чадори нели, и си ги продава. Арно ама никој не му ги купуваше. Земал се дере и мавта со рацете - „Луѓеееее абе чекајте има за сиииите! Кај се туркате еј полека!“

    И ај, како да не обожавам пазар? :D
     
    На Hipica, Annath и LivingGlam им се допаѓа ова.
  7. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Ах, колку љубам пазари.
    Целата таа атмосефра, луѓето, продавачите, чевлите што тропаат, измешаните мириси, чувството на мешање на луѓето што се слеваат во едно...нашата култура, нашиот менталитет во полно светло.

    По нашите пазари ретко одам, не само зошто време тешко се наоѓа, туку помислата на нашиов народ меѓу тезги не ме водушевува. Но, морам да признаам дека уќивам да стојам над тезга и да пипнам се што се наоѓа на неа :D Па после да си промрчам два-три збора со продавачот и ако ми се посреќи да купам нешто со исценкана цена.
    Пазарите во Македонија се специфични заради самите нас. Нашиов народ е со толку низок степен на кулутра што понекогаш ти се одмилува да си ги купиш праските што три дена ги мислиш. Но тоа е веќе друга приказна...

    Имав прилика летово да одвојам ден од одморот и да одам на турски пазар, т.н. олд базар. Е тоа е рај за таквите како мене!! Ценкање цело пладне, башка пријатни продавачи, по некоја чашка турско чајче, и видиш-невидиш си направил шопинг попара!
    Многу сакам да ви раскажам за турскиот пазар, ама во наредна прилика. Ви ветувам дека е многу магично! ;)
     
    На Annath, Phyramide, LivingGlam и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.137
    Допаѓања:
    88.561
    Пол:
    Женски
    Сакам да пазарувам и благодарна сум и на мајка ми што таа љубов кон пазарувањето ми ја пренесе. Едноставно уживам кога пазарувам. Најчесто одам на Битпазар, па пазарувам и за дома и понекогаш за тетка ми. Битпазар е прекрасен, ги сакам мирисите кои се спојуваат, го сакам џагорот меѓу пазарџиите. Често при пазарување знам да прашам за нешто како да го чувам или како да го подготвам па добивам интересни совети. Мили ми се луѓето затоа што секогаш се ведри и расположени и на -10 степении и на +35.
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    ^ Мора да се, не се по ќеф таму, туку за живеачка :)
     
  10. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.899
    Допаѓања:
    103.029
    Пол:
    Женски
    Немаше недела а да не отидам на Зелено пазарче. Беше 15 мин далеку од мојата куќа и најчесто купував бижутерија и понекогаш шминки :) Во друг град сум била на пазар во Виница , таму мислам пазарен ден е во среда. :) Најинтересен ми беше еден што продаваше цигари ( кога идеш накај тезгите со бижутерија ) и само подвикнуваше како со шепот..цигари цигари!! :D :D последниве 2 години не го имам видено :?: :)
     
  11. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    И јас ги сакам пазарите. Ја сакам атмосферата што ја има на пазарот, ме потсеќа на времето кога бев помала и кога со моите секоја сабота ( тогаш е пазар кај нас) одевме на пазар, а ние - деца како деца, со душа чекавме да дојде тој ден. Полни тезги, разни мириси ( иако понекогаш не толку пријатни), врева на сите страни, врвулица од луѓе...се на едно место. И сега кога одам на пазар ми се враќаат старите спомени. Сакам да си шетам по тезгите, да разгледувам и да уживам во купувањето. Најмногу се задржувам на тезгите за овошје и зеленчук и нема ден да отидам на пазар и да не се вратам барем со едно кило од некое овошје. На лето ми е особено убаво да одам на пазар ( иако е неиздржливо жешко) бидејќи има поголем избор на овошје и зеленчук, а и цените се тогаш пониски од вообичаено. Најчесто одам на пазар во мојот град, а кога сум во Скопје одам на пазарчето во Автокоманда и неколку пати имам одено на Зелено пазарче. Летоска, со мајка ми и сестра ми бевме на Зелено пазарче во Ск и бевме кај тезгите за облека и разгледуваме де ова-де она и гледаме натпис над една тезга „ КОПЛЕТИ за 500 ден.“ , прснавме во смеа :D
     
