Палачинки во рерна Потребни состојки: Шунка Печурки шампињони Кисела павлака Сирење За палачинки: сол 2 чаши брашно 1,5 чаши млеко 2 јајца масло за јадење Подготовка: Тесто: од наведените состојки направете тесто (како за стандардни палачинки) и оставете го да отстои 30 минути. Испржете ги палачинките и оставете ги настрана. Подгответе го филот со тоа што ќе ги испржите шампињоните и шунката, откако ќе се оладат, додајте кисела павлака. Потоа, редете од филот на секоја палачинка во тава за печење додека не се потрошат палачинките. На крајот во малку разредена кисела павлака со вода додадете сирење и посипете одозгора. Печете во рерна загреана на 200 Целзиусови степени, додека не се истопи сирењето, а палачинките не добијат златно-жолта боја.
Сакам палачинки и благи и солени,солени можам повеќе да изедам хахаха. Инаку убави ми се со крем и банани,а мн. ми се убави само тешки ептен,со сос од карамела и кршени лешници,мх мх мх,кога ги правам се давам во нив
Секакви ги сакам. И солени и благи. Кога одам во ресторан секогаш кога порачувам блага палачинка, порачувам само со еурокрем, евентуално внатре и мелени ореви. Одвратни ми се палачинките со шлаг, банани и што ли не внатре. Солените ги јадам најчесто со сиренце. Можеби понекогаш и со шунка, кашкавал итн..
Обожавам палачинки и ги јадам секакви: солени, благи.. Сон ми беше да ги пробам тие американските палачинки (така јас си ги викам тие подебелите што ги јадат во америка и во британија за доручек), па мајка ми денес ми направи според еден рецепт на интернет и прекрасни се. Има многу рецепти па затоа пишете на yahoo - pancake recipes и одберете си рецепт по ваш вкус. Можат да се прават и во тавче, а доброто е што не се лепат.
Палачинки, па има ли некој што не ги сака?! И јас ги обожавам, и солени и благи... често ги јадам и незнам за доста, понекогаш претерувам. Благите ги сакам само со чоколаден крем, не сакам шлаг и слични додатоци. А солените ги јадам со сирење, шунка... Секако ми се убави.
Во петокот со дечко ми купивме тавче за палачинки и 3 дена за десерт само палачинки правиме ( да го испробаме тавчето де ). Ма солени, благи, кисели, експерименти во боја да не речам Како ги правам алал да ми е, вртењето ми оди.. Најдобра сум во тоа
Еден мексикански рецепт за солени палачинки. 400 гр пилешки гради 8 палачинки 200 гр пченка од конзерва 200 гр грав од конзерва 200 гр гауда 200 гр сирење 1 главица кромид 3 домати 1 зелена пиперка 200 мл кисела павлака 1 кафена лажичка чили масло за јадење, сол и црн пипер Пишечките гради се се сецкаат на коцки и се посолуваат. Кромидот се сецка и се пропржува, во тавата се додава и пилешкото. Се вадат од тава и во тавата се пржи исечканата пиперка и половина од ситно исечканите домати заедно со гравот и пченката. Пилешкото се враќа во тавата и се посолува и зачинува со чили. Со таа смеса се полнат палачинките и се ставаат во тава за печење. Сирењето и гаудата( не цела, да остане мал дел) се рендаат и во нив се додава павлаката и се мешаат убаво, а потоа се нанесваат врз палачинките и одозгора се ренда преостанатата гауда и се зачинува со чили. Се пече 20тина минути на 200 степени.
Јадам и правам секакви палачинки (солени пржени(поховани) и потпечени, а и благи). Благите најубави ми се со Луна кремот од Витаминка Благи дома правиме, само со крем, со крем и банана, со мармалад и со мед и ореви (сецкани и мелени). Солени полниме, со шунка, кашкавал, печурки, павлака, кисели краставички, мајонез (Зависи кој какви комбинации си сака). Смесата ја правам вака: Најпрво матам со миксер 4јајца со 2 мали филџани зејтин, потоа додадавам 3шољи (големи за чај) брашно, потоа 2 шољи(истата големина) млеко и 1шоља минерална вода. Сето тоа го матам со миксерот и смесата е баш идеална ниту ретка ниту густа. Си купив тава за палачинки за 250денари од Тинекс и многу ми се погоди. Спојлер Исто може на 3 шољи брашно да бидат 3млеко, или 3 минерална вода, но мене најмногу ми одговара мешано и млеко и вода Едит: Јајца може и повеќе и помалку кој како си сака, а истото важи и за останатите состојки, важно е само на 2 јајца дека оди 1 филџан зејтин и дека на 1шоља брашно оди 1шоља течност(млеко или вода).
Пишав и во општи прашања еве и тука ќе пишам...има ли врска ако газираната вода е со лимон?оти сега нешто не успеваат,па во мисла ми е дали е до тоа што водата е со лимон?
Палачинки со пилешко месо мх мх мх мх Недела денот за уживање… Имате потреба од вкусна вечера??? Ова е идеалниот рецепт за вистинско уживање во недела навечер!!! ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 јајца 2 лажици брашно 250 гр. грашок 200 гр. кисела павлака 100 гр. кисели краставички 120 гр. мајонез 1 парче морков 12 парчиња палачинки 200 гр. пилешки стек 2 лажици презла НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: Испечете ги палачинките. Пилешкото сварете го и исецкајте го на коцки, а грашокот и морковот обарете ги и додадете малку зачин. Измешајте го пилешкото со зеленчукот, мајонезот, исецканите краставички и павлаката. Со овој фил намачкајте ги палачинките и свиткајте ги како сарма. Потоа извалкајте ги во брашното, јајцата и презлата и пржете ги на врел зејтин. Од кога ќе се зацрвенат малку извадете ги и по ваша желба можете да ги декорирате со неколку ливчиња зелена салата и две кришки лимон. мх мх
Ги обожавам но незнам да готвам.Ми ги готви баба ми Најмногу ги сакам со сирење,но ги сакам и со еурокрем,крем бананчина,и чоколаден прелив
И јас денес правев по овој рецепт и навистина се . Јас само ставив повеќе млеко, а помалку вода и ептен ми ги пофалија. И излегоа 26 парчиња, но тоа веројатно зависи и од големината на тавчето.
Има тука во Аеродром една продавница каде што носат таза палачинки, по 5 или 6 во пакување, 30 денари се. Дечко ми секогаш ми купува и ги прави со Нутела и банана. Мх мх... Сакам сега такви!