Е за палачинки сум експерт! Ги правам на скара (плинска), па испаѓаат поголеми. Потоа ставам еуро крем, па сецкана банана, па шлаг, па прелив од карамела и чоколада и на крај Нескавик. Совршенство.....
... САКАМ! Најмногу ги сакам со крем и сецкани оревчиња. Понекогаш ги јадам со мед, но тужно-благи ми се, не можам повеќе од една. Не сакам банани и шлаг во палачинките , не знам зошто. Мене најубави ми се во Амати, посебно таа со мелена плазма кекс и еурокрем. Ретко правам дома, ми фали една добра тефлонска тава за овој убав десерт
Е денес се најадов палачинки.. ..Прво после ручек со еурокрем и банани одозгора шлаг и прелив чоколаден..А вечерва палачинки со мајонез,кечап,печурки, рендан кашкавал, малку луто пиперче и оригано..свиткани во ролнички и подпечени..И сега сум тапанче.
Секогаш ми ги прави тато и најубави ми се и намачкани со еуро кремче Ахх ми се пријаде сега една палачинка ..
Уфф..ги обожавам.Знам да ги приготвувам,ги правам во перфект пенки тавчето од топ шоп супер излеваат.Ги декорирам со еурокрем,мармалад,мелени ореви....њам њам
баба ми прави најубави палачинки прсте да полижеш.Ајде еве сега и мајка ми го зафаќа тоа место нека го делат.........ммммммммм инаку ги јадам или со мармалад или со крем
Обожавам палачинки...да ме остават мислам дека цел ден ќе јадам палачинки...инаку ги сакам најмногу намачкани со еуро крем без никакви додатоци...освен некое бананче залутано
Сега кога ја видов темава ми се пријаде.. Најголем мерак ми праат со еурокрем, банана, плазма и шлаг.
Сега кога ја видов темава ми се пријаде.. Најголем мерак ми праат со еурокрем, банана, плазма и шлаг. Баш пред некој ден јадев вакви.. превкусни се, и најмерачки! Иначе знам да правам палачинки, и си ги мачкам со Еурокремче
Луѓе бе луѓе полека со сликиве ало не можам да издржам Каква и да е палачинка,добредојдена е. Страв ми е да застанам сама да правам но со асистенција на мама сигурно ќе ги усовршам. Уште да ја наканам да направи,не е многу по правењето палачинки. Додека одевме на факултет со цимерката ќе си купевме готови бидејќи немавме услови да си ги направиме сами,носеа пресни пакувани по 30на имаше внатре....уф уф. Ама не е ако домашна. Мислам дека тоа беше пресудниот момент кога качив некое килце ама добро. Палачинкиииииииииии мњам! Шелеа рецептиве ти се сон,морам да пробам,само да се устручам :geek:
Денес правев палачинки.Ептен ми се усовршени И супер ми излегуваат.Ги мачкам или со мармалад или со кремче Ммммм прсти да излижеш