Оваа ја правеше мајка ми и ја имам во тефтерот како Џиновска Палачинка. Се загрева рерната на 200 степени и во плехот се става околу 100 гр путер. Се матат три јајца, 300 мл млеко, 9 с.л. брашно, прстофат шеќер и прстофат сол. Кога путерот врие се турива смесата во плехот и се пече 15тина минути.
Еве ги моите амерички палачинки. Во сад ставам 1 шоља брашно, пециво, малку сол и 3 лажици шеќер(кога сакам да бидат чоколадни ставам Nesquick, тие најдоле се затоа толку кафени) и ги мешам состојките. Потоа истурам чаша млеко и 1 матено(со вилушка) јајце. Мешам со лажица и смедста е готова. Палачинките се вртат кога ќе се направат многу меурчиња. На крај искачаат преубави
Прееска ја отворив темата и ти ги видов палачинките и ми се пријадоа ама не бев сигурна колку пециво се става па ги направив по рецептот на Мендилејн од претходните страни и ми испаднаа супер. Од оваа твоја доза колку палачинки искачаат? Да напоменам дека прв пат вечерва лично ги правев америчките палачинки (иако не ги јадев прв пат ), ама луѓе дај кажете вие по толку малку правите? Ете мене од смесата ми искочија 6-7 максимум, скоро сите сам син ми изеде, јас за толку и не седнувам. Не сакав да ја дуплирам дозата оти не бев сигурна како ќе ми испаднат, да не ја утнам смесата , а ете испаднаа совршени.
Цела кесичка истурам, а две дози искачаат колку што има на сликата погоре. Кога ќе ги намачкаш средиш повеќе од 3 неможеш ни да изедеш уствари Еве слика од една доза само (- некоја што сум изела у правење)
сите палачинки ги сакам ..ммм е сеа се настрвив а касно е неможам да јадам ај утре за појадок .. Иначе матењето миењето садови после тоа сето тоа може да биде мачно така да ви препорачувам сета смеса во пластично шише и мешај јас така ги правам после ни кутлач ни садеви за миење каде каде полесно..
Дали некој ги има правено палачинките со банана и јајце, си реков да направам за мали нема шансии да ги свртам се лепат и кашкаат. Како ви успева да ги направите има ли некоја цака?
Во тавче за палачинки се става масло? До сега немам правено во посебно тавче, страв ми е да не му направам проблеми на мајка ми ...
Se mati 1 golemo jajce (ili dve mali), se dodava 1 sholja za chaj mleko i 1 lazhica zejtin i se mati ushte malku. Vo drug sad se stava 1 sholja za chaj brashno, 1 pecivo, 1 vanila, 2 golemi lazhici sheker, maaalku sol. Se promeshuva, a potoa technite sostojki se isturaat vo suvite. Se mati so mikser da se soedini. Ke vidish kakva e gustinata ako e mnogu gusta dodadi mleko, ako e mnogu techna brashno. Ne treba da bide techna smesa kako za obichni palachinki tuku malku pogusta Zagrevash namrseno so salfetka tavche na pojakatemperatura a posle namaluvash na sredna temperatura i isturash na sredina po malku od smesata (nepolnakutlacha) i sami se oformuvaat
Јас не ги сакам американските палачинки. Традиционалниот рецепт ми е најубав. 2 чаши брашно, 2 чаши млеко и 2 јајца. Не многу густа смеса и тенка палачинка. На крај само нутела превиткам и чоколаден прелив.. Мхм, мхм