На групер имаше супер исплатлива понуда ама за жал заврши. http://grouper.mk/skopje/deal/krusel-ap ... palachinki Инаку сите се тука некаде со цените од 1500, нагоре.
Дојдов само да се пофалам дека сите ме фалат дека правам најубави палачинки. И вие ќе ме фалете да ги пробате! Па така да ви кажам вчера направив околу 30 палачинки, и ги снема за 10 минути. Утре ќе правам повторно, неодоливи се. П.С- Кој ќе ме земе за жена, алал да му е!
многу сакам палачинки а ретко праимее домаа хахахах инаку ги јадам со мармалад, со крем и така. Ги сакам и во Бирократ чоколадни со мелени бисквити, крем и банана. Одозгора имаат чоколаден прелив, мелени бисквити и шлаг.
palacinkite se ajvkusnoto bloago pogodotovo koga gi jadam so nutela i banana no mnogu se vkucni i soleni so mlecen kaskaval i so svezi pecurki mmmmm.....
Ги направив овие, и ко за прв пат одлично излегоа. Проблем ми е што немам соодветно тавче за нив, иначе, супер се. За прелив, зедов малку млеко, џем од сливи и малку путер, сетоа тоа заедно на рингла некои 5-6 минути, плус едно лажиче цимет - перфекција. Многу сум си горда на самата себе Бујрум
Сама правев некна и беаа преубави како декорација ставив банани и вишни .. а внатре беа со крем .. и беа преубавии ако имам 14 ипол год знам да правам хохох .. тоа го научив од мајка ми и тоа прв пат правам сама а само 1 пред многу време имам гледано како се прават .. битно научив и од прв пат беа ПЕРФЕКТНИ ! .. исто такаа сакам да ги јадам и со салама внатре ... поздравчеееее
Јас ги правам по оваа рецепта - 3 јајца - 250г брашно - 350 мл млеко - 1 чаша минерална вода - 2 лажички масло Само не ставам минерална, туку обична вода. Излегуваат убави, бели палачинки, обично околу 20. Прво ги матам јајцата, па потоа ги додавам др состојки.
И од кал да се, палачинки да се. Јадам и домашни, и купени, и од надвор, какви даде Господ. Највкусни ми се со крем, а најубава палачинка што сум ја јадела беше од Ла Вита во Илинден, ОГРОМНА, едвај ја изедов (а зависник сум од секакво благо) полна со крем, одозгора вишни, рум, шлаг и 2 топки сладолед од шумско овошје, милина.
Имам прашање за американските палачинки. Колку од смесата треба да ставам во тавата, пример за стандардни палачинки ставам пола лажица (од поголемите) и ја распоредувам низ целата тава. Е сеа овие дека ми изгледаат подебели, да не треба повеќе да ставам, м?
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА КОЛАЧ ОД ПАЛАЧИНКИ * околу 35-40 палачинки * 2 л млеко * пудинга од чоколадо * 2 пудинга од ванила * 20 лажици шеќер * 200гр шлаг крема НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: Испечете ги палачинките. Се прават како и сите останати, тука нмеа филозофија. Намачкајте ги еурокрем. Наредете ги во длабок плех. Во 1л млеко сварете ги двата пудинга од ванила и 10 лажици шеќер. Полиете ги палачинките (веднаш додека е топло). Потоа ставете уште еден ред палачинки. Другиот пудинг од чоколадо сварете го исто и полиете го врз палачинките. Оставете да се олади. Изматете 200гр шлаг и украсете ги палачинките. Спојлер Има такви кои го вкусиле? Изгледа мнооогу вкусно :geek:
Не сум ги пробала, ама толку ме примамијааа има да ја терам мајка ми да направи ауууффф морааа да го пробам оваа
Не не, напротив зошто се помали треба помалку смеса, половина од она што го ставаш за обични палачинки... и тоа нема да ја распоредиш низ целото тавче туку треба да ти остане на едно место, а со оглед на тоа што смесата е густа, нема да се разлее. А подебели се бидејќи нараснуваат од пецивото, не дека се става многу смеса во тавчето...
Еве рецепт од мене за МАШКА ПАЛАЧИНКА,преубава е! Се матат со миксер 4 јајца,сол и шекер во прсти,се додава пола литар кисела вода и на крај 10 големи лажици брашно.Откако ќе се стави брашното се мати многу кратко време 10 секунди отприлика. Се премачкува тавче(оние од рерната на шпорет поголемите) со зејтин и се става во рерна да се загрее(додека да почне да дими).Откога се загрее се сипува смесата во него и се става да се пече.За време на печењето знае да се направи на набори немојте да се плашите.Откако ќе се испече извадете ја полека од тавата,премачкајте ја со крем,распоредете низ неа 2-3ситно сецкани банани и ако имате многу убав вкус дава мелен лешник.Замотајте ја во ролат и исечете го на парчиња(како тркалца).Преубаво е а и не е мачно како обичните палачинки кога мора да дремеш до шпорет 2 сата