За сите на кои што не ви е омилен дел правењето на палачинките туку само јадењето, ви препорачувам во Лисиче, веднаш во зградата десно од Базаро, има палачинки за 5 ден, само сто направени и се превкусни, мислам нормално не се намачкани само тестото, мене тие ми се највкусни и дома си ги мачкам со еурокрем и банани, а мн ги сакам и со кашкавалче и мортадела... мммммм
Баш си викам не сум гладна навечер, супер, и читам за палачинки и ми се пријаде. Јас вака млада, ама махер сум. Ги правам на око, не мерам ништо ама поубави ги правам и од мајка ми
Сакам да прашам...? btw да прашам ... ќе ми идат гости и направив палачинки. имам фил од еурокрем и банани ... ама внука ми има дијабет и не знам за неа со што да ги филувам и дали воопшто смее да јаде палачинки . знае некој да ми помогне и да ми даде идеа со што да филувам за неа?
Има фини палачинки во Бамбини палачинкарата во Аеродром. А што се однесува до правење палачинки дома, кога не секогаш сакаме надвор да јадеме палачинки, знам да правам и повеќе практикувам да ги јадам домашните отколку тие од палачинкарите. Плус имаш дупло повеќе
Палачинки..ммммм... еурокрем, плазма, шлаг пена и чоколаден прелив. Најубави ги прави мајка ми, прсти да излижеш.
Ммммммм најубавото нешто.Ги правам најубави морам да се пофалам Еурокрем,бисквити,оревчиња...мнјам мнјам мнјам Инаку најубави се Аванти..да ти е мерак да јадеш таму xD
Палачинки обожавам , ги правам со јајца , брашно ,вода и малку зејтинче ( а ако имам минерална вода таква употребувам )
А има некој пробано од оние американските палачинки и да не знае како се прават истите? И дали се вкусни како овие нашиве. Незнам, мене се ми се чини дека нашиве се поубави, кај нивните тестото е многу дебело и они им ставаат мед и незнам триста чуда, а мене не ми се допаѓаат баш такви палачинки..
Јас имам направено 2,3 пати убави се,но мене искрено нашите ми се повкусни!Има повеќе рецепти побарајси на Google,не се воопшто комплицирани за правење.Мене ми се убави секакви,битно палачинки да се
^ зш тие некако на леб ми личат? Не сум ги пробала, можеби се убави... ама нашиве се мастерпис! туф како ми се пријаде сега! Си одам од темава!
Да ги јадам да, ама да ги правам не баш, не оди работата! Никогаш тестото не ми испаѓа како што траба !
имав дома палачинки и не знаев со што да ги направам па стопив едно сникерс чоколадо го ставив внатре ставив и банана, бисквити мелени, еурокрем,малку шлаг ,чок.прелив ,и чок.мрвици и излезе WOW
Нашиве се поубави од Америчките....сега не се сеќавам на вкусот, но и тие не беа лоши и плус им ставаат некакви медови, преливи што ти јас знам, како и да е не се лоши....ама нашивееееее ее нашиве се ВРХ