Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Палачинки

Дискусија во 'Рецепти' започната од maja8, 17 јануари 2010.

  1. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    мњааммм лигиии :D
    и благи и солени :D
     
  2. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Еве ви еден искусен експерт за палачинки ! :rofl:

    Да ми повелите на палачинка ,женииии :lol:

    Рецептот го научив од дедо ми ,ме прехрануваше со нив долго време :rofl:

    Бидуваат и со јајце и без него ,задолжително ставам минерална наместо обична вода ,многу се поровки,понекогаш им ставам и соино млеко со вкус на ванила ,леле каков шмек им дава , посебни се !

    Најубави ми се со еурокрем и тоа Таково или Агроплод ,онака крцкави и уште врели (ама желудник ме кине после тоа ,само нејсе ,се во име на добрата палалчинка ) :rofl:
     
  3. spellbound

    spellbound Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2010
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    1.483
    Мајка ми ги прави со 1 шоља кисела вода, 2 мали лажички шекер, пола мала лажичка сол, 1л млеко, 5 јајца и минатиот пат како што ја гледав не мереше за брашно и зејтин, туку така само си стави :^)
    Мене ми се многу вкусни, најчесто ги јадам со еурокрем :)
    Многу ми е убаво тестото за палачинки, си сркнувам по една-две-три лажички :D
     
  4. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.094
    Ја правам 10-12 палачинки од доза; 300 мл млеко, 1 јајце, сол и шеќер, 7 лажици брашно, у мучкалица, за 5 мин. тесто. Таман дури се загрее тавата, превкусни се! И благи и солени, кога год ми е досадно за 20 и кусур минути палачинки имам. :D
     
  5. cool-girl

    cool-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    160
    најчесто ги јадам со еурокрем и банана
     
  6. LadyN

    LadyN Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    124
    Баш вчера правев и мноооогу се вкусни, ги јадам со крем и банана мх мх мх
    Рецепт:
    1л. кисела вода
    3 јајца
    малку сол и шеќер
    брашно ќе видиш спрема смесата... од оваа доза ми испаѓаат околу 30 палачинки, ама се убив од стоење скоро 2 саати, мераци ми е вртењето прав мајстор сум :lol:
     
  7. AzSxDc

    AzSxDc Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    24
    Обожавам палачинки особено со крем банана и прелив до пред некое време незнаев да ја подготвувам кашата но сега веќе се научив и ги правам дома сама :)
     
  8. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Најубавите што сум ги јадела беа овошни а внатре во палачинката имаше сладолед од чоколадо :D мх мх
     
  9. lolita97

    lolita97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    37
    Што ви требаше темава сеа :lol: секакви ги обожавам... но некогаш доволни ми се и со крем или мармалад
     
  10. dancing.queen

    dancing.queen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2010
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.087
    Денес правев со друштвото, направивме 23 палчинки. :party: Ги мачкавме го крем и додававме шлаг и чоколаден прелив.

    Еве ги во тавата, формата не им е баш ама беа многу вкусни.

    [​IMG]

    Вака ги правевме:
    400мл млеко
    400мл кисела вода
    2 јајца
    400гр брашно
    1 филџан зејтин
     
  11. EleonoraGomez

    EleonoraGomez Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    3
    Не сум многу добра во правење палачинки,ама најмногу ги сакам со креееееееееееем <3 :D
     
  12. Sanji4ka21

    Sanji4ka21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    88
    3 јајца се изматат со жица,се додава млеко од половина литар малку повеќе,половина филџан зејтин,се промешува убаво и се додава постепено брашно.Нека се поретки ако се густи ќе бидат дебели.На тавчето се става малку зејтин и се печат на силен оган.Ако сакаш помалку ке ставеш 2 јајца и помалку млеко.
     
  13. male

    male Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    174
    Пол:
    Женски
    уф леле, ме разјадовте...Ништо се фаќам за работа и онака немам што да правам

    Ај ќе се фалам какви испаднале :)
     
  14. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Не знам да направам, но и те како знам ги да јадам. Со крем, внатре банани, одозгора со шлаг и чоколаден прелив. Поубаво нешто, НЕМА.
     
  15. Irreplaceable.xD

    Irreplaceable.xD Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    67
    Кога сама си подготвувам, најубаво ми е да си правам палачинки со многу крем,банани,ореви,шлаг и одозгора чоколаден прелив! ммммм.. :P
     
  16. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Не мора да ставате млеко, и без него се вкусни, а знаеме дека с`г е оскудација нели ;) :lol:

    Значи земате 2 јајца- само тие се по мерка, а останатото е од око, истурате кисела вода и брашно од око и ставате малку шеќер.
    Мешате со клапалка, не знам дали се вика така, знаете она како федер што е и после земате една црпалка - па со неа земате и истурате во садот кај што правите за да ја проверите густината.

    (Тоа ќе го испраксате со тек на време ;) )

    Јас масло не ставам во нив оти еднаш не ми текнуваше рецептот, одамна немав правено и ја прашав комшивката ми рече стави масло леле луѓе како ми се распаѓаа, една палачинка не испадна и од тогаш си работам по овој рецепт.

    Откако ќе ја направите смесата треба да земете една хартиена салвета и малку да ја брцнете во филџан со масло, и со неа да го намрсите тавчето за да не ви се залепи палачинката.

    Потоа ставате со црпалката во тавчето ама внимавате да биде тенко го вртите тавчето за палачинката да добие убава форма.

    Не брзајте да ја одлепите со лажица по краевите или да ја вртите во воздух- таа сама ќе се крене по кратко време и тогаш можете и со рака да ја превртите ;)

    Сетоа ова треба да гледате да го правите кога сте сами, а да ги јадете во друштво, за да има и за вас- бидејќи така сите се врткаат и молат за да завиткаат една- вие стоите 1 саат пред шпорет како будала и на крај за вас има само една палачинка :lol:
     
  17. Chocoholic.girl

    Chocoholic.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    39
    Ахх палачинки, не знам да ги правам, но знам да ги јадам :D хаха
    Мајка ми стално ми ги прави, дека мене со пржењето не ми оди баш. Ги обожавам и морам да научам да ги правам сама, поубаво нешто нема особено со нутела ммм.. мераци! :)
     
  18. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Леле преска какви сум јадела мх мх мх на Јулето рацете да му се позлатат :)
    Палачинкиве одвнатре наполнати со смеса од мелени ореви и шеќер, ставени во сад за печење и одозгора полиени со малку млеко и премачкани со јајце.
    На крај потпечени. Милина.
    Одозгора можете што сакате да им ставите, тоа се подразбира :D
     
  19. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.038
    Мене палачинките специјалност ми се. Ех, бујрум кај мене да видите какви ги правам. Со ореви, мед, шлаг, нутела, солени... Ма какви сакате. Од мала се научив, кога го гледав дедо како ги врти па сакав и јас. :)
    Морам да си кажам, никогаш нема да ја прежалам мојата прекрасна посебна тава за палачинки. После неа купував нови но не, не оди. Абе само стави ја палаќинката и ке се испече, ни да се залепи, ништо. И на крај мајка ми најде јајце да пржи во неа и ми ја испогреба со вилушката. ;(
     
  20. Freak.of.nature

    Freak.of.nature Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2011
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    30
    Со крем !!!!!!! :inlove: :inlove: :inlove: :inlove: :inlove: :inlove: :inlove: