1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Паксос и Антипаксос (Paxos and Antipaxos - Greece)

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од Chivas, 13 септември 2012.

  1. Chivas

    Chivas Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    132
    Не видов посебна тема ,а прочитав дека повеќе го спомнувате Паксос и неговиот придружник Антипаксос па ајде да си ја отворам душата и да ви раскажам за оваа убавина.Одам 3 години со ред на фамилијарен одмор , и никогаш ама никогаш неможам да речам дека ми е доста од него.Првите две години по 15 дена а оваа година еден месец. Авантурист сум ,и јас и моите најблиски , сакаме да одиме на нови места ама еднаш ако отидете ваму ќе се заљубите толку многу што одвај ќе чекате да дојди наредното лето за повторно да отидете. Паксос - остров создаден од грчкиот бог на морето, Посејдон кој го одделил јужниот дел на островот Крф со тридент и го создал островот за да се сокрие со љубената Амфитрити.Познати како Карибите на Јонското Море . Мало, монденско место , бисер на Јонското море , со гооолем број на јахти наредени една до друга .Место каде што се откинуваш од ~балканскиот свет~ и се чувствуваш како друг човек. Паксос со неговата архитектура многу потсетува на мало Италијанско градче , а најубави се утрата кога сите стануваат на утринско кафе со поглед кон своите јахти и прекрасното море.



    А ова е Антипаксос , островче мало на кое што нема население , се оди преку ден само поради плажите и водата



    Годинава на ова место посетував и часови за нуркање и добив лиценца од PADI која се надевам ќе ја користам за наредната година повторно на ова место. :rock: Гостин ова лето на Паксос беше Новак Џокович со Јелена и екипата кои поминаа неколку дена тука и неколку на Крф, газдата на ФИАТ со фамилијата, и една француска грофица. Често се организираат и свадби , доаѓаат од Британија и Скандинавија и свадбените церемонии т.е венчавањето го прават на плажа а потоа прославата вечерна на сред море во брод.Не е комерцијализиран остров, нема брендирани продавници и такви слични ствари со кои што се замараме ние.Можат да се сретнат само продавници со оригинални бисери и рачно изработен накит кои се мнооогу соленки. Овде ќе го завршам мојот пост но ќе се навратам повторно да напишам збор-два за Паксос и Антипаксос . :hai:
     

    Прикачени фајлови:

    • DSC09012.JPG
      DSC09012.JPG
      Големина на фајлот:
      300,8 KB
      Прегледи:
      427
    • DSC08308.JPG
      DSC08308.JPG
      Големина на фајлот:
      246 KB
      Прегледи:
      426
    • DSC08220.JPG
      DSC08220.JPG
      Големина на фајлот:
      380,8 KB
      Прегледи:
      429
    • DSC08221.JPG
      DSC08221.JPG
      Големина на фајлот:
      326,5 KB
      Прегледи:
      428
    • DSC08100.JPG
      DSC08100.JPG
      Големина на фајлот:
      156,8 KB
      Прегледи:
      428
    На Ahoy, Stefybutterfly, SwanMay и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Kalina1

    Kalina1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    37
    Дај кажи подетално каде точно се наога, има ли градче на островот каде може да се сместиме,колку се движат цените? Иначе морево е сон. И како се стига до таму со траект ли?
     
    На Dpokahontas му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Chivas

    Chivas Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    132

    Островот се наоѓа под Крф , подетално можете да видите на карта.Иначе има 3 мали градчиња на островот од кои 2 се пристаништа за јахти приватни само.Во однос на сместувањето , поради архитектурата на островот хотели скоро и да нема повеќето се апартмани , соби но цената е прилично висока во јуни, јули , септември се движи околу 50-60 евра а додека во август кога е шпиц на сезона апартман за двајца е 80 евра.И нормално и останатите цени за исхрана , шопинг и сл. ствари се високи.Исто треба да се обрни внимание на тоа што на плажа се оди на другиот мал остров Антипаксос а карта дневна со глисер (само превоз )изнесува 10 евра.
    И да, се патува од Игуменица со траект отприлика 2,5 - 3 часа .
     
  4. mari4e.19oo

    mari4e.19oo Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2014
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    10
    Gledav sl i preubavo e, bi sakala da odam.ama preku booking e mn skapo smestuvanjeto:(vie kade se smestivte nekoj predlog da ni dades?
     
  5. Rubinka7

    Rubinka7 Активен член

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Ако си сместена во Парга имаш секој ден тури/крстарења со брод до Антипаксос и Паксос.... Некаде околу 15 евра мислам беше цената и вреди за секој цент за таа убавина што ќе ја видиш патувајќи околу овие две островчиња. :)
     

    Прикачени фајлови:

  6. Stefybutterfly

    Stefybutterfly Активен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2019
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Дали може да се оди од Крф до Паксос и која е цената?
     
  7. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.862
    Допаѓања:
    133.210
    Пол:
    Женски
    Може, околу 30е. Зависи од кое место тргнува. Од Агиос Георгиос по 28е наплаќаа.
     
    На Stefybutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Stefybutterfly

    Stefybutterfly Активен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2019
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Фала многу, конкретно од Ипсос. Видов имаше цени некои од 28е некои 32е. Дали можеби си запознаена дали има агенции преку кои кога ќе отидеме ќе можеме да резервираме? Фала однапред. :)
     
  9. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.862
    Допаѓања:
    133.210
    Пол:
    Женски
    Тамошни оператори нудеа тури до таму, ги има по плажите табли со информации од тие што ја нудат турата ќе се снајдете лесно. Дури во одредено време стоеше нивни претставник и одговараше на прашања
     
    На Stefybutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Persephone

    Persephone Активен член

    Се зачлени на:
    6 август 2019
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    25
    Сум била Паксос еднаш и би отишла повторно. Гајос, пристаништетото и главниот град на Паксос е навистина како е еден мал рај, нема гужви, водата е кристално чиста, одмор за душа, тело и очи. Оние кои не сакаат гужви, ваквите мали островчиња се идеални за одмор.
    Антипаксос сум била со брод на крстарење но само за пливање на плажата, водата е нешто неопишливо.
     
  11. AsteryStella

    AsteryStella Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2016
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    173
    Пол:
    Женски
    Ве молам искуства со Паксос и Антипаксос.Повеќе околу смештај,плажи,таверни.Дали преку агенција одевте (ако да која агенција ги работи овие острови ве молам за инфо) или букинг (каде се сместивте )
     
    На Роберт 7 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Компир Манџа

    Компир Манџа Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    2.835
    Допаѓања:
    4.291
    Пол:
    Машки
    Интересни островчиња.
     
    На Роберт 7 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.127
    Допаѓања:
    43.696
    Пол:
    Женски
    Преубави островчиња. Ние сме биле на еден ден со бродче од Парга. Многу се слатки, чиста и убава природа.