Палачинки, ги сакам многу а ги сака и ќерка ми, знам две рецепти. Па еве ги, едниот е така што на едно јајце се става 200мл кисела вода, еден помал филџан за кафе (од оние за турско-но немојте од најмалите) масло за јадење,и ставам малку сол, па колку јајца ќе ставиш така се става и другото а брашно по потреба,ако претераш со брашното додај кисела вода. Другиот рецепт е вака: 4 жолчки, 400гр млеко, 4 лажици зејтин, малку цимет, малку сол,се додава брашно како за другите палачинки, 4 белки се матат посебно со ситен шеќер. Кога ќе се стави тестото во тавата врз него со мало лажиче се става од белката на повеќе места и се пржат од едната страна се редат една врз друга со печената страна надоле редиш 4-5 палачинки и озгора ставаш една печена од двете страни. Се става чоколаден прелив.
Срам да ти е бе womaninwhite ! се ставало ли вакви слики тука па сеа на анима и се пријаде палачинки и вакви сакам,ко на сликава кај ги видов кај се зафркнав
Поховани палачинки Палачинките се премачкуваат со кечап, се става рендана салама, рендан кашкавал ( или сецкани на коцки) и сецкани печурки, се виткаат во ролни ( краевите се виткаат внатре за да не испаднат додатоците), се макаат во матено јајце, се пепелават во презла и се пржат во загреано масло. Палачинки со павлака Палачинките се премачкуваат со кечап, се ставаат исецкани или изрендани салама, кашкавал и печурки и се виткаат обично (да бидат долги), па се виткаат во форма на полжав. Полжавите се редат во огноотпорен сад намачкан со масло и одозгора се премачкуваат со павлака и се потпекуваат 10-на минути во рерна ( на не многуу висока температура, не знам точно на колку)
Најдов Само не ми е јасно каков вкус би имале, но ќе ги пробам па ќе знаете и вие Посни палачинки Потребно (за 1 порција) чаша брашно лажичка сол лажичка шеќер Подготовка: Во брашното додајте чаша вода, сол и шеќер и мешајте со миксер додека не се разбијат грутчињата. Ако тестото е густо додајте вода, а ако е преретко малку брашно и продолжете со мешањето. Ако постите без масло, тогаш палачинките печете ги во тефлонска тава или некоја слична во која при печењето без масло палачинките нема да се залепат. Печете додека тестото не пожолти, убаво од двете стреани. Сервирајте со мед и ореви, шеќер или мармалад.
Палачинки 1 л млеко се мати со 4 јајца и 10 црпки брашно.Се става и 1 мала лажичка зејтин.Откако ќе се добие хомогена смеса,во загреано тавче се става една црпка од смесата и се прави палачинка.На крајот се мачкаат со крем,мармалад или џем,по вкус.По избор се става и банана исечкана на мали кругчиња.
Овој е мојот рецепт јас вака си ги правам и убави ми се: 3 јајца се матат потоа се додава две чаши вода, една чаша млеко и се мати потоа брашно, пециво и малку сол.
Ќе може некој да ми каже рецепт за палачинки ама печени во рерна. Откако ќе се испржат и после сакам да ги направам со солен фил, но не ми е јасна постапката за во рерна се виткаат прави или се редат? Ако има некој таков рецепт нека пише.
Еве ти линкчиња од мк сајт за кулинарство http://www.kulinar.mk/recepti/Solena-torta-od-palacinki.html ПОДГОТОВКА: Тесто: од наведените состојки направете тесто (како за стандардни палачинки) и оставете го да отстои 30 минути. Фил: испржените и оладени шампињони измешајте ги со шунката. Измешајте и поврзете ги состојките со кисела павлака. Испржените палачинки полнете ги со филот и наредете во правоаголна тава. Со малку разредена кисела павлака полијте ги наредените палачинки и посипете со рендано сирење. Запечете во рерна загреана на 200 степени, додека не се истопи сирењето а палачинките не добијат залтно жолта боја. http://www.kulinar.mk/recepti/Zapeceni-palacinki.html ПОДГОТОВКА: Палачинките испржете ги на стандарден начин. Измешајте ги урдата и киселата павлака, а шунката ситно исецкајте ја. На чинија за торта ставете една палачинка, па намачкајте со смесата од павлака, наросете сецкана шунка. Редете додека не ги потрошите сите состојки. Оставете во фрижидер до служење. Најдобро е ако палачинките бидат малку подебели. Вака наредената торта се запечува во загреана рерна.
I jas gi obozavam na prviot nacina kako sto go opisa isto gi pravam a ovoj vtoriot so pavlaka go nemam probano ama ke go pravam vkusno izgleda Plus jas i origano dodavam ili kopar dava shmek [mod-kirilica:3snl60mh][/mod-kirilica:3snl60mh]
Крокети од палачинки Се прават 15-16 палачинки (сите знаеме како ). Фил: Се вари и сецка пилешко бело месо, се додава 250 г исецкана шунка, магдонос, црн пипер, сол и 2-3 лажици мајонез. Се полнат (една лажица фил - не премногу, инаку ќе тече), се виткаат како цилиндар (да се затворат двата краја), се валкаат во брашно, па во матено јајце, па во презла и се пржат во врело масло. Солена торта од палачинки Се прават околу 20тина палачинки. Се редат една над друга како кори од торта, при што секоја палачинка се премачкува со смеса од мајонез и павлака (убаво измешани), па се редат цели (тенко сечени) парчиња шунка, парчиња кашкавал (да се покрие палачинката), рендани кисели краставички, малку рендано сирење, а може и маслинки, по желба (јас само за украсување ги користам). Се редат така се додека се потрошат палачинките, а последната се премачкува со павлака и се украсува по желба, како торта.
1 литар млеко Пола литар кисела вода 3-4 јајца 1 кафена лажичка шеќер 1/3 (една третина) лажиче сол 1 супена лажица масло брашно отприлика 600 грама (да се добие смеса како за палачинки)
Си ги сакам и благи и слани и си ги правам. Кога ме фати манија правам нон стоп па се заситам и одмарам така некој месец и потоа пак. Обично во замрзувачот имам по некоја слана палачинка која е испохована и наполнета со фил и кога ми се најават гости само ги испржам и ете ти вкусно јадење.
Ммммммммммм..... Палачинките ми се омилен десерт. Седнување во ресторан и без палачинки нема заминување . Дома знам понекогаш да направам и се што е направено се јаде веднаш . Омилени ми се благите со крем, банана, шлаг, чоколаден прелив...........