https://www.facebook.com/3355196032...5519603287651/347073462132265/?type=1&theater И јас би сакала да споделам линк многу убав подарок за новороденче
Јас да ве прашам нешто. Дали се дава само 1 чинија за порадок со мала чашка како декорација? Или пак глупо е? Инаку чинијата е со новогодишни мотиви како и чашката.
Обожавам да декорирам и украсувам подароци, поготово кога се за личности кои ми значат. Обично од книжара/цвеќара купувам материјал и дома сама ги виткам.
Сакам декорации ама не ме бива за тоа. Па си одам у цвеќара и средувам тоа. Бар нема да се обрукам како сум спакувала.
И сама пакувам, некако ми иде од рака, кога имам доволно материјал за пакување дома, а по потреба идам и у цвеќара, посебно ако ми е за посебна прилика/личност!
Иако не ме бива многу, во последно време за најблиските пробувам сама да спакувам подарокот. Убаво ми е дека сама сум се потрудила да ги завиткам подароците. За ептен важни прослави и не толку блиски пред кои можам да се брукам уште ги виткам во цвеќара подароците.
Не ме бива воопшто за пакување на подароци, мажот ми е по таа работа него го бидува, па затоа кога треба некој подарок да се спакува тој е задолжен.