Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Палачинки

Дискусија во 'Рецепти' започната од maja8, 17 јануари 2010.

  1. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    пошто изгуби на кладба дечко ми вчера правеше слатки палачинки со крем ...банана и чоколадни бананчиња .... ги изедовме одма ...
     
  2. DaddyDirectioner

    DaddyDirectioner Активен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2013
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    8
    Не знам да ги подготвам сама, но затоа мајка ми е тука. Имам јадено со крем, со мармалад, со мед , со крем и банана и одозгора шлаг... Мммм
     
    На sofijanoka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. owi

    owi Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    123
    Jас од кога наушив се почесто и почесто ги правам :D
    Ги јадам со мед и ореви, путер од кикирики, само со шеќер, мармалад, а омилени ми се пржени со салама и кашкавал.
    Мх, мх, мх, кај ја отворив темава, ми се пријаде :?:
    [​IMG]
     
    На sofijanoka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. tirkenbal

    tirkenbal Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    1.688
    Допаѓања:
    12.612
    Пол:
    Женски
    Мојот омилен десерт,знам да ги правам и најмнгу ги сакам со крем банани и ореви мм :)))
     
  5. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.750
    Допаѓања:
    3.596
    Пол:
    Женски
    Лесни се за правење а се многу вкусни. Најчесто како десерт ги јадам со еурокрем и банани па шлаг и прелив мммхх ^_^ . Некогаш ги јадам и со сирење и така се доста вкусни..
     
  6. krEM4Eto

    krEM4Eto Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    4.274
    Пол:
    Женски
    Простооо ги обожавааам, во моментот ми се јади. Ги јадам или со еурокрем или со лукче, ама со лукче многу поретко. :inlove:
     
  7. l0vE...-love

    l0vE...-love Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2012
    Пораки:
    575
    Допаѓања:
    144
    Пол:
    Женски
    браво !! сега ми се пријаде :lol:
     
  8. Gentleman..D

    Gentleman..D Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    268
    Допаѓања:
    44
    аххх најубав десерт обожавамм со еурокрем,банани сецкани,шлаг и чоколаден прелив.. :inlove:
    а иначе имам приготвено сама за чудо :lol:
    неспособна сум :lol:
     
  9. owi

    owi Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    123
    Јас денес си направив баш како сликата што ја имам поставено претходно
    Мх мх каквиии сеее :inlove:
     
  10. EleonoraLovato

    EleonoraLovato Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2012
    Пораки:
    683
    Допаѓања:
    676
    е сега палачинки да ми направите :lol:
     
  11. Rosie.Alice

    Rosie.Alice Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    81
    Листајќи ја темава дојдов до една БРИЛИЈАНТНА идеја ^_^
    Да си направам палачинки аларафаело
    Вака ќе ги приготвам. Обични палачинки, ќе ги наполнам со бел еурокрем, кокос и сецкани бадеми. А одозгора можам да ги полеам со бела топена чоколада. Абе мераци, милина :mm:
    И сега би правела, ама неможам, доцна е. Ама утре ќе биде жестоко во кујна :whew:
     
  12. LejdiD

    LejdiD Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2011
    Пораки:
    620
    Допаѓања:
    169
    Пол:
    Женски
    Обожавам палачинки ги јадам и солени и благи и тоа омилени ми се со нутела,банани и шлаг мммм
     
  13. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.796
    Допаѓања:
    25.297
    Пол:
    Женски
    Да споделам рецепт за совршените американски палачинки, неодамна го најдов низ интернетов, а имав пробувано толку многу, утнато исто толку. И конечно - бинго. Еве рецепт, за таквите ко мене, кои се во потрага по саглам рецепт:

    1 филџан брашно
    1 филџан млеко
    1 јајце
    1 мала лажичка пециво
    2 мали лажички шеќер
    малце сол ( на врв на нож )

    Нека не ве буни она филџан, стандардизирани се филџаните од аспект на грамажа.
    Значи, едноставно, се мешаат сите состојки, се остава смесата од отстои околу 5-10 минути. Самата смеса инаку треба да изгледа малце погуста од онаа за обичните палачинки, и ако има грутки нема врска.
    Загревате тава, на средна температура ( ако ринглите ви се означени со бројки од 1 до 6, на 4ка треба ) и ќе ја премачкате тавата со тенок! слој путер/маргарин. Тенок, во спротивно првите неколку палачинки ќе ви бидат премрсни.
    Кога тавата добро ќе ви се загрее,ставате од смесата по малце, нели овие палачинки се помали и ќе знаете дека треба да ја превртите од другата страна, кога на површината ќе ви се појават меурчиња. Или од око - ѕирнете ги одоздола, и бојата треба да им биде златно-кафена.
    Совет, внимавајте да не претерате со пецивото, тоа е клучната состојка.

    Еве ги:
     

    Прикачени фајлови:

    • 1.jpg
      1.jpg
      Големина на фајлот:
      57,8 KB
      Прегледи:
      443
    • 2.jpg
      2.jpg
      Големина на фајлот:
      63,4 KB
      Прегледи:
      435
    • 3.jpg
      3.jpg
      Големина на фајлот:
      62,3 KB
      Прегледи:
      440
    На pamelche, Elennaa, Tiki-lolipop и 14 други им се допаѓа ова.
  14. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Менди каква тава треба обична како за нашите палачинки или они посебните што ги рекламираа на топ шоп, или не знам каде?
    Ме заинтересира ептен со рецептов, тамн зборевме да се почастиме со палачинки, и времево не е толку жешко.
     
  15. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.796
    Допаѓања:
    25.297
    Пол:
    Женски
    Најобична тефлонска тава. :)
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Calla

    Calla Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    513
    Допаѓања:
    1.515
    Да не знае некој да може да се купи во Скопје мало тавче специјално за американски палачинки, и цена, молам ? :wasntme:
     
  17. ABeautiful

    ABeautiful Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    56
    Прекрасен десерт за после јадење.Премногу ги сакам и ми се фкусни.Ги сакам и благи и солени.Но,благите имат предност пред СЕ! Ги сакам со многу еурокрем (посебно кога е НУТЕЛА)..
     
  18. luvS2

    luvS2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    42
    Палачинки, обожавам, само овошните не ми се убави, најмногу ги сакам со крем, а дома кога си правам ги јадам и со шеќер, убави се многу крем и плазма [​IMG] [​IMG]
     
  19. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Знам да ја подготвам смесата но да ги обрнувам незнам. :D :D :D
    Најубави ми се со мед,значи само со мед,без ореви.И во комбинација со млеко.Совршена вечера или појадок. :inlove:
     
  20. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Палачинки со вкус на кафе
    Потребни состојки:
    80 г брашно
    1 лажица шеќер
    1 лажица инстант кафе
    1 лажичка ситно рендано чоколадо
    2 јајца
    1 жолчка
    20 г растопен путер
    млеко по потреба
    прстофат сол
    шлаг
    цимет
    Начин на подготовка:
    Во еден сад измешајте ги брашното, шеќерот, кафето, чоколадото и солта. Во друг сад измешајте ги јајцата и жолчката и потоа додадете го растопениот путер. Измешајте ги двете смеси и пополека дур мешате додавајте млеко.
    Оставете ја сместа да отстои еден час. Палачинките пржете ги на путер. Готовите палачинки служете ги со шлаг и цимет.
     
    На Irrepleceable му/ѝ се допаѓа ова.