Палачинки

Дискусија во 'Рецепти' започната од maja8, 17 јануари 2010.

  1. babybelle

    babybelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2012
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    70
    Еве ви еден рецепт за палачинки. ги правев вчера и тестото ми испадна најубаво до сега. Мерката е со истата шоља од 250 мл.

    2 шољи брашно
    2 шољи млеко
    1 и пол шоља кисела вода
    1 јајце
    1 пециво
    1 лажичка шеќер и
    1 прстофат сол.

    Од оваа смеса ми излегоа 20 палачинки со средна големина.

    Поздрав и пријатен апетитт!
     
    На Trendafilka и Serpentina им се допаѓа ова.
  2. Adi990312

    Adi990312 Активен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2013
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    3
    http://www.health.com/health/recipe/0,, ... 50,00.html

    Девојки ај кој знае ако може да ми преведе како се прават и состојките, бидејќи сум на здрава исхрана и овие се здрави кои една од нив содржи само по 74 калории :)
     
  3. mia9184

    mia9184 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    296
    Пол:
    Женски
    Состојки
    -1 шоља брашно
    -1 к.лаж. прашок за пециво
    -1/8 к.л. сол
    -2 к.л тостирани пченични клици
    -1 шоља обезмастено млеко
    -1/4 шоља незасладен сос од јаболки
    - 2 к.л. масло за јадење
    -1 јајце изматкано со вилушка
    Јаворов сируп и парчиња овошје по желба
    Подготовка
    Во среден сад се мешаат првите 4 состојки , на средината се прави бунар и се додаат течните состојки претходно измешани. Се меша додека не се наводенат сувите состојки .
    Се загрева тефлонско тавче на средна температура ,се мачка со масло и се пече смесата . за секоја палацинка се ства отприлика по 1/4 шоља од смесата . Палачинката се пече додека не се појават меурчиња на поврчината и краевите се убаво испечени , па се врти на другата страна да се испече.
    Се послужуваат со јаворов сируп и парчиња овошје по желба :)

    Чекам покана за палачинки кога ке ги направиш :D
     
  4. Kaylee

    Kaylee Активен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2013
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    22
    Сакам да направам палачинки како десерт на вечерата.Но,како да ги направам во вид на срце и др? Како ги правите вие? ;)
     
  5. B.Bulka

    B.Bulka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2013
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    842
    Мали тефлонски тавчиња можеш да најдеш во Jumbo, горе на вториот спрат, многу се мали баш како за амерички палачинки, и најважно е што не се лепат, а чинат 179 денари. Инаку имаат дијаметар од прилика 15 сантиметри ;)
     
    На Ana.Jones му/ѝ се допаѓа ова.
  6. B.Bulka

    B.Bulka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2013
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    842
    Навистина се совршени, фала ти многу за рецептов, нема утка, пред малку ги испробав и преубави се од прва испаднаа перфетни , а да не зборам колку брзо се прават :clap:
     
    На MandyLane му/ѝ се допаѓа ова.
  7. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Останаа уште 3.Ама ја изненадив другарка ми,со кафенцето супер и дојдоа. :D
    Овојпат не го гледав рецептот,така што ми текна ставав.
    Ставив 2 јајца,обична вода (незнам колку точно ставив),1 лаж. зејтин малку шекер и малку сол.
    Машала,добро ги испеков.Конечно и јас да се научам да ги печам ко што треба. :D :D :D
     
  8. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    Додадете и малку стопен путер со смесата, прави разлика и вкуост е 100 пати подобар ;)
     
  9. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.821
    Ги направив и потврдувам дека се совршени :) . Само едно мало дополнување на одличниов рецепт -брашното најдобро да е сенаменско, во смесата ставив 1/2 лажиче путер (омекнат) и место прашок за печење ставив 1 лажиче сода бикарбона (првиот пат ги правев со прашок за печење, исто беа одлични). Ова се само варијанти на истата тема, ама палачинкиве од првото правење ми отидоа во омилени.
    :clap: за рецептот
     
    На MandyLane му/ѝ се допаѓа ова.
  10. smurffi

    smurffi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    378
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Што мислите, со што се полнети овие палачинки ??
    Мене некако не ми личи на крем..
     
  11. Pufkaa236

    Pufkaa236 Активен член

    Се зачлени на:
    30 август 2013
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    4
    ким изгледа имаат ставено :)
    или пак мармалад од смокви..има семчиња .. :)
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Pufkaa236

    Pufkaa236 Активен член

    Се зачлени на:
    30 август 2013
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    4
    често јадам палачинки.. :lol:
    благи,солени..
    солена палачинка со кечап,шунка,кашкавал,маслинки,печурки,марула..(во ресторант јадев)
    блага палачинка имам јадено исто така во ресторант..банана,плазма,крем, и одозгора стопено чоколадо..
    мммм прекрасно..
    почесто и дома си јадам(мама прави :lol: )
    со крем најчесто..понекогаш со сирење,или пак со малиџано..зависи шо имам дома тоа ставам :)
     
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.861
    Допаѓања:
    202.984
    Пол:
    Женски

    Со фил од афион се полнети :) многу е вкусен ако е направен како што треба ;)
     
  14. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.587
    Допаѓања:
    5.932
    фил за солени палачинки? :)


    а како ги викаат оние солени палачинки увалкани во јајце и презла и запржени-поховани? :$
     
  15. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.185
    Допаѓања:
    81.708
    Пол:
    Женски
    Да, тоа се поховани палачинки. :)
    Мене ми се највкусни со пица-полнењето, сецкаш на ситни коцкички салама, кашкавал, печурки, малку кечап или доматно пире, оригано или сушен магдонос/босилек и полниш. Превкусни се.
    Или пак со фета, ситно насецкани морков, кисели краставички и луто пиперче по желба.
    Има многу рецепти за филот, а секако можеш да си ги полниш со што сакаш и со што мислиш дека би ти биле највкусни. И низ интернетот има премногу рецепти, само куцни на Гугл „солени палачинки“ и ќе најдеш некој кој ќе ти фати око.
     
  16. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    1.179
    Допаѓања:
    3.739
    Јас ги полнам со рендан кашкавал, салама, малку павлака и мајонез. :inlove:
     
  17. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.623
    Допаѓања:
    40.110
    Пол:
    Женски
    Мене ми е доволно само сирење внатре и по мерак да ми се :inlove: :inlove: :inlove:
     
  18. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    3.116
    Допаѓања:
    10.963
    Пол:
    Женски
    Баш денес правев.ги полнам со рендана салама , кашкавал , кечап и оригано, па ги поховам во презла .Кога ке се спржат одозгора им ставам павлака :talk:
     
  19. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    може рецепт за солени палачинки и начин на подготовка ? благодарам
     
  20. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.623
    Допаѓања:
    40.110
    Пол:
    Женски
    Исто како што се прават обичните нели брашно, млеко, вода, зејтин, јајца само се става повеќе сол, а шеќер не или евентуално на врв на лажичката. :)
     
    На Nana19 му/ѝ се допаѓа ова.