  12. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.846
    Аххх неделите се резервирани за на пазар. Ја грабам количката, мајка ми под мишка и идеме на пазар. Многу ме релаксира пазарењето, разгледување по тезгите и довикувањето на продавачите..."повелете, само 50 денари кај мене, на друго место нема да најдете, послужете се"...
    Најдолго се заржувам на тезгите за долен веш и џиџи-миџи. Ужасно ја нерирам мајка ми кога по 5 саати бирам шноли, стегачи, алки, менѓуши се додека не ми се развика, а продавачката само ми отвара..а види го ова, а пробај го она...и така сум утепала неколку саати без да забележам.
    Најинтересно ми е кога одам во Охрид на пазар, пошо ако на продавачите им прозбориш скопски ти дигаат цена, а ако ги прашаш на охридски дијалект тогаш е поефтино, па така јас едно лето со другарка пазаревме и цело време паѓавме од смеење кога зборевме на дијалект, али битно си испазаривме по реална цена. :lol:
     
  13. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Темава баш ми се погоди.
    Јас сум гоооооооолем љубител на пазари од секаков тип.Првенствено,токму тоа-луѓе од различни возрасти,класи,степен на култура-општа и посебна :lol: ,собрани на едно место.
    За мене пазарењето е врвно дозивување,не здодевна обврска.Така да со гордост изјавувам дека се разбирам во избор на овошје и зеленчук,повеќе од многу стари бабички,никој не мозе да ми подметне нешто ни искусните продавачи (иако немаат на прв поглед таков впечаток за мене),ама лошо им се пишува ако пробаат :lol: .
    Порано одев на Илиенци,пазар на големо за облека,постелнини,садови и др.за домаќинство кој постоеше во Бугарија и многу ми е зал што повеќе го нема.Сум го научила за неколку год.и со врзани очи да бев,ќе се снајдев,се‘научив каде се наоѓа,а просторов огромееееееееен.
    Сум се ценкала еднаш во зивот и тоа чисто онака да видам дали ќе ми успее :D ,прва бев на факултет и се ценкав за оние тетратките со дебели корици,не ми текнува колку ми рече дека беа,јас му викам :o оуууууу,многу скапи!па една фаца намуртена мрак :lol: ,ми пушти цена човекот,јас си велам-види,бе,ме бивало,ок да си знам,и толку тоа беше прв и последен обид за ценкање.
     
  14. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Кога ми треба нешто прво размислувам дали го има на пазар, бидејќи реално гледано е многу поефтино, а парите се ограничен ресурс :D
    Си посетувам три пазарчиња: оној позади Бисер, Зелено пазарче и Битпазар. Си имам по еден за секоја пригода хахах
    Зелено пазарче ми е најмултифункционален, има скоро се што ми треба...но најчесто купувам новчаници и долна облека :$
    Битпазар го посетувам кога сакам да си купам накит. Па колку ми е мило кога ќе си најдам некој ефтин накит што во бижутериите е 10 пати поскап. Морам да признаам дека многу ме исполнува кога ќе си најдам нешто ефтино, ептен сум задоволна. Знам да си купам и по некое лакче, ама во последно време за*баваат со нијансите хааха :P
    Еее пазарчето во Бисер го посетувам најчесто за лакови, маскари и карминчиња. Си имам една коњак тезгичка хаха
    А инаку знам да им правам друштво на моите за купување овошје и зеленчук. За таа потреба најчесто пазаруваме од Зелено пазарче ;)
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Еднаш на еден сајт видов слика од Зелено мислам дека беше, сликана тезга и напишано со големи букви - Денес за само 150 денари, газдата е на Дијазепам! :rofl:
     
