1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пазарите во Македонија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Phyramide, 1 февруари 2011.

  1. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Meне многу ни е смешно "Тетке теткее" кога ќе ми свикаат... Мајка му стара на се личам, само на тетка не личам :D

    А и има еден културен тој госпожа ми вика што уште посмешно ми паѓа. :D
     
    На FridaKahlo и Hipica им се допаѓа ова.
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.105
    Пазарите кога бев мала,навистина беа полни со среќа некако.Неделно утро и на пазар со моите...некако луѓето со душа ти го даваа тоа што го нудат,а сега ми доаѓаат солзи и покрај веселиот дух на некои пазарџии.Дури тешко ми паѓа кога ќе ми каже смешна сума за некој производ,а по грбот и рацете му гледаш дека работата го утепала,сега тој стар,очите дури и матни му се,веројатно децата му ги работат нивите.
    Денес пазарот,најискрено кажувам,ме прави тажна.Само препродавачите ми се имела во цел тој хаос.Паразити кои не ги жалам.
    Точно е,шаренолик и весел,мирисот никогаш не ми пречел,пиперчињата како од боенка извадени,а луѓето кои таму се движат навистина се склоп од се што држи државава,па дури и жените што им готват и чистат по дома им се директни претставници на елиташите.Забавен е и често си муабетам.Еднаш имав муабет со машински инжињер што немал што,па работел нива,смешно ми беше на соседната тезга кога една госпожа со српски нагласот шеговито му рече на продавачот дека пиперките му се криви,а овој...секако вулгарно и врати,си заслужи и и рече и дупло да ми плаќаш,не ти ги давам. :D
    Како и да е,денес пазариве некако не се за секој...ретко одам,ама секој пат ми доаѓаат солзи на очи.Си наоѓам по некоја причина за тоа.Весел е,интересен,одраз на целиот наш начин на живот,но истовремено и ја покажува неправденоста на животецов.Мука ми е кога ќе видам човек на години на татко ми како продава на картон...или премрзнал за да го продаде ситнишот кој што му останал.Тука на кантар ќе ставиш дека умот не секогаш ти гарантира канцеларија и обратно.И така...тоа е Македонија.
     
    На Phyramide, LivingGlam и ludoto19 им се допаѓа ова.
  3. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Кога бевме на одмор летоска, едни другари со ценкање си купија нож од 250 за 20 денари. Го исценкаа човекот и му се чудам како така си ја даде робата. Сигурно му е крадена па така си ја дава.
     
  4. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Доста време имам поминато на пазар, со оглед на тоа што моите одгледуваат јагоди, па некој мора и да ги продава, нели? Исто така преку лето скоро секој ден одам по неколку часа да му помагам на вујко ми, кој има плантажи со праски и цреши.
    Охридскиот пазар искрено не е лош, ама не е ни сјаен. Некогаш многу ме нервира што има непедантни луѓе кои фрлаат кај ќе им текне, плукаат, ти доаѓаат на тезга со цигарата или пак самите продавачи пушат. Според мене, такво нешто не треба да се толерира, но кој ме прашува?
    Пазарот кај нас ми се чини живее само на лето. Останатиот дел од годината (посебно на зима) луѓето излегуваат кога навистина имаат потреба. Во лето им е како шетња :D
    И знае да биде многу напнато во лето, кога ќе настане гужва, кога ти се трудиш што подобро да услужиш некого, а друг муштерија ти диши во вратот и нема трпение. Но има и многу пријатни луѓе кои ќе го ценат твоето Повелете, Со здравје да се јадат и Имајте пријатен ден, и другиот ден ќе се вратат повторно да пазарат дупло повеќе од претходниот ден. Во лето е многу интересно кога ќе дојдат странци, па претежно пазарџиите не знаат да се разберат бидејќи се постари и се објаснуваат со мимики и покажуваат колку пари чини, а во краен случај викаат по Хипи да им преведи :D :D :D

    Од гледна точка на купувач, немам многу живци да шетам по пазар. Обично барам тоа што ми треба, купувам и си одам. А, и да, ПОЈМА НЕМАМ од ценкање, мајка ми е повеќе по таа работа :D
    Сум била на пазар и во Струга и е сличен како пазарот во Охрид, можеби за нијанса полош. Во Скопје сум била на Битпазар и морам да се согласам дека пазарџиите се hilarious. Исто имам забележано дека цените на Битпазар се каде-каде поевтини од цените во Охрид.
    Сум била и на пазар во Бугарија, Благоевград, но нема некоја голема разлика од пазарите тука, можеби малце почисто ако беше.
    А веќе на пазар во Сплит... е тоа ми се чини е сосема поинакво доживување, таа сценографија, духот на градот.... убаво за очи. Но искрено, нашите пазарџии се пољубезни од хрватските.
     
