ооооооо мајстор сум за палачинки,специјалитет ми се,во секоја можна варјанта(благи,солени,ролнички,преклопени,па дури и од нив приготвувам и пирошки) Инаку рецептот го совладав уште од 5 одд така да махер сум за нив.Повелете феминки кога сакате
Mммм палачинкиииии Еден од моите омилени десерти. Си ги правам често дома, најмногу ги сакам со крем, банана и плазма, а некогаш знам да се "почастам" уште со малку шлаг и сладолед. Мммм сон! Ми се отвори апетит во ниедно време
Ммммхх моето омилено благо јадење, а ги правам и солени само благи поише ми се свиѓаат. Ми се пријаде ама касно е за правење сега, ама сабјале станувам и право на правење палачинки.
Купив тефлонско тавче и првпат во мојот живот дома ќе правам палачинки. Кога работев во пицерија правев таму, ама огромна количина беше тоа не се ни сеќавам колку со колку, плус ги вртевме на палачинкара. Видов погоре еден рецепт од се се става по 400 гр, ќе пробам сега па ќе видам што ќе направам
Јас повеќе сакам солени палачинки. Не дека не јадам и благи со кремче или слатко, но мммм со сиренце нај си ги сакам. По сирењето сум што да правам.
Аааа палачинките се дефинитивно мој специјалитет,нешто што најдобро знам да го направам Инаку повеќе сакам солени,најчесто ги правам со ситно исецкан патлиџан и рендано сирење...ммммм,како би јадела сегаааа
Леле жени, ви ги читам постовите и ќе си цркнам- МИ СЕ ЈАДАТ БРЕ!!!!!!!!!!!!!! Ај кога ќе си дојдам дома веднаш ќе си направам!!Ги обожавам
Јас си направив синока супер излегоа по тој рецепт од се по 400 гр. МММММ вкусно со еурокрем и банана.
палачинките се многу вкусни! Брашно, 2јајца, вода, млеко и тоа е се! Потоа се печат (пржат) во малку, многу малку масло, и потоа се премачкуваат со крем/мармалад и ЈАДЕШ! Готово! Повелете! хеххехе
Ги обожавам, баш за викенд правев и благи и солени. Еве ви и една идеја. Во тестото за палачинки ставете и ситно сецкан или обарен и исцеден спанаќ. Измешајте убаво и пржите. Филот по желба и вакви се многу убави т.н марсовски палачинки
Сега лиги ми течат ради вас Многу сакам палачинки а мајка ми ја мрзело да ги прави, а на татко ми му смрдел цел стан
Мајка ми е мајстор за палачинки и колку и да направи - секогаш се јадат до последна! Ги јадам со еурокрем, мед, мармалад (обично од јагоди или кајсии), а од солените најчесто со рендан кашкавал и малку мајонез. Другарка ми ја заразив со последнава комбинација, иако прво нејќеше ни да проба