    На sesilija, LivingGlam и Dafnee им се допаѓа ова.
  16. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.927
    Мајка ми има фетиш за пазари. Каде и да отидевме на одмор, особено во Грција, имаат големи подвижни пазари еднаш неделно. Се собираат од околните места и се прават тезги на огромен простор, како да го шеташ цел центар.
    И таму со мерак сум одела зошто луѓето се како во камп. Весели разгракани испонасмеани, некои пијани, деца се бркаат, други се караат, трети се ценкаат. Убаво е некогаш да се изгубиш во гужвата. Еден од милионите. Дел од компактна целина.
    На пазарите е убаво, зошто е гостопримливо и весело за сите. Дури и за џепчиите. :rofl:
     
  17. ehrgeizig123

    ehrgeizig123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2010
    Пораки:
    427
    Допаѓања:
    157
    Ееее пазарчиња :) Многу сакам да си шеткам низ нив,али само во деловите каде што има долна облека,накит и по некоја маичка,туника итн итн.Порано често одев на Бит Пазар и си купував накити.И си се ценкав да(иако не сум многу умешна во тоа,сепак добивав некој попуст).Има една тезга на Бит Пазар,жената што продава е катастрофа, ич не е услужлива.Но,јас како што ме дал господ :) морам се да фатам,да видам и страшно ја нервирам секогаш кога ќе отидам.И да,никогаш не купувам од кај неа :!: :tmi: Она мене ќе ме гледа попреку :lol:
    Исто така и Зелено Пазарче си го посеувам често.СИ купувам долна облека од таму, и си знам цената им е фиксна нема попуст.250 денари комплет гаќи и градник :) Али имаат интересни моделчиња,па така да ми одговара.
     
  18. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    ретко сум по пазари, во мојот роден град да не претерам ама едно 5-6 години немам отидено.

    овде во ск имам на зелено пазарче неколкупати, и тоа се во брзање , немам толку време да си се шеткам низ пазарот а и не ми прави нешто ќеиф, секогаш кога треба некое штравче, завртка навртка одам на пазар само таму има такви ствари :D и последен пат бев да купам машки хулахопки за либето оти немаше во ниедан продавница.

    не се ценкам колку е толку е а и секогаш ми е поевтино. жал ми е да ги гледам премрзнати или изгорени од жешко па и да се правам паметна да им симнувам цена ама па зарди тоа мн често ме измамуваат :D

    јеби га
     
  19. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Еве како што ви ветив :)
    Постот е многу долг, ве предупредувам :!:
    Сепак, ви препорачувам да го читнете, не зошто е мој, туку од причина што се трудев веродостојно да ви ја прикажам разликата од нашите и турските пазари.

    Има неколку правила што треба да се знаат при посета на турски пазар. А тие се:
    1. Ценкањето е дел од традицијата, и доколку не се ценкаш со твојот продавач, тој тоа го смета за навреда.
    2. Ценкањето има и своја граница. Ако продавачот дал финална цена, а ти продолжиш да се ценкаш, тој ќе се изнервира и ќе те избрка од продавницата.
    3. Ако продавачот ти понуди пијалок за освежување (чај, сок) прифати го. Тоа значи дека има мерак да прави зделка со тебе. Но, ако ти понуди алкохол, тоа значи дека не смееш да си заминеш од дуќанот без купена роба.
    4. Продавачите се суеверни и веруваат дека првиот муштерија носи среќа. Затоа го третираат беспрекорно, притоа трупајќи го со роба и подароци.

    Ова се неколкуте правила што ми текнаа. Ги читав кога бев на патот до таму, и за чудо сите до едно важеа, барем јас на своја кожа ги осетив. Чаршијата или стариот пазар доста потсетува на нашата чаршија, што се соема логично нели. Од секоја страна, од секое прозорче ѕиркаат продавачите и помошниците, те меркаат од глава до пети оценувачки, и те повикуваат на неколку јазици.
    Кога ќе им се приближите до тезгата или продавницата, се претвараат во најфините луѓе на светот, слушајќи ја секоја твоја молба и желба.
    Самиот пазар има таков дух, што се чувствува во секое мало ќошенце и секоја накривена вратичка, и во него може да се почувтвува таа моќ на забите на времето, што дава и носталгична нишка во воздухот.

