Ијас правам палачинки,ама не дека ги сакам нешто посебно....може и воопшто да речам дека не ги сакам,ама моиве ги сакаат па подправувам понекогаш
Палачинки њамњамњаммм!!! ухх ми се пријаде! Јас знам сама да си правам палачинки, али со ваква направа (незнам како да ја наречам ) и супер лесно е. Единствен проблем е што секад го заборавам рацептот и морам да се консултирам со мамичка...
За палачинки реално е најважно тавчето да е супер. Јас си пекам по едно Делимано (впрочем, пекам за цел комплет, ама моментално 10 000 ден. за тавчиња ми се недостижни) , здравје, кој чека - ќе дочека, сите ќе ве викнам на палачинки извадени од Делимано тавче. А дотогаш, си имам едно тефлонско, врши работа, солидно е за парите. Смесата ја правам од око, брашно, едно јајце, малку сол и шеќер, вода, млеко. Матам со миксер, повторно од око додавам нешто (обично брашно или млеко, зависи од густината). И потоа филувам, дечко ми ги сака понекогаш само си сирење , се чудам малку, ама ок, вкусови. Со крем, со мармалад од сливи, со мед и ореви, понекогаш додавам и банана или сега јаготки... варијации има милион и една, палачинките се убава работа и сите ги сакаат, од старо до младо. Штета што се малку мачни за правење, нон стоп си на нога и им висиш, ама па за љубените и блиските... ќе издржиш.
Обожавам палачинки!! Ги правам многу често и на сите им се свиѓаат. Ги сакам најмногу со крем, ореви, банана, шлаг и чоколаден прелив! Мммммммммм мераци... Вечер ќе дојде дечко ми на гости кај мене и ќе правам палачинки и на него му се многу допаѓаат. Еве некои слики за да ви го отворам апетитот и да добиете идеи како да ги припремите и декорирате. Мојот рецепт за палачинки е: 1/2 l млеко, 250 гр. брашно, 3 јајца и малку сол ..само што јас никогаш не ставам сол. - вака можете да му направите на саканиот.
обожавам палачинки...кога правам мајка ми ми ја прави смесата, а другото јас на пола од палачинката ставам крем, а после редам крукчиња банани, и ја виткам нешто како триаголник а сум јадела и солена палачинка...наместо крем ставив парченца сирење
Не сум многу добра во правење, но затоа мајка ми ми ги прави најубави. Ги обожавам благи со се и сешто, а ако се изладени најубави ми се со мармалад од кајсии.
Палачинките ги обозжавам и тоа премногу .Повеќе ги сакам благите од солените.Затоа постојано ја терам мајка ми да ми прави бидејќи не сум баш добра во правењето .Најчесто ги јадам со дебел слој од чоколаден крем,а понекогаш ставам и изрендана бискота.Вкусно
Баш вчера правев. Матам вода со брашно, ставам јајце, малку сол( за да не се лепи тестото) и малце зејтин. После мешам. На тавче ставам малку зејтин ( со палома мачкам) дека тефлон има . Кога се готови ги сакам само со крем внатре ама некогаш ставам бисквити, банана или што најдам. Солена палачинка никако.
Ах бре памелче ме изнасмеа Купи си кремче,две три бананки и решен проблемот.Или пак ако има некое слатко дома останато од било што. Инаку јас обожааавам палачинки.Претежно зимата и правам дека ми е полесно и не толку жешко и мачно како сега.Напорна работа е да се прават палачинките,но на крајот е сепак исплатилива кога ќе ни се влеат во крем,банан,чешничиња и оревчиња во нашите стомачиња Еј дојде ова со ритам и рима
ги обожаваааааам многу знам сама да ги спремам,со nutella ми се најубави ........најдобри сум јадела кај мене дома
Нутела и банана, а одозгора шлаг и чоколадо мх мх .. Ама тоа на времето .. Немам јадено кој знае колку време
како функционира направава?да не е за дебели палачинки оние америчките или тенки обични?ја има кај нас???
Јас пак. Си правев и денеска, ептен ги погодив Ама снемав мармалад сега у 11 и мајка ми ми вика земи со шеќер и цимет, пробав и не би ви препорачала на вас. Ептен одвратно
За тенки обични, и ептен е лесно и брзо. Побарај низ техно маркет, мојава е ептен стара, уште од пред да се родам најверојатно. А знам и дека ако го користите ова треба да го смените и рецептот малку. Мислам дека се додаваше зејтин, не се сеќавам на двата рецепти за да ги споредам.
Палачинките ни се омилен десерт на мене и дечко ми. Знаеме често да си правиме заедно. Е најубави ми се кога ќе ги премачкам со крем, ќе наросам малку мелени ореви и мелена чоколада (тоа заедно го мешам), ќе наредам парченца киви, па ќе ги замотам. Абе прсти да излижеш. Пробајте, топло ви препорачувам