    На Sparks и Annath им се допаѓа ова.
  5. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    откако се отворија хипермаркетиве со се живо во нив, јас незнам како е да одиш на пазар, добро се случува да поминам низ локалното пазарче, но многу ретко, а на Зелен пазар да не се кажува... мислам еднаш у две години ми се случува да поминам :lol:.

    пазарите не ги сакам заради гужва и нечистотија, не ми се нешто уредни, една работа што ми се свиѓа е миризбата што ја жири свежиот зеленчук и овошје... :P поготово во летните месеци кога се има.
     
  6. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Не сите тезгаџии се фини и насмеани. Тоа е нешто што највеќе го мразам. Кај нас има еден тезгаџија со бижутерија и уште кога ќе му виснеш ти вика ништо да не фаќаш, ако го упропастиш ќе си го платиш :!: а па ако има гужвичка ако купуваш купувај ако не, не ми виси тука да ми правиш гужва |( , па најчесто и сите го одминуваат. Не се еден или двајца такви.
     
  7. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.451
    Пол:
    Женски
    Во последно време сум редовна на Буњаковец. Ме нервираат чичињата што ми зјапаат во деколте, ко небаре треба да имам тело ала Хајрије па да ме личи да шетам по пазари.
    Да се пожалам дека ме поткраднуваат, јас му викам кило спанаќ , а он ми става три ливчиња во ќеса , мисли не знам јас колку е кило..може не знам колку се 15 см ;) , со должини не ме бива ама со тежини ми оди :lol:
     
    На FridaKahlo му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Nika666

    Nika666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    217
    Леле таква атмосфера како на пазар нигде нема :D Си ги обожавам нашиве пазари ама многу ретко имам прилика да прошетам да видам што има и на некоја глупост да и се израдувам, али сега крајов на април мора да ја убедам другарка ми да заредиме да видиме што има :P
     
  9. angelce1

    angelce1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    234
    Интересна тема :) Во последно време не одам често,не знам зошто :^)
    Се сеќавам кога бев помала,со другарките од одделение,сме биле некаде 5-то одд.Ке земевме со нас околу 50 ден.,колку да имаме пари со нас,и одевме од тезга на тезга,баш времето кога излегуваа јагодите. И ќе прашаме -Колку се јагодите?- Ке ни кажат цена,и ние,демек,од дома ни кажале прво да пробаме,пред да купиме,да не не излажат,ќе си пробаме по една јаготка,па на друга тезга и ќе ќе изедевме по 4-5 јагоди без пари :D
    Сега колку се срамам за тоа :tmi: ,жал ми е за продавачите :( Сигурно затоа и не сакам да се ценкам,жал ми е кога ке ги погледнам толку измачени некои,а јас да се ценкам за 10 ден. поефтино :shake: Иако некои од нив се многу безобразни,или ќе ти украдат,ке ти измерат помалку од што треба,или не се љубезни.
    Убаво ми е на пазар,ама да имам доволно време,да не ми биде на трчаница,не сакам пазарување на брзина,сакам убаво на раат да си разгледувам.
     
  10. butterfly.93

    butterfly.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.099
    Допаѓања:
    655
    Oва истото еден професор ни го кажа. Дека Турците сакаат да се ценкаш со нив, и за пијалокот исто!

    Пред некој месец бев на пазар во Струмица и една жена си ставила алишта на тезгата и вика "Ајдеее намалениеее" :rofl:
     
  11. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.330
    Допаѓања:
    47.735
    Пол:
    Женски
    Многу сакам да одам на пазар.Сега се вратив со полни ќеси здрава храна за моите најмили.Абе ептен сум пазарџика.Иако Буњаковец ми е до газот на работа,јас му останувам верна на Зелен Пазар.Најблиску ми до дома.И поевтино е од другите. И си знам од која тезга што да купам;компир беровски од кај еден дедо ,за мерак :) ;сега и јагоди си најдов од таму лани кај што купував.Инаку,во другите градови,неможам да се пофалам дека ги познавам,еднаш во Охрид сум била,ама дупло поскап од скопските пазари.Пред две год.го открив женски пазар,и се изначудив,како да се телепортирав во друга држава.Убавини бре.
    Ова што има пиљари по маркетите големи е убаво,за кога се брзаш,или е многу ладно,ама пазар си е пазар.
    Иако некогаш пазарџиите знаат да бидат безобразни,па ти наплаќаат повеќе од колку што мерат.
    Еднаш,пред да направат паркинг кај Зелен Пазар,си се паркирав пред Браќа Рибар,и го гледам пајакот иде,а полицаецот пред мојата кола,Ама кога ме виде,ај ми прости
    го шармирав де ,со раце полни ќеси,и го почастив еден златен делишес.
     
