Мене баш обратно, доколку ми е смесата потечна се разлеваат, а ако е погуста добиваат правилна форма. Или ако во тавчето ставиш малце повеќе зејтин наместо маргарин, добиваат безвезна форма... Види испробувај, со тек на време ќе ги усовршиш.
Изгледа зависи и до брашното. Првите неколку пати имав едно брашно, сега купив некое на Жито Лукс и додадов плус брашно бидејќи беше ретко ама изгледа требаше повеќе да додадам. Чекам ново брашно па утре пак ќе пробам. Тавчето го премачкувам со салфетка натопена во зејтин, па не е мрсно.
Ne mi se unistuvaat, mislam deka mnogu zavisi od tavata, kupete ramna tava sto e samo za palacinki, i se zalepuvaat zasto tavata ne e dovolno ugreana! Pocekaj dobro da se zagree tavceto i togas stavaj testo! inaku sovet do site, kolku poveke jajca toa se ubavi palacinkite, doadjaat pozoltenikavi, a koga se stavaat malku jajca na pogolema smesa, togas se nekako zilavi pri zagrizuvanje! Bas mi se prijadoa sega, ke mora da pravam)
Од многу работи зависи, исто и од тавата ( во тефлонска ми излегуваат најдобри ), од типот на брашното, од температурата, од количината на пециво... на почеток знаев да претерам со пециво и ми се распаѓаа, ама пак ќе кажам со пракса и почесто правење, брзо се усовршуваат...
Jas mislam deka e podobro da ne se stava pecivo, oti taka se napiruvaat, a za mene sto potenki toa podobri, probajte prvo bez pecivo 2-3, pa potoa dodadete peciv, i videte kako ke vi bidat dobri! Inaku jas so mleko gi pravam i ok mi se, a majka mi sekogas so kisela voda!
Менди кога си веќе тука и јас да ти го пофалам рецептот. Ми успејаа од прва, превкусни, и убава промена од стандардните палачинки. Мене формата не ми се губи, ставам мала црпалка на центарот од тавчето и чекам да се направат меурчиња, само имам мал проблем кога ги превртувам, малку ми се разлева од смесата па стануваат круг со мало опавче, ама тоа го тргам и нема гајле. Веројатно треба со нешто поголемо да ги превртувам, а јас со две лажици. Инаку ги правам во ќерамичко тавче. Бафи, зошто ставаш извичници место точки на крајот од речениците? Те имам приметено и во другите теми. Знаеш нели дека извичникот на крај на реченицата означува дека се дереш?
Ако ви се разлеваат купете си малечко тавче. Јас имам од пред две недели едно минијатурно, ќе го сликнам ќе ви го покажам, го даваа како подарок со купени две кафињаГранд Арома па се снабдив со две. Едното специјално наменето за америчкиве, кога го видов одма на нив ми текна, а другото за тоа кога пржам само едно јајце
Znam mnogu dobro sto znaci izvicnikot, oti sum prosvetno lice ama go stavam od navika se nadevam ne ti smeta dotolku?! inaku neznam jas da se deram, dobricka sum
Па да ти кажам право- ми смета, и не ми е јасно како може да го ставаш од навика? Кога гледам извичник наместо точка, автоматски ја читам реченицата како некој да вика, не знам како инаку би ја читала? Би те советувала да ја отстраниш таа навика, посебно нека ти биде мотив тоа што кажа дека си просветно лице.
Jas kaj majka ki sum ja probala tavata za palacinki na delimano zakon e, istata ja imam i jas ama se e toa spakuvano bidejki sum vo zaednica so svekrva mi i nejzini sadovi koristam, a nejzinoto tavce e so godini i klasicno
Еве јас како ги правам.Почнувам со 2 јајца, додавам брашно, млеко, кисела вода по потреба, капка масло, сол.. Порано одев по рецепт точно, ама нема потреба. Смесата знаете како треба да изгледа, не премногу густа. На тефлонско тавче мачкам со салфетка масло и никогаш не се лепат или уништуваат дури и ако не е добро загреано. Тогаш само треба да се почека да се испечи добро, да не се превртува на сила.
Ма ни до брашното, ни до тавчето, ни до маслото не е, до МАЈСТОРОТ Е!! Ја превзедов од татко ми рецептата и со години ја усовршував техниката да постигнам резултати како сегашните, кога бубале прави палачинки надалеку се слуша Шала на страна, ама оваа семејна рецепта е од тие мајсторските рецепти каде мерките се 'по осет'. И така ја правам, ставам брашно, додавам малку шеќер, прстофат сол, промешувам, правам дупка на среде и додавам по малку млеко, масло и јајца и мешам, наизменично додавајќи од состојките и пробувам со кутлачата како ќе течи смесата се додека не го добијам тој осет декс е готово, да има соодветна густина и соодветна тежина на падот на излевање. На загреано тавче ставам малку масло и кога ќе се загрее маслото го одтурам и ставам еднс кутлача да се пржи кратко и вртам во вис од другата страна. Редам во кружно плехче и покривам со капак. Смесата постојано ја мешам зошто густото паѓа на дното и по потреба додавам млеко. После се јадат и во блага и во солена варијанта.
Секогаш правам убави палачинки...тавчето не ми игра улога..можам во било кое... Прво матам три јајца со миксер,потоа ставам млеко но топло да знаете, во тоа е финтата..млекото да биде топло и вода во размер половина од млекото..ако е кисела вода не ја топлам ама да небиде од фрижидер, а ко е обична вода и нејзе ја топлам...пециво, зејтин, шекер,ништо од тоа...полека додавате брашно и мешате до посакуваната дебелина...може првата палачинка да се утне но таа ви е показател што треба да додадете, млеко или брашно. Шекер, пециво, сол, сето ова не ставам.
Еднаш пробав палачинка печена во рерна во плех, па потоа ролована со павлака кисели краставики салама, кашкавал, печурки... Сакам да направам но ми треба рецепт и постапката како се прави. Ако знае некој да ми каже.
Ги правам по рецептот од видеово, превкусни се, мене ми се многу повкусни од нашите палачинки. Состојки: - 2 јајца - 2 г. лажици шекер - 1 м. лажичка ванилин шеќер - 250ml јогурт - 50g путер (може и обичен зејтин, пак се супер вкусни) - пола мала лажица прашак за пециво - 1 чаша од 250ml меко брашно Постапката на подготовка ја имаш во видеото.
На мене американските ми се исти на вкус како тостерките, само ете поголеми. Апсолутно ништо не може да ги замени вистинските француски палачинки