Aбе жени, а кај може да се купат готови, оние целофански завиткани? Порано ги гледав, ги носеа во маалските продавнички, сега не памам од кога не сум видела? Инаку за во Скопје зборувам.
Додека ги има, само од нив се јаде. До последната . Вчера направив еден експеримент, а резултатот мислам дека беше добар. Правев стандардни палачинки за пирошки, а на последната смеса што остана им ставив 2 лажички какао и ванила шеќер. Ги филовав со шлаг пена. Бев скептична за исходот, ама на крај се беше во ред. Во еден здив ги изедоа .
Јас сум од оние ретките и ќе кажам не јадам благо. Не дека воопшто не јадам, можеби еднаш во неделата некое чоколадце. А за солено, очи ќе извадам. Палачинките секогаш ги јадам солени. Со еурокрем, можам максимум една да изедам.
Имам јадено од продавница, од баба, сама си имам направено и не дека се фалам ама моите најфкусни ми беа.. И ги јадаам исклучиво со еурокрем, имам јадено и со мармалад и со лукче ама не е то то
Вчера првпат правев потпечени палачинки,превкусни се Ги полнев со врат,сирење,кечап,оригано,кисели краставички,сирење,печурки-секоја различно една немаше иста Потоа ги наредив во плехче ,ги потпкеов едно 20мин со бешамел сос прелиени одозгора и на крај рендан кашкавал или пармезан ако имате).Ги редев една до друга,како ги моткав,па лесно беше да се одвојат. Еве отприлика слика(не е моја) Спојлер
Па не сум некој голем љубител на благото и кога јадам палачинки со еурокрем ми се многу тешки, најчесто со мед или мармалад и плус некое оревче или цимет. Но и тогаш јадам 1-2 најмногу
а што е разликата ако се прават со обична вода и газирана и ако може да ми кажете некој сигурен рецепт каде излегуваат околу 20 палачинки
Месецов ги усовршив американскиве, и ги дебелеев по дома. Мислам дека ги правев околу 5-6 пати. Многу полесно од француските. А и побрзо заситуваат. Со мед и мармалад ми се совршени. Тестото е погусто, значи со повеќе брашно, јајца и млеко не мерам кога ставам, од око ги правам, си правам проценка колку палачинки сакам да направам и така си се водам. Ставам малку путер (или маргарин, сеедно), неколку лажици шеќер за да добијат убава кафена боја кога се пржат, едно лажиче сода, или пак пола кесиче прашак за пециво за да нараснат. п.с. Смесата не ја мешам со електричен миксер, туку со oваа лажицава за мешање бидејки прочитав на интернет некаде дека инако не била добра смесата.
gi obozavam ama ne znam da gi pravam toa e radota na mama inace gi jadam so cokoladen krem , marmalad , orevcinja itn [mod-kirilica:2wqa9hwm][/mod-kirilica:2wqa9hwm]
Палачинките ги правам 1:1:1. Матам едно јајце, потоа му додавам една чаша вода(јас секогаш обична користам oти газирана не пиеме, па никогаш немам при рака), и една чаша брашно. ОД оваа смеса се добиваат околу 5 палачинки. Предходно затоплениот зејтин го префрлам во шолче, и за секоја палачинка претурам во тавата од шолчето со лажиче. Подпечени палачинки. Палачинките си ги направив на гореопишаниот начин и секоја ја исполнив со најразличен зеленчук(патлиџанче, паприка, краставички, царевка, коцкички кашкавал, сиренце, шунка или сланина...) Ги замотав палачинките и ги наредив една до друга. Ги напрскав и со кашкавал а потоа ги полеав со предходно изматена смеса од јајце со кисело млеко (оваа смеса си ја користам и кога потпекувам турли тава, компирно...), далеку поосвежителна и поздрава варијанта од потпршките. Кога се сервират палачинките лесно се двојат една од друга. Смесата е ствар на избор, мене многу ми се допаѓа и во оваа комбинација со палачинки. Еве една слика, ама до пола изедено е КАсно ми текна да сликам, но колку да се види како изгледаше. Некогаш кога ќе ја завиткам палачинката со зеленчук, сиренце или сланина, ја валкам во јајце и презла и си правам пирошки. Исто така многу слатко.
Вчера, за доручек. Изедов 5-6, и за вечера затоа што имаше останато изедов уште 3. Најчесто ги јадам со сиренце и нешто сувомеснато, што најдам низ фрижидер и павлака. И за крај 1 или 2 со кремче и со банана. Понекогаш ако имам и течно чоколадо, ама вчера немав па така си ги јадев.
Направив зелени палачинки за роденденот на малата - во тестото ставив обарен спанаќ и малце свеж босилек, и сето тоа го изблендирав со рачен блендер (тамам и смесата ми ја досреди) Палачинките ги правев во малечко квадратно тавче, а после од нив направив „сендвичи“ - палачинка, па павлака, палачинка, па кашкавал, палачина, па пршута, палачинка. Ги наденав на чачкалица, со пола шери доматче од едната страна и краставичка од другата. Еве ги:
појма немам како се прават се надевам дека ке се научам во блиска иднина. сеуште мајками ми ги правит иначе ги јадам со нутела,преубај ми се
Од кај може да се купи тоа тавчето за ваквите палачинки ? Барав насекаде и во Вицко во Солун и не успеав да најдам...
^ Можеш и во обично тавче да ги направиш, ама овие се потешки ради путерот, мене не ми се нешто вкусни
јас имам од топ шоп. со поклоп е за превртување. ептен е убо мојш да си го порачаш ако сакаш пиши ЛП ке ти дадам слика да видиш како изгледа отприлика.