Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Палачинки

Дискусија во 'Рецепти' започната од maja8, 17 јануари 2010.

  1. biggirlsdontcry

    biggirlsdontcry Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    163
    Најубави се палачинките од ред кафе,мислам на благите. :P Мјам мјам мјаааммм,со сникерс и црн крем.Мерациииииииииииииииииииииииииии :x
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  2. swetygirl

    swetygirl Активен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    Тестото мама ми го прави ама за печење сум експерт :D а за јадење палачинки немам зборови ГИ ОБОЖАВАМ :D :D :D
     
  3. katalina

    katalina Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    1.615
    Допаѓања:
    772
    Пол:
    Женски
    Правам убави палачинки,ама најчесто ме мрзи со саати да стојам и да ги печам :sweat: најслатки ми со нутела,дробен плазма бисквит и сецкана банана :P
     
  4. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
    Не е можно, решив да ги направам палачинките, гледам нема брашно :doh:
     
  5. I.love.your.lips

    I.love.your.lips Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    970
    Едноставно ги сакам на одмор јадев од оние америчкине-панкејкс со мед и се би направила да се вратам пак и да јадам такви. Иначе премногу ги сакам и ги јадам со еурокрем и банана, џем,мед а ми кажувале луѓе дека убави биле и со сникерс-мед-еурокрем и не солени кикиритки :!:
     
  6. MaggieTatum

    MaggieTatum Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    509
    Пол:
    Женски
    може некој да ми каже како ги правите американските плачинки ?? не видео од јутуб туку вие како сте ги направиле ?? јас неколку пати досега направив и секогаш ми испаѓаа тенки и негде подизгорени, а негде уште со живa смеса :(
     
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.008
    Допаѓања:
    81.345
    Пол:
    Женски
    Елена, јас го имам истово да го наречам тавче. :D И сигурна сум дека рецептот не се менува, скоро правевме со мајка ми и убаво се сеќавам дека рецептот си е ист како за правење палачинки со обично тавче. :) Нема логика некако да се менува, тоа апаратчето не е фактички обрнато тавче наопаку !? - ова по моја, блонд логика. :D
    Не, шала на страна, за посликовито да објаснев. :$
    А ги има и тука низ продавниците за бела техника? Ние го зедовме од Грција, пред добри десетина години. И го препорачувам - раат е.
    Мене најинтересно ми е олд скул приготвувањето на палачинки во обично тавче, па вртење, ваму-таму загорело, па се залепило, ама како што сум трапава и немам баш живци за тенчење, па ова ми е одлично. :lol:
    Кај ја видов темава, барем знам што ќе јадам утре, т.е. после за доручек. :wasntme:
     
  8. kate-pp

    kate-pp Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    135
    Пол:
    Женски
    Најубави ми се благи, со еурокрем. Кога беме Грција летово, порачавме со кафеав и бел еурокрем+кокос поубаво нешто немам јаденоо :inlove:
     
  9. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    јас тапа сум за палачинки ама затоа си земам од продавница оти тие пакуваните со се по 10 и му клавам чо сакам ама најчесто солени :D :D
     
  10. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Пакуваните палачинки, по 5 мислам се внатре, во пвц фолија, не се допржени. Препорачуваат пред јадење да се препржат, јас дури од кога отидов со стомак по палачинки, продавачката ми го кажа тоа, како демек штетно е да се јадат не допржени. Арно треба да остане човек труден, за да ти кажат.
    Кога ги препржив дома, се намалија на пола ...
     
  11. GazdataodParencoJR

    GazdataodParencoJR Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2012
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    40
    Посебна средина.
    Ги сакам со џем и еурокрем. :inlove:
     
  12. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Мајка ми е експерт за палачинки и таа секогаш вели дека палачинката треба да биде многу тенка, но не претенка за да се скине. Она си има посебна мерка за тоа колку става од кашата и секогаш ги прави во едно посебно тавче.
    Ги сакам со еурокрем и банани, со мармалад, мед и ореви, па дури и со мајонез и кашкавал.
     
