Па може да се спроведе, кој што може нека купи и да ги испрати на адреса на Фемина т.е на адреса каде им е сместена канцеларијата или што и да е, тие ги распределат средствата во мини-пакетчиња, нека повикаат некоја невладина организација да ги подели и притоа, тоа нека се слика, од една страна за статија која ќе ги поттикне и другите да донираат, а од друга страна, членовите ќе знаат дека средствата што ги собрале завршиле на вистинското место
Проблемот со вакви ствари е што најчесто форумите (фирмите) не сакаат да си ставаат трн во здрава нога. Барем Телеком не сакаше Ако некој форум некогаш успее, тоа е кајгана.. (Ова за да ги поттикнам фемина) А и сами знаете зошто.. Скоро пола се знаат меѓу себе, имаат желба, немаат страв да излезат јавно, имаат собиранки и онака итн..
Фемина имаат канцеларија? Ајде успат да направиме и една екскурзија и да им ја посетиме канцеларијата напрвена од наши пари
Контакт E-mail Сакате да закупите рекламен простор на Фемина? marketing@emedia.mk Имате информација/соопштение/PR текст кои сметате дека ќе побудат интерес кај нашата публика? info@femina.mk Телефон/факс 047/ 24 20 24 Адреса Емедиа Груп ДОО Елпида Караманди 4 7000 Битола
Еве ви, скоро неодамна ми се појави оваа хуманитарна акција па можете тука да донирате https://docs.google.com/forms/d/e/1...62NK-X1jC2nRsgfjiXxHUiwBFpvQ/viewform?c=0&w=1
Акo сaкaте кaкo групa дa нaпрaвите нештo хумaнo, нaпрaвете нештo пoгoлемo, дa се види рaзликa. Нaслoвнaтa нa феминa мoжеше мнoгупaти дa се искoристи зa дoнaции кoи живoт спaсувaaт кaкo и aктивнoст oд стрaнa нa членoвите, aмa сегa дa се aнгaжирaме, дa не имa и дa се чуе зa феминa oти пaкетчињa oд 100 денaри ќе прaвиме.
@Summerlover не сум размислувала за ова ама баш би сакала да појдам да видам од кај се делат тие банови, од каде ми ги бришат тие драгоцени мислења Може од дома си работат ама ако... Со задоволство би не примил чичко МихајлЕ Туку нека се тргне рекламата се депилаторот и нека се стави оваа... инаку не знам
@JollyGirl И неговата реакција би била Ти мислиш позната си ни нам и на Шефо и секаде те знаат, а? За мислења, кај Реин ќе тропаш, да ти врати играчките, ова мислењата де Инаку, кога ова гледам дека не стои на најпросперитетни нозе, се согласувам тогаш со мислењето на Бриџет Џоунс, секој од нас, кој има добра волја, да подели на оние ги познава, а се во потешка финансиска ситуација, а гестот знам дека многумина такви ќе ги израдува
Супер идеја ама тешка реализација. Плус во домовите за деца без родители колку што знам секоја година по некој им донира де пакетчиња де поклони. Се согласувам со Бриџит, наместо пакетчињава подобро да се помогне на некој што е во тешка финансиска состојба, а барем кај нас ги има еден куп такви, за жал. Spoiler ВМРО треба на сите уствари да ни подари по едно пакетче ама ајде... Друго, ако се плашите за анонимноста, еве на фб барем се организираат евенти за вакви хуманитарни акции, доволно е некој да направи евент, после со инвајтс и заинтересираност, верувам дека на никој нема да му текне од толку луѓе да копа да пребарува кој е кој на форумов.
