Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Палачинки

Дискусија во 'Рецепти' започната од maja8, 17 јануари 2010.

  1. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Јас правам најобично тесто за палачинки и кога ќе ја свртам палачинката ставам рендан кашкавал или кашкавал на парченца, оригано и понекогаш кечап. Кога ќе се испржи и од долната страна, ја преклопувам и така ја сервирам или со павлака. Инаку може и салама да се стави или било што сакаш, имам пробано и со сецкани маслинки и е превкусно.

    Можеш и во самото тесто да ставиш кашкавал на коцки, само пази брзо паѓа на дното од садот. Така кога ги пржиш во самата палачинка имаш кашкавал.
     
    На slavica999, dejana2, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. accipiter82

    accipiter82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    21
  3. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Еве ви еден интересен рецепт, го правев за викенд и преубави се палачинките.

    Тиква палачинки

    -250-300гр тиква варена и испасирана
    -10-20гр путер
    -1 јајце
    -1 чаша (од чај голема 250гр) брашно
    -1 чаша млеко
    -1/2 пециво
    -1 мала лаж цимет и малку солче
    -100 гр шеќер (може и кафеав)

    Откако ќе се свари тиквата ја процедувате и ја пасирате со вилушка. Го додавате путерот и мешате да се стопи (тиквата е топла и веднаш се стопува путерот). Во друг сад ги мешате брашното, пециво, шеќерот, цимет и сол. Во тиквата го додавате јајцето и млекото и додека мешате додавате од смесата од брашно.
    Се добива хомогена погуста смеса одошто е онаа за нормални палачинки.
    Се печат во тефлонско тавче и кога ги сипувате во тавче за пржење убаво размачкајте ја смесата со црпалка за да би бидат потенки а не дебели палачинките. Преубави се со мед и ореви.
    Јас користев ваква тиква
    [​IMG]
     
    На gangstergirl, bittersweet, lunicka и 4 други им се допаѓа ова.
  4. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Јас не знам да правам палачинки, но многу ги сакам. Најомилени ми се со банана и нутела. :) Но, и овошните ми се допаѓаат многу. ;)
     
  5. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    правев со крем :) преубави а и лесно и брзо :)
     
    На elence132 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. elence132

    elence132 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    105
    најчесто ги правам со обично нормално тесто за палачинки и само со крем нутела , ммммммммм најубави се :)
     
  7. luvS2

    luvS2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    42
    Баш денес си подготвив, ги јадам најмногу со шекер, такви ми се највкусни, инаку понекогаш правам нутела со бисквити; мед, кикиритки и чоколаден прелив;а солени ги правам со сирење. :)
     
  8. yonce

    yonce Активен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2014
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    13
    Ги сакам палачинките на баба ми! Не, не ги сакам, ги обожавам :wasntme:
    Кога и да се вратам од Скопје ми припремаат посебно за мене :inlove:
     
  9. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сум правела палачинки.Не сум љубител на овој десерт.Имам дегустирано готови палачинки во ресторант.
     
  10. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Знаете што е љубов, ам? :wasntme:

    Кога на некој ќе му ја дадете средината од палачинката, ама јас на никој не ја давам.
    Само може песната да им ја пеам. Таква сум си скржава.. :lol:

    Обожавам палачинки, никој не ја опишува таа љубов.
    Дури ги сонувам.
    Еј еј сакам да имам луциден сон како врнат палачинки, е тоа. 8) :rofl:
    Обожавам и да ги правам, едноставно цутам, среќна сум, лиги ми течат, па кога ги намачкам така со еурокрем, онака страсно... :mm:

    [​IMG]

    И да не се фалам сама, еве ќе кажам дека сите ме фалат дека правам најубави палачинки.
    Така да, повелете. :l:
     
    На lana.del-rey му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Dee

    Dee Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    334
    Дали некој знае како се прават оние протеинските палачинки? Со овес, белки од јајца и не знам што друго имаше :?:
     
  12. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.322
    Допаѓања:
    102.899
    Пол:
    Женски
    Најбрзи благи палачинки на свет, нит брашно сакаат нит ништо, само 2 јаца и банана, испасирана банана, се додаваат јајцата и се пржи смесата како палачинки. Да предупредам не сум пробала ама ќе биде наскоро, па ќе ви кажам, можеби ако не ви е доволно густо може да додадете банана или брашно, ама јас сум за банана :D
     
    На sunfemina му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.932
    Препорачајте ми каде прават најдобри палачинки во градот? (Скопје)
     
  14. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    Штотуку завршив со нивната подготовка :D
    Јадам и солени,со шунка,кашкавал,печурки итн во зависност што ми се наоѓа при рака во моментов,како и благи,направени со крем или мармалад од шипки.
    Вкусен десерт,но подготовката... :(
    Инаку најубави ми се дома направените.
     
  15. aways

    aways Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    660
    Енрико-Лептокарија :angel:
     
    На Marick14 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.013
    Пол:
    Женски
    Лап лап :)
     
    На Marick14 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Jas probav....neuspeshen obid.
    Prvo staviv mnogu zejtin i se zeznav...aj povtorno. |( namaliv ringlata i cekav da se zaladi...

    Isturiv zejtinot i samo premackuvav so salfetka.....isturiv pak od smesata, se zalepi i podgore edvaj ja prevrtiv....cela kujna ja scurev :swear: i nitu eden obid ne bese uspeshen. Toa sho go vadev od tavceto ni oddaleku ne liceshe na palacinka. :lol:
    Sleden pat nema da ima :!:
     
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.322
    Допаѓања:
    102.899
    Пол:
    Женски
    Леле сега мака ми падна :tmi: А ете го рецептот од едно вакво го видов, не е дека сум си го измислила, може треба малку брашненце а?
    [​IMG]
     
  19. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.543
    Допаѓања:
    5.892
    ми треба рецепт за американски палачинки ама стварнод а е добар ;) што го имате пробано
    и тоа како ги "печите-пржите" ...ме настрвивте со сликиве ;)
     
  20. t.i.n.k.e.r.b.e.l.l

    t.i.n.k.e.r.b.e.l.l Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    335

    Одличен рецеп, на одмор се "убивне " од правење и сите соседи ни доаѓаа,
    -Мерката е со една чаша, од 200мл.
    2 чаши брашно,
    1 чаша јогурт
    2 јајца
    1 пакетче прашак за пециво
    1 пакетче ванилин шеќер
    малку шеќер,
    Сето се меша убаво, и кога кога ке се соедини смесата се пржат во загреано масло. Одозгора се посипуваат со шеќер во прави и чоколаден прелив.

    Доколку е ретка смесата може да се додаде малку брашно. Ние ги пуштабне со лажиче, нмавне апаратче.

    Наздравје :)