Незнаев како да ја насловам темава,затоа што нема некој комплекс или слично туку општо повеќе маалски дуќанчиња/бутици и плус дел од пазарчето со една кинеска мислам. Бев денес и стварно можат да се најдат добри работи со пристојни цени,а да ги нема насекаде низ градов.Сакам да кажам ја нема шутка во Драчево сеуште... Дали пазарувате во Драчево и колку сте задоволни од цените,изборот,квалитетот ? Спојлер пс: не сум од Драчево.
И јас сум слушнала дека има повеќе дуќанчиња со квалитетна облека и пред се добар избор и цени. Живеам прилично подалеку, па до сега не сум се решила да отидам. Здравје, ако ме носи патот натака
Да живеете во Драчево нема да има потреба да одите на шопинг низ Скопје, ама од цело Скопје во Драчево да појдете да пазарите...не се исплати. Поминувам секој ден, па кога имам време застанувам. Се десило да си купам куп ствари за по 200/300 денари, ама дека се квалитетни...не се Има добра продавница за чевли, квалитетни, ама тие си држат цени. Мене ми се случи да си купам едно фустанче за 1000 денари, па по една недела го видов истото во Шутка за 500 ден..ќе се отепав. Има едно продавниче каде работите одат како алва, имаат постојано нови работи, а ефтини. Баш вчера си купив едно фустанче од таму за 300денари. Убаво материјалче, убави бои, ептен ме бендиса, се заљубив. Истата гардероба од тука ја имам видено во една продавничка во центар, каде стварите беа дупло поскапи. Но, сега барем сегде може да се најдат убави фустанчиња за по 200/300денари. Не е неопходно да се појде дури до Драчево Ако ве носи патот, ќе направите еден добар шопинг, ама за да се нафатите од друг крај на Скопје до Драчево да одите...многу пат за 1,2 продавнички каде уствари ќе купите нешто поефтино.
Имам слушнато дека се наоѓаат доста евтини работи, но за квалитетот незнам. Една моја пријателка беше пред неколку дена во Драчево и си купи 4пара сандали по 150 ден. од некое дуќање кај пазарчето. Сандалите се ептен убави и згодни , ама за тие пари колку долго ќе и издржат не се знае.
Може да се случи доста често да си купувам работи од маалските бутици низ Драчево. Не дека е разлика нешто во цената, јас што живеам во Центар пример ми е скапо, во Драчево ко поефтино да ми е. И тие таму носат квалитетна роба иако можеби не се високо луксузирани продавници, во некои можеш да се чувствуваш како дома, а во некои и како на пазар. Сепак секој со своето искуство.
Ziveam vo blizina na Dracevo i da mozam da potvrdam deka mozat da se kupat ubavi parcinja garderoba. Ima butici, moze da se najde garderoba za mazi, zeni a i za deca cesto pazaram od Dracevo