  12. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Да бидам искрена поприлично се изненадив читајќи ве дека сакате да одите на пазар. Јас во случајов сум некој изрод :lol:

    Пазарите не ги сакам воопшто, и се случува еднаш-двапати во годината да идам ептееенн по потреба.
    Освен нечистотијата и гужвата, не ги сакам поради:

    - џепчиите кои демнеат на секој чекор,
    - некултурните (најчесто роми и албанци) кои дофрлуваат се и сешто кога ќе видат млада девојка на пазар,
    - непријатниот мирис, особено во деловите од пазарот кај што се продава риба, маслинки и месо :puke:
     
    На Rubiii му/ѝ се допаѓа ова.
  13. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.671
    Допаѓања:
    97.723
    Пол:
    Женски
    Не сакам баш ама мора да се јаде нели..инаку во маркетите не ми се купува зеленчук и овошје некако се поскапо ми е и многу ме нервира кога ке видам нареден свенат зеленчук и овошје,на пазарите не сум приметила такво нешто да се продава..
     
  14. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    Па не ми се баш омилени пазарите , ме нервира таа гужва, измешани мириса, некултурен народ што се турка и галами... некако ми владее некој неред таму, нешто што ме провоцира да се нервирам и да се потрудам набрзинка да купам што треба и да излезам што поскоро од пазарот!
    Искрено,јас и не пазарам многу, од секогаш тоа било обврска на мајка ми па и како мала не ме носеле баш на пазар! И не знам да одберам добри производи :doh: ,најчесто ги оставам продавачите да ми бираат, со што нели се подразбира дека ќе ми стават и по нешто веќе расипано :lol: !
    Ме нервира кога во сабота (пазарен ден во мојот град) пред да си дојдам од работа мајка ми ќе ми се јави со муабетото,,ај оди до пазар, сум заборавила да купам тоа и тоа,, Ауууу, одма се нервирам, нејќам да одам на пазар, мирисот во глава ме мава, па од турканица едвај жива ќе се вратам и како што реков не знам баш да одбирам добри производи!
    Еден изесен период барав брокула од првата тезга (пошто нели не влегувам понавнатре во пазарот) ама неколку денови по ред немаа брокула! И се случи на повеќепати јас да барам а тие да немат! Е кога добија брокула,на секое минување покрај пазарот продавачот ќе ми свика,,ајде повелете, брокула ако ви треба, ајде свежа брокула повелете, ајдееее!!! Ајде брокула девојко, ајде изволте!,, :talk: И многу често ова се случуваше,ме запамети човекот и не ме забораваше да ме понуди со брокула! :yawn:
    Во суштина пазарите не се мое забавно место!
     
  15. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Не дека ги многу сакам ама одам затоа што имам потреба. Свежо овошје или зеленчук обавезно еднаш неделно одам да купам. Не се ценкам зашто знам дека нивната мака е многу тешка. Ако сака да ми попушти пазарџијата тогаш ок, а во принцип не се ценкам. И поскапо ќе платам ако треба ама убаво и здраво овошје и зеленчук да си земам. Преферирам сама да си ставам во кеса, зашто мразам тие као да ми бираат и потоа кога отидам дома има што да видам што ми ,,избрале,, пазарџиите.
    За одредени производи си имам и тезги за кои одам само таму да земам. Знам дека сите ваги подкраднуваат (жива истина) ама пак ни тој побогат ни јас осиромашена.
     
  16. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Не сум била на пазар не паметам од кога! Одамна се токмам и никако да дојде тој ден.
    Истото важи и за чаршија. Од кога не сум ја посетила.
    Кога бев помала паметам шетав од тезга на тезга, си играв дека јас ги продавам понудените работи а луѓе ме гледаа и мислеа дека сум ван памет.
    На женски пазар во пределот кај копчињата, конците (ако добро паметам) се осеќав како богиња, толку ми се допадна што ги тормозев моите да ме носат повторно само да го гледам шаренилото на копчињата кои ѕвечкаа во моите очиња како на цртан филм. :wasntme:

