Моите палачинки се многу едноставни и лесни за правење (намирниците мора да ги имате по дома секогаш) 24лажици брашно 3-4 лажици масло 1л.кисела вода сол по потреба 3 јајца(но јас само еднаш имам јајца ставено) Сето ова се меша со миксер, и доколку смесата ви е подебела, ќе ставите уште малку кисела вода да се отанчи смесата. Палачинките од првиот ден до денес ми се екстра, ги правиме со крем,банана,мармалад но често ги филуваме со салама и кашкавал па ги поховаме и пржеме во загреано масло. Прекрасни се, а рецептот нема утка! Пробајте...
Конечно ги направив денес, баш овој рецепт. И ми испаднаа ммммммм. Ги комбинирав со јаготки и сируп од јаготки што сама го направив. Инаку се прават многу брзо, за разлика од обичните палачинки кога ќе окапеш на шпоред со саати.
Јас по овој рецепт ги правам: -две јајца -1 мала лажичка шеќер -250мл кисела вода -250мл млеко -пола филџан зејтин -брашно отприлика, додека да си ја добијам смесата, малку погуста ја правам Ако сакаме повеќе, тогаш зголемувам на 300мл
^и јас со тој рецепт ги правам, ама деновиве се мислам да пробам да ги направам американскиве, многу ги фалите хехе Инаку палачинките многу ги сакам со Фета сирење!
Јас правев по твојот рецепт премногу се вкусни е сега вака јас наместо 3 јајца ставив 2 јајца ставив малце сол и малце шеќер и ако ги ставаш истиве мерки 1л кисела вода и 24 лазици брасно е малце погуста и јас ставам иште малце кисела вода и таман испаѓа или пак наместо 24 лажици може да се стави 20 лажици брашно
Јас имам правено и многу се убави. Ги правам нешто слично како пица.Им ставам пушен врат или понекогаш салама,кашкавал,печурки,кечап и малку оригано.Превкусни се.
Па да, погусто е и затоа напоменав дека може да се стави уште малку кисела вода...Инаку се превкусни.
ќе може некој да ми објасни или да ми даде рцепт за амеркиански палачинки сакам да ги пробам и да ги направам ...и дали се поубави од обичните?
Слични на нашите тостерки се и според мене, не, не се поубави од француските, односно тие што ние ги правиме. http://www.femina.mk/%D1%80%D0%B5%D1%86 ... 0%BA%D0%B8
вчера свекрва ми правеше палачинки и бевме на гости, и син ми ги јаде 2-3. И синока му дадов намачкани со сир намаз и малку паштета и јогурт прфкусни се.
Уфф.. колку ги обожавам тоа чудо едно ...еднаш памтам кога ме фати стрв, немав млеко дома и сега нормално кој да купува, нема шанси да одам.. и начекав јогурт дома и си викам ај ништо страшно, исто ќе му дојде.. и бидна тестото, си ги испржив све фино лепо и си почнав да си ги мачкам уште! ..све си ги спремам за ручкање, и си седнувам си викам чек да ги пробам (а вкусно изгледаа), и си ги пробувам јас, кога ми се згади бљак ... и сместа по хитна постапка ги исфрлив у ѓубре, и од тогаш више експериментирање ЈОК! ама стрвла сум а и мрзла, па кога ќе подразмислав морав така.
Брз и лесен рецепт за една голема палачинка: Потребни состојки: -3 јајца -6 лажици брашно -малку маргарин. Се матат јајцата и потоа матејќи се додава и брашното. Рерната се загрева на 200 степени. На плех се ставаат неколку парчиња маргарин. Откако рерната ќе се загрее се намалува на 150 степени, се става плехот во рерна за да се стопи маргаринот. Кога маргаринот ке се стопи, се додава смесата. Се пече 15-тина минути, ке приметите ке има жолтеникава боја и ке се надуе. Се вади од рерна, and that's it
Јас стално правам со пола кило брашно,2 јајца, вода, малце масло,малце маргарин, една лажичка пециво и кога имам ванила ставаам и една кесичка ванилин шекер и преубави сее