Сакам палачинки, солени и благи, но повеќе благи. Правам по дома, но повеќе сакам да си јадам во Амати, најубави ми се таму.
Oбожавам палачинки знам да си направам кога нема нешто благо дома.Најчесто ги јадам со еурокрем,шлаг,банани,џем од јагоди или пак со сладолед,а може и солени ама поретко.Најубави ми се палачинките во тренд,амати,маракана,дал мет фу,палма.
тестото незнам сама да го направам ..мајка ми го прави тестото , а јас ги превртувам во тавчето .. но веќе мислам дека ми се одјадени оти кога бевме на одмор само тоа јадев , си правев дури и за на плажа
Ако за нешто можам слободно да кажам дека сум специјалист, е тоа се палачинките. Со оглед на тоа што ги правам од 6то одделение и срамота би било да не ги усовршам Омилени ми се оние со мелени лешници, нутела и банана мммм
Лел луѓе јас веќе никогаш нема на ги читам темите за храна,па нема смисла само таму ми е паметот кога ке прочитам нешто.Еве веќе ми кркорат цревата.А да те вратам на темата,јадам палачинки,како солени така и благи.Има една изрека татко ми постојано ми ја кажува-За локомо свинче нема лоша помија *помија е храната што им се дава на свињите.
ФБИ, сакаш палачинка battle да правиме? Ептен сакам да ги правам. Палачинките се најдоброто и воедно првото нешто што научив да го готвам уште од многу млади години. Научив од тогаш до сега некои нови и интересни рецепти. Пробајте да ставите на палачинката шеќер во прав и капнете малку лимон, по препорачка на една Французинка - толку едноставно а сепак вкусно! Или вмешајте во тестото парчиња јаболка или пак некое друго овошје
Мојата желба за јадење палачинки е обратнопропорционална со моите способности да ги направам истите. Ама затоа со задоволство се канам на гости кај што има палачинки, или едноставно и досадувам на мајка ми дур не ми направи. Солени не јадам, ама благи...ех, што беља ми направи темава, лиги ми потекоа!
Смесата никогаш не ја правам јас, затоа што незнам да ја направам, но затоа тука сум за да ги превртувам во тавче . Најчесто ги јадам со еурокрем, банани и чоколаден прелив.
Мн ги сакам палачинките....Највеќе сакам да ги јадам со крем, кокос и плазма... најубавите палачинки што сум ги јадела беа минатото лето во црна гора. Беа со банана внатре , крем одозгора со прелив...,ммм ми се пријадува кога поммислувам на нив...хех
уф обожавам палачинки,секогаш му текнува на дечко ми да јадеме,дека не ги прави он инаку чисто сумјам дека ќе ги јаде толку често тестото го правам одоко, не е по рецепт само за благите додавам и несквик во него(мммм).Ги премачкувам со нутела им става мелена плазма и исечкани банани. Од солените ги обожавам само со сиренце во нив или пак внатрешната страна премачкана со мајонез, павлака наполнета со варен стек исецкан на парчиња и печурки. Фантазија од солена палачинка. Еднаш една тетка ми правеше едни чудни палачинки Во претходно зовриена вода со лук и сол ги потопуваше палачинките, онака само колку да го добијат мирисот ги брцнуваше, потоа во тава за печење ги редеше ред палачинки ред сирење и ги потпече. Интересни беа само јас не обожавам лук, тоа ми беше прв пат во животот да јадам нешто со лук.
^^ Има и уште еден рецепт за солени палачинки со лук, но не го знам баш, а го јадев последен пат на слава. Нешто како солена торта од палчинки со ореви и лук. Јас се улетав да пробам, ама каков шок ми беше кога осетив лук, не можам да објаснам. Ми се преврте желудиникот, и тоа најмногу од лукот што го имаше во трипати поголема количина од препорачаното. Дури и сега кога пишувам ми се гади по малку. Рецептот значи, идејата не е лоша. Ама толку лук.....ја расипува палачинката.
Обожавам палачинки.......сами си ги подготвувам....правам само благи а сакам некогаш да си направам солени
Обожавам палачинки особено со нутела и рендани оревчиња внатре. А за да ви бидат полн погодок додека ги подготвувате во тестото внатре на најситно изрендајте малку кора од лимон и од портокал, ммммм така добиваат посебен шмек . Ама немојте да претерате малку изрендајте за да не ви загорчува.
Најубави ми се со крем лешници и кокос,а ги јадам и солени со салама кашкавал кечап и мајонес мммм....мми се пријаде
Немам ништо против солени палачинки, ама не знам некако, од старт јас палачинките си ги гледам како нешто слатко така што за мене благи палачинки ми се фаворит. Со фил од се што е слатко, од овошен микс, до оние со фил од чоколадо ммм
Денес направив 50тина палачинки, со нутела и плазма се изедоа за 2 мин, цело маало ми дојде на врата од миризбата
Ја обожавам таа комбинација, добро, ако се нема плазма, може и обични мелени бисквити, плус мелени ореви, милина. Арно ме потсети, да тркнам до кујната.