често правам палачинки ми се допагаат и благи и солени, благи правам со еурокрем банани пудинг. А за солени ке ви дадам една идеа направете палачинки повеке на број и потоа загрејте ја релната и во тавче редете ги една врз друга со што мегу нив мачкајте по малку масло ги ставате во релна да се подпечат и одкако ке олади се сече.ова за тие што сакаат ѓомлезе а немаат услови да го направат.
Девојки, ајде ако сакате да ве благослови Бог и да си имате среќа, некоја да ми го напише најубавиот рецепт за американските палачинки. Уште еднаш сама не пробувам да ги направам и тоа рецепт кој прв ќе го најдам, синоќа ми омириса цела куќа, ги загорев. Ќумур. Или тука или во ЛП, сеедно.
4 чаши (како за чај) брашно 3 чаши (како за чај) млеко 4 јајца 1 пециво 2 ванилин шеќер 5 (супени) лажици шеќер Тестото треба да е погусто од тесто за палачинки и мој совет е на секоја палачинка да го подмачкаш тавчето со малку путер за да не ти лепат.Превртувај ги кога целата површина на палачинкатa ќе биде како со меурчиња.
Проверен рецепт за палачинки: 2-3 јајца (во зависност од тоа колку планирате да направите) малку сол и шеќер брашно по потреба 1,5л. кисела вода Јајцата со шеќерот и солта се маткаат со жица. Потота почнува да се додава брашно и кисела вода. Финтата е во тоа што тестото на почеток го држите подебело (не турате премногу кисела вода, туку само колку да може да се матка), и на крајот пред да дојдат за печење се става поголема количина кисела вода (не мора да значи дека треба да се стави целото шише). Битно: се матка само со жица, не со миксер. Во тавчето се става од тестото само колку да го облие, не премногу за да не бидат дебели. За жал немам точни мерки за состојкиве, ама секој што правел ќе успее да се снајде, се надевам.. Секој што ги пробал ги пофалил и си побарал репете.. Многу се лесни и вкусни... Ако некој случајно ги проба, очекувам да ме извести како му се погодиле
Во што ги печете овие американските Во тавче или она машинчето што го викам за палачинки... И ако е во тавче колку зејтин се става.. Ни појма имам ни представа имам како би се пржеле,печеле и сл...
Како да се уништуваат? Не разбирам. Никогаш не ми биле утнати, исти се сите од прва до последна (некоја повеќе, некоја помалку печена). Нешто изгледа грешите. Дали доволно го загревате тавчето? Мора да биде многу жешко.
Па можеби тавчето на почетокот, не ни е доволно загреано, а сепак правиме палачинки, па затоа се уништуваат..а потоа кога убаво ќе се затопли тавчето, палачинките се прават поубави.. (барем така мислам...)
Na sekoe stavanje od smesata vo tavce ubavo razmesuvaj ja, deka nekoi od sostojkite pagjaat nadole, zatoa i smesata sto ostanuva na kraj e malku pogusta
Сноу обавезно чекај тавчето убаво да се загрее. за да провериш дали е загреано капни малку од смесата на него, така ќе видиш. И во смесата јас ставам многу малку, капка што се вика, зејтинче. До сега не сум утнала ни една палачинка, а стално правам.
Порано ставав состојки од око, сега земав рецепт од една другарка, преубави се. Еве го рецептот: 4 јајца (стоени на собна температура, не од фрижидер) 2 шолји брашно 2 шолји кисела вода 1 шолја млеко малку масло, шеќер и сол Како што кажаа погоре тавчето мора да биде убаво загреано и јас го намрсувам со салфетка натопена во масло, да нема премногу масло во тавчето.
И солени и благи, палачинки не одбивам, никогаш Сама да ги правам незнам, ама затоа знам да им ставам еурокремче, некогаш мармалад, ааа и знам да направ солени ептен ептен убави Најубавите дома ги имам јадено
Рецептов е супер ама си имам мака, не ми излегуваат убави по форма. Сите се ко Македонија на географска карта Како формата да ми биде убава?