    Сон ми е да шетам по арапските пазарчиња, да ја изигравам Carrie Bradshaw низ пазарските сокачиња во Marrakech. Мирисот на цимет, хибискус, смокви, смокви и смокви!
    [​IMG]
    Откако ќе награбам храна, зачинчиња од секој вид и за секоја пригода ќе им се фрлам на сувенирчињата, накитот, златните парички кои се бесат околу струк и марамите во сите бои. :inlove:
    [​IMG]
    Кон крајот на денот веќе ќе си пијам чајче во некое од локалните кафанчиња, ќе ја гледам атмосферата која ја нуди базарот и ќе си пафкам наргиле. :wasntme:
    [​IMG]

    До тогаш има време, во меѓувреме ќе го пуштам татко ми на локалниот пазар, каде си го има муабетот со пазарџиите. Баба ми отворила уста за зетко. :!:
    А јас ќе мечтаам за Маракеш и ќе барам некој кој ќе ме дружи до Битпазар или Зелено пазарче за да си соберам бисерчиња. :$
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    Многу ми е глуп поимот сакам / не сакам пазар.Како да пишувам за опера и балет,театар или кино.
    Неможе да се сака или да не се сака. Може да ве мрзи или не, да имате или немате волја за да отидете на пазар.
    Јас лично нема одбивност кон пазарите, бидејќи мноооогу работи се поефтини за разлика од град(продавници,бутици).Едноставно одам, знам што барам одам директно на тие тезги,купувам и патот под нозе право на автобуска.
     
  18. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.497
    Не ги сакам сите пазари кај нас. Мразам бутканици, турканици, гужва.. Плус ако отидеш некаде за пробување некои алишта ако има, по импровизираните гардероби страв да те фати. Посебно бит пазар ]:)

    Го сакам само пазарот во Ѓорче. Во околина живеам и барем еднаш во неделата неизбежно е да одам со мајка ми, демек друштво да и правам :D Си го осеќам како мој, хахаха.. Колку смешно и да звучи ама тука се чувствувам најсигурно за разлика од другите пазари. Ми се свиѓа атмосферата што ја има..
    Сакам кога гледам баби и дедовци како со натоварени кеси си разговараат со продавачите како пензиите биле ниски или како брзаат за да фатат автобус.
    Сакам кога ќе отидам во бурегџилницата на пазарот, а од прозорите гледам како луѓето пазаруваат и се поздравуваат едни со други...Или пак како пазарџиите го прскаат зеленчукот за да остане свеж.

    Го обожавам мирисот на овошје и зеленчук испреплетен меѓу себе, кој те намамува да поминеш до некоја тезга и да купиш нешто.
    Омилени тезги ми се оние со зеленчук. Обожавам и овошје, ама зеленчукот ми е на прво место :D
    Исто морам да кажам дека мирисот на маслинките од секогаш ме примамувал.. Малце се занесов ама нема врска, нели :D :wasntme:

    Иначе ме привлекуваат и местата на пазар со бижутерија и такви ствари.
    И неретко знам и од тука да си купам некое ланче, алка или пак прстенче.

    Само несакам кога пазарџиите се премногу арогантни или пак премногу нападни. Кога ќе приметам некои вакви одма се тргам и одам на друга тезга |( Чао пријатно, што..

    [​IMG]
     
  19. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
    Сакам да одам на пазар, со пат и на кафе со пријателките. За овошјето и зелунчекот е задолжен маж ми па така јас сум секогаш во другиот дел. Одам покасно на пазар па секогаш добивам и попуст :D. Обавезно си доаѓам со некоја блузичка од 300-400 денари а во бутик е 600 денари. Имам омилена тезга за алишта жената навистина продава убава работи и не и се многу скапи, кај неа како редовен купувач добивам и попуст. Најинтересен ми е циганот што продава градници и секогаш вика АЈДЕ КАПИ ЗА БЛИЗНАЦИ :rofl: :rofl: и да не ти е убав денот ќе ти тргне.
    Најсмешни ми се теткичките кој одат на пазар за да си направат муабет :D , па може да стојат со саати и да ги разврзуваат селските новости.
     
  20. magic.girl

    magic.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2014
    Пораки:
    539
    Допаѓања:
    199
    Пол:
    Женски
    Сакам да одам на пазар и одам од прва до последна тезга да разгледам и потоа си купувам од каде ми се видело овојшето или зеленчукот по свежи (да не ме сватите погрешно, ги поминувам сите тезги и со очите гледам лево десно), а за бижутерија ќе си застанам и ќе си разгледам ама исто од прва до последна ќе си прашам и која цена е зошто истото ланќе да го купам 30 денари поскапо кога можам за 2 метра да го купам поевтино 30 од ова 30 од она и ете ќе се соберат
    Но многу мразам кога има многу многу гужва 100 луге во 3 метри квадратни не можеш ништо да разгледаш и само ќе се буташ