    Јас се ценкав со уживање, со претходно осмислена тактика, со која успеав да купам толку многу работи, за смешн цени. Пример, да го земеме наргилето, исценкано од 140 лири, на 50 лири. Да, да на 50 лири! :rock: Понатаму шалварите од кашмир кои ги земав за дупло пониска цена. На овој продавач му бев првата муштерика во дуќанот тој ден. Ме почасти со турски чај и колачиња, ми изнакажа приказни, ме прошета до неколкуте негови дуќани за марами и накит, а потоа ме испрати со илјада убави зборови. И да не заборавам, пред да заминам, ги зема моите пари, ги бакна и ја погали земајта со нив. Можете да замилите како изреагирав :o
    Најважно е да не стапнете на нервот на продавачот, со смепно ниски цени. Тогаш ќе мисли дека ја потеценувате неговата роба. Затоа мора да се служите со шармот од мајка природа, кој за мене и сестра ми одлично функционираше. Се разбира дека си ги имаввме мажулињата до нас, инаку очите на продавачите ќе се ококореа ко филџани и ќе имаше претстави за целиот чаршија.
    Особено пријатна беше една продавничка за зачини. Толку мириси и бои, што се чини дека сетилата ти се во бунило. Продавачките насмеани, во полн сјај со својата природна лепота и раскошна црна коса не нудеа некој необичен чај со розева боја, кој секако го испивме. Не сакам ни да помислам колку пари потрошивме тука, оп-овие зачини за подарок , оние за нас, третите за украс...ама со мерак ги трошиш и не ти е криво.
    Тоа сокачињата мали, украсени со шарени пердиња, и малечки тезги со страшно примамлив накит, те мамат да ги видиш. Со восхит ги гледав сите тие прекрснотии и пробував да ги игнорирам сите нападни продавачи кои се дерат од крај до крај на сокакот: Мај френд, Ај хев а спешл прајз фор ју! Онли тен лирас! Мајстори се за бизнис! Родени за да бидат пазарџии.
    Морам да додадам дека и златото и среброто се доста исплатливи тука. Се закачив случајно за еден огромен прстен со некои си камења скапоцени, зошто тезата блештеше на 5 метра и не можев да ја одбегнам. И беља работа, дечко ми тука беше подучуван од продавачот како жената е богатство и мора да се кити со скапоцености. Половина час му думаше за неспоредливата убавина на златото и девојката, за да едвај избегаме без да потрошиме пола од она што го носевме во нас.
    Го забележав овој ден како највпечатлив од мојот одмор, па сакав да го споделам со вас. И морам да ви кажам, каде и да одите на патување не пропуштајте можност да го посетите пазарот. Таму културата и традицијата ќе ги научите и видите поубаво од било кој музеј.
     
    На Sweety-Tweety, angelce1, LivingGlam и 3 други им се допаѓа ова.
  20. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    497
    Јас отсекогаш им завидував на тезгаџиите што продаваат маслинки и сирење :lol: Многу ја сакам таа комбинација и кога ќе поминувам покрај нивните тезги, секогаш навратувам само да го душнам мирисот на маслинките. Па и да имам дома - пак си купувам, барем 100 грама од оние зелените што мирисаат најубаво!
    Пазарот не дека нешто многу го љубам, капе вода, нечистотија и вирчиња на сите страни, мешавина на најразлични мириси од лубеници и маслинки до риба и праз. Ама интересен ми е и кога треба нешто да се пазари, а за тоа е задолжен тато - одам само да му правам друштво и да му помогнам во влечкање кеси. Морам да признаам дека често се ценкам со тезгаџиите и обично секогаш ми спуштаат од цената. Не дека нешто многу ќе ми завршат работа 10-20 денари, ама интересно ми е кога сум влезена во тој филм :D