Пакет аранжмани 2014

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од WomanInRed, 31 мај 2014.

  1. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Да бидам искрена јас барав по форумов ваква тема, бидејки би сакала за летоска да најдам некој пакет аранжман, да биде евтино со превоз и да биде на некое убаво место..
    ете на овие агрегатори за попуст имаше нешто но би било добро доколку секој предложи некој аранжман..


    :)
     
  2. Heisenber

    Heisenber Нов член

    Се зачлени на:
    31 мај 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    2
    Најубав аранжман е оној што сама ќе си го направиш. Еве за пример, јас и мојата девојка летово ќе одиме во Италија, Лидо Ди Јесоло.
    Авионски, за месец ипол однапред резервирање карти чини некаде 150 евра за 2 карти.
    Сместувањето е као, стигаме таму и сами си наоѓаме сместување.Од тоа што досега пребарав на италијански сајтови, цените на приватните сместувања се движат од 7-11 евра за кревет.
    Ако си во врска или некоја си љубовна авантура, тогаш е фино да размислиш за оваа опција.
    Многу поевтино е доколку сама си организираш, затоа што агенцијата зема голема провизија, бар тука кај нас :)
     
  3. BeautyAndTheBeast

    BeautyAndTheBeast Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    162
    Никогаш не би се затерувала до Италија а да знам дека немам сигурна резервација.Да можеби ќе поминете навистина по евтино но кој ви гарантира дека ќе најдете смештај?Исто од каде знаеш како ќе се погодиш и кај кого.Друго е преку агенција идеш си плаќаш и мирна глава знаеш и да испадне нешто недај боже да нема место во хотелот или вилата да направиле грешкапри резервација они одговараат и ќе ти најдат смештај ако не ќе ги гониш кривично(што нема шанси да дозволат да останеш несместен не се будали).Но сепак дај боже да си поминете убаво и без проблеми,секоја чест за ризикот. :)

    И мене многу ме интересираат аранжманиве што ќе ги понудат агенцииве особено за Турција и Хрватска но сеуште немам ништо за жал начекано..
     
  4. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Балкан Експрес Травел имаат евтини аранжмани за Кушадаси, 7 ноќевања (не ме фаќајте за збор, можеби и 9 беа) и превоз за 110 евра во август :o Се изненадив дека многу евтино ми се чини. Патувал ли некој со оваа агенција? Што мислите за понудава?