  13. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Jас не им турам млеко, туку наместо млеко-вода. Hајвеќе правам, за пирошки, после поховам со јајца и презла пиршки, брат ми многу ги сака :) E вакви ги правам како на сликава

    [​IMG]
     
    На Springy и Abeja им се допаѓа ова.
  14. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Види ја ти домачица 8) . И јас ги сакам благи ама повеќе солени, откако ќе ги направам им ставам сирење или кашкавал и салама и ги ставам малку во рерна да се стопи сирењето/кашкавалот :pizza:
    А твоиве, не ти се распаѓаат при пржење, веројатно се виткани нели, па немаш ли проблем при вртење додека ги пржиш? Како вкусно изгледаат, ми се пријаде и тоа баш такви :lol:
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Hе не, јас една палачинка ја сечам на пола, на средина, од една ми излагаат 2 пирошки, на средина им турам саламче, кашкавал, кечап мајонез и оригано, па ги сукам со рака, сега не знам како да го објаснам
    како цилиндер да биде :rofl:
    ги турам прво во матени јајца, после во презла, и ги пржам, навистина се ептен вкусни :inlove:
     
    На Serafima и Abeja им се допаѓа ова.
  16. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    633
    Рецептот за палачинки на Старфиш е НАЈДОБАР!
    Значи колку пати сум пробала да правам според др. рецепт, што од овие тука што ги имате напишано, што од др. блогови, сајтови, итн. никогаш не ми испаѓале како што треба.
    Штотуку направив 20-тина кој е за, бујрум :)

    Фала Старфиш, отсега почесто ќе ги правам :*
     
  17. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.796
    Допаѓања:
    25.297
    Пол:
    Женски
    Јас не љубам многу-многу благи палачинки, па затоа измислив еден солен рецепт и сега само така ги јадам.
    Многу е едноставен, значи - Потребни се веќе готови палачинки по класика рецепт, павлака, кашкавал, зденка(никако без зденка, ми се чини она го дава шмекот), печурки и кисели краставички.
    Палачинките прво се премачкуваат со зденката и павлаката. Над тоа се ренда кашкавал, над него печурките и на крај се рендаат киселите краставички. Се виткаат палачинките во форма на пирошки и се редат во тавче. Настрана се мати едно јајце со малку кисело млеко и вегета,сол и бибер и се преливаат палачинките.
    Се пече во претходно загреана рерна на 200 степени, околу 15 минути, ќе видите готови се кога ќе се потпече јајцето одозгора.


    И уште еден рецепт кој го најдов по интернетов, за американски палачинки, најдобар од сите кои сум ги пробала до сега:

    2 шолји брашно
    2 лажички пециво
    1/2 лажичка сол
    2 лажички шеќер
    1 ванила
    2 јајца
    2 шолји млеко
    4 големи лажици зејтин

    Се мешаат сите состојки, и ќе видите доколку смесата ви делува ептен течна, можете да доставите плус пола шолјичка брашно.
    Се остава смесата да отстои околу 10 минути и после се пржат на загреано тавче, со малце зејтин, ист принцип како обичниве палачинки, со тоа што се прават нели, помали, значи не се истура смесата наоколу на целото тавче, туку само во центарот...

    Па, пробајте. :)
     
    На victorijaad, K.Mari4ka и thinkerbell им се допаѓа ова.
  18. tessi

    tessi Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    518
    Обожавам палачинки,без разлика дали се солени или благи.Кај мене дома јас сум задолжена за правење палачинки,ептен сум им ги погодувала.Благите најчесто ги јадам со еурокрем и мелени кекси,а солените ги правам пирошки (ги полнам со салама и кашкавал),потоа ги потопувам во матено јајце,презла и после се прсти да излижеш :inlove:
     
  19. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.630
    Допаѓања:
    106.633
    Пол:
    Женски

    палачинките што се правени со млеко повеке впиваат зејтин при пржењето :!: а тие што се прават со вода не се толку мрсни :)
     
  20. skyAngel

    skyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    1.530
    Допаѓања:
    2.768
    Јас цел саат дремев на тараса и ги правев , денес ги направив со кисела вода , бидејќи морав млекото да го чувам за несс кафе :D

    Ставам две јајца,кисела вода,малце сол и малку шеќер и брашно околу 18 лажици (според рецепто) но јас гледам како мене ми одговара смесата , да не е многу густа и да не е мн ретка и со миксер мешам.