Јас уште од страт знаев дека ке биде сето ова тешко за реализација,затоа што 90% од членовите тука се анонимни.Сепак реков зашто да не пробам да направиме едно добро дело. Иницијативава ја покренав затоа што јас бев дете на сиромашни родители,и никогаш во животот немав добиено пакетче ама баш никогаш,иако како мал нели сите веруваме во дедо мраз,но за жал јас немав прилика да се радувам на тие ситници(но како дете значат многу),на мојте родители им значеа многу 100 денари,можеби за некој е ова смешно за некој тажно,но ова е чиста вистина.Но за среќа во животот се изборив и станав свој човек,кој може да си дозволи многу работи во животот,па решив да израдуваме некој дечиња со пакетчиња. Значи јас секако ке дарувам сам некаде пакетчиња,но сакав и имав идеа и тука ние да направиме една убава хумана работа.
Убава иницијатива дефинитивно, но ајде да бидеме реални, децата без родители, болните, старите лица..кои цела година се 'заборавени' баш во овој период ги посетуваат, има иницијативи организирани од невладини организации, фондации, до политичари, и овие ранливи групи се само во овој период 'забележани'. Ајде сериозно да се организираме, да си дадеме време, да собереме и да ги израдуваме без некоја посебна пригода ко нова година, нека биде понатака, нека се покрене инкцијатива да се создаде 'фемина добротворна фондација' па да донираме конкретно. Или ако веќе може да се допре на повисоко државно ниво,јас би предложила од сите вработени, пензионери и сл. за кои се плаќаат придонеси да се оддели соодветен фонд за донации макар и по 500 денари годишно да е тоа и да има на купче кога ќе се јави некој случај за операција во странство и сл.. Убави се овие обиди и навистина би се вклучила на секој можен начин!
Потрошивте две страници и не го решивте случајот. @ЕденЧлен каде ќе биде пунктот за да донесам пакетче?
Нема потреба од ова. Доволно е секој да го посети домот за деца без родители и да однесе колку може пакетчиња. Добро би било доколу ги ослободите плакарите од непотребните парчиња гардероба и ја однесете и неа. Редовно донирам во домот и во 2-3 цркви кои помагаат на оние на кои им е потребна помош, но за нова година не сум однела пакетчиња, затоа @ЕденЧлен ти благодарам што ми даде одлична идеа. Се надевам дека нема да чекате со скрстени раце некој да ве организира или пак доколку ова не се изреализира ќе остане се само како добра идеа закопана во темава...
@КикиМаус летово го испразнив плакарот на се што не носам и ги донирав во црвен крст. Потоа слушнав негативни работи за нив и ми беше криво, сеуште верувам дека се отидени во вистински раце. Сега би донирала пак, во која црква донираш во Скопје или некој друг град?
Во Ѓорче во таа црква, во Евангелистичката црква и во домот за деца. Иначе на фб има една група Женски домаќински муабети и таму една девојка - Биба постојано објавува семејства на кои им е потребна најразлична помош. Со поранешните колеги од едно работно место секој месец собираме пари и бираме по едно семејство од групата што Биба ги објавува и со пола од парите им купуваме јадење и основни работи за лична хигиена а остатокот им го даваме на рака. На една од бившиве колешки, сопругот ѝ има градежна фирма, па со негова помош колку можеме толку им помагаме и на оние кои немаат саглам кров над глава. Ѕирнете ја групата односно она што Биба го објавува, доколку сте во можност помогнете колку толку и на тие семејства. Она што за нас не значи многу некому живот спасува..
На децата од домот за деца без родители, ако нешто не им недостига тоа се нг пакетчиња. Многу институции за да се сликаат, помислуваат на овие деца тогаш. Од акцијава не верувам дека ќе бидне нешто. Мојот план е да купам 10-тина чоколади и да ги поделам на децата кои мрзнат на раскрсниците.
Редовно донираме за децата без родители.Кај нас во банка, или во другите јавни установи си има ставено кутија за овдешните деца без родители.Редовно донираме и плус за нова година си има организирано и забава на плоштад во нивна чест.
Жал ми е што темава не успеа,мислев ке има некоја иницијатива ама тоа е тоа,да сте здрави и живи. Факт е дека сите донирате,по црвен крст,кој во црква,кој во некој дом.Сетоа тоа е убаво и продолжете само така. Мислам дека темава може да се затвори. Господ нека ви дава здравје,љубов,разбирање.