внатре со крем, банана, одозгора со шлаг прелив, и оревчиња мммм А многу ја сакам и онаа џиновска палачинка со мармалад
Њамии, палачинки .... Обожавам да јадам, било да се солени или благи. Ама овие благите повеќе ми лежат на срце . Инаку знам да ги подготвувам, не е толку тешко. Најомилена ми е со банана, еурокрем и одозгора со шлаг и чоколаден прелив
Уффф не да сакам да јадам палачинки, туку ги обожавам , солени со мајонез, кашкавал и салама мх мх , или благи со Нутела и сецкани ореви/лешници или дробени бисквите и банана, мх мх мх... Јас сама си ги правам и еве го рецептот 3 јајца, или 2 зависи колку палачинки сакаш, од 3 јајца излегуваа 30тина од 2-20тина кисела вода од око ставам, но негде отприлика е чаша ипол млеко исто колку кисела вода И се додава брашно додека смесата не ја добие потребната густина, значи ни густо ниту ретко неколку капки зејтин, неколку зрнца сол и шеќер и пржење Се пржат во тава на која претходно се става малку зејтин, или пак со салфетка се размачкува...Сипаш една кутлачка во тавчето и полека со кружни движења ја разнесуваш сместа нз истото, за да палчинката добие убава форма. Враќаш на шпорет и чекаш малце за да се запржи, самата ќе се оддели од тавчето и дали во воздух или со рака ги вртиш. Кога ќе завршиш и ќе ја потрошиш смесата, се префрлаш на мачкање, мачкај-јади и то је то... Кој сака палачики нека ми повели на гости .
Инаку девојки, совет од a chef - колку повеќе јајца, толку е потврдо тестото, сосема е доволно едно јајце Инаку јас не ги правам со кисела вода, сакам млечни палачинки - јас си ги правам по француски рецепт, со кисела вода не можам да ги замислам. Евентуално ставам една шоља максимум и тоа е се, основата ми е млеко. За што поубаво тесто, се додава една мала шоља стопен путер.
Обожавам палачинки уште од малечка... А и ден денес ми се омилен десерт. Најмногу ги јадам со мармалад Инаку ги правам со млеко, најубави ми се такви
Мммм обожавам палачинки. Често и ги правам. Најмногу ги сакам со мед и оревчиња. А последен пат ги јадев со крем, банана и мелени бисквити. Ми ги подготви една многу драга личност и затоа ми беа најубави до сега Инаку кога го приготвувам тестото ставам едно јајце, брашно и вода нормално, млеко и кисела вода ако имам, а ако не поминува и без тоа. Мал проблем имам со солот и шеќерот. Или ги пресолувам или се преблаги. Како и да е, мене ми се убави.
Ете пирамидка кажала, ама ќе се повторам. Помалку јајца, помеко тесто. И јас сакам кога ми се повеќе на млеко палачинките и ретко ставам минерална вода. Имам една мерка од која излегуваат од прилика 10 палачинки, што е сосема доволно за двајца. Зависи од тавчето најмногу, а со моево ми излегуваат 9, таман за мене и дечко ми. 7 лажици брашно шолја ипол млеко (250мл+125мл) 1 јајце малку зејтин или лажичка путер пола шолја вода малку сол Немам утка со рецептов, барем не до сега. Палачинките излегуваат тенки, меки и млечни. Совршени се!
Ги обожавам.Можам тони да изедам.Инаку тестото е тоа што го има во погорните коментари,само јас го оставам да отстои околу 10 часа во ладилник,и потоа нема шанси палачинката да ти се залепи за тава.Само што ја ставам смесата во тава, за 10 секунди ете ти палачинка.Најдобро ми излегуваат така,кога е отстојана смесата. Инаку омилена комбинација Nutella + банана + сецкани лешници. Најдобра палачинка имам јадено во Попак,Казабланка..
Јас во долгото искуство на неуспешни палачинки (или што би рекол внук ми лапачинки) научив дека не е толку битно, млеко, јајца, кисела вода- Тавчето е најбитно. Со истава рецепта со претходното тавче ми се лепеа, а сега сум махееер! Рецепт од мама - 27 лажици брашно, 900мл вода, 2/3 јајца. Поедноставно здравје! Милина и за правење и за јадење.
Можам да се пофалам дека за палаќинки сум експерт еве го мојот рецепт за тестото: -3 јајца -3 лажици шеќер -3 лажици масло -1 чаша млеко -1 чаша вода -250 гр. брашно Ги филуваш како сакаш мене ми се омилени со еурокрем и банани.
Гледам, дека сите сте огромни обожаватели на палачинки, и јас сум, ама нема шанси со дечко ми, да може само тоа ќе јаде, па затоа сакам за роденден да му купам, машина/плотна за печење палачинки, е сега, сакам да ве прашам дали некоја од вас псоедува вакво чудо и ако да од кај го купила, колку? Фала однапред
за смесата каква и да е нема утка, ќе додадеш млеко ако е прегусто или брашно ако е претечно... (иначе мене ми е најубава смесата која ја мешам со миксер, не со жица) мислам дека најбитно е тавчето и огнот на кој се прави... само што ми се многу досадни за правење и потоа целата кујна и самата јас мирисаме цели на палачинки
Еј, ја видов темава и ми се пријаде. Ај заминав да правам. Кога ќе бидат готови, ќе ги сликам и ќе ги ставам тука.
На тефлонско тавче се пржат. Ги има насекаде тие тавчиња-тигањ. А може и на тостер, малку се подебелки ама супер декоративни - рецкави, а др. машина за печење јас незнам за палачинки
Не верувам на зборови, само на дела...така да...фрлете по некоја палачинка да се уверам дека ве бидува А да...по можност да е со крем
Се слагам со коментаров над мене. Би било во ред да имам прилика да се облажам... Ептен сум лигушка за палачинки. Во Палма ќе се направам